• Latest
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕВРОПА

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026 12:03
in ВЕСТИ, ЕВРОПА, ТОП 5
Италија, 16 октомври 2026

Италија, 16 октомври 2026

Share on FacebookShare on Twitter

Pастечкото незадоволство од високите трошоци за живот, недостапното домување, состојбата во образованието и слабеењето на јавните услуги предизвика нов бран на протести ширум Европа.

Во Португалија, во центарот на вниманието е кризата со домувањето; во Италија, протестот против растечките трошоци за живот заврши со судири; во Франција, незадоволството од условите во училиштата се прошири во пошироки демонстрации против нееднаквоста и состојбата на јавните услуги. Во Шпанија во септември се протестираше за пониски кирии, прекин на присилните иселувања и забрана за купување недвижнини од страна на инвестициски фондови. Во Албанија сè уште траат протестите против премиерот Еди Рама. 

Лисабон: Домувањето станува прашање на социјална сигурност

Во португалската престолнина, стотици демонстранти поставија шатори на плоштадот Росио, барајќи конкретни мерки за справување со кризата со домувањето и растечките трошоци за живот. На протестот му претходеше марш на кој учествувале илјадници луѓе низ земјата.

Демонстрантите предупредуваат дека високите цени на становите и кириите сè повеќе ги исклучуваат младите и домаќинствата со просечни примања од пристојно домување. Во центарот на нивните барања се и подобри плати, пензии и јавни услуги.

Според податоците наведени во извештајот на „Гардијан“, цените на становите во Португалија пораснале за 124 проценти во периодот од 2015 до 2024 година — приближно двојно побрзо од просекот во Европската Унија.

Милано: Протестот против скапотијата заврши со судири

Во Милано, протестот против растечките трошоци за живот започна мирно, но подоцна прерасна во насилни судири меѓу дел од демонстрантите и полицијата. Според извештаите на медиумите, маскирани лица фрлале камења и други предмети кон полицијата, палеле барикади и оштетувале имот во централното градско подрачје.

Полицијата употребила водени топови и солзавец за да ги растера насобраните при што биле повредени најмалку двајца полициски службеници, а околу 50 демонстранти биле приведени во текот на настаните во саботата. Подоцнежните судири во неделата доведоа до нови интервенции на полицијата.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го осуди насилството, нагласувајќи дека правото на протест не подразбира право на уништување на градот. Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, исто така направи разлика меѓу причините за незадоволството и насилството врз полицијата и оштетувањето на јавниот простор.

Франција: Незадоволството од образованието се претвора во поширок социјален протест

Во Франција, протестите започнаа со незадоволство од условите во училиштата, отсуството на наставници, лошата инфраструктура и проблемите со пристапот до високото образование, но се проширија во поширок протест против нееднаквоста, недоволните јавни инвестиции и падот на квалитетот на јавните услуги.

Во текот на викендот имало судири со полицијата, пожари и оштетување објекти и продавници. Бројот на приведени се зголемувал како што се проширувале немирите, а властите се соочиле со критики за начинот на кој се справуваат со демонстрациите.

Албанија: Студентското незадоволство доби политичка димензија

Во Албанија, протестите се одвиваат во поинаков политички контекст. Демонстрантите изразуваат незадоволство од условите на универзитетите, високите трошоци за образование, недостигот од перспективи и работни места, а бараат и оставка од премиерот Еди Рама.

Протестите беа дополнително поттикнати од контроверзии околу развој на туристички проект поврзан со семејството на американскиот претседател Доналд Трамп. За време на демонстрациите имаше судири, употреба на пиротехнички средства и молотови коктели, како и пожари и оштетувања на објекти.

На 17 октомври на социјалните мрежи и во албанските медиуми се појавија снимки од груби полициски интервенции, приведувања и употреба на сила врз млади демонстранти. Албанските медиуми известуваат за инциденти во кои полицајци удирале млади лица, вклучително и при приведување. Особена загриженост предизвикуваат обвинувањата за насилство врз малолетници.

Делегацијата на ЕУ во Албанија побара приоритетно да се истражат обвинувањата за прекумерна полициска сила против демонстрантите и новинарите.

Реагирајќи на информациите и снимките од полициските интервенции, ЦИВИЛ – Центар за слобода, преку својата официјална страница на Фејсбук, објави директна порака до премиерот Еди Рама: Господине Еди Рама, демократијата не се брани со тепање демонстранти! Таа се брани со владеење на правото, отчетност и почитување на човековото достоинство.

Премиерот Еди Тама, денеска на Фејсбук напиша дека протестите се право, додека насилството е злосторство, а граѓаните да бидат трпеливи и да не подлегнуваат на притисокот од медиумските манипулатори и оние што само ги одразуваат туѓите ставови.

„Јас и владејачкото мнозинство сме подготвени за дијалог со секого, освен со насилниците и со политичките партии што не се оградуваат од насилството. Секаде. Во секое време. Без никакви услови“, напиша Рама.

 

Од Лисабон и Милано до Париз и Тирана, различни социјални и политички причини го полнат јавниот простор со незадоволство. Главниот тест за европските влади нема да биде само воспоставувањето ред на улиците, туку и нивната способност да одговорат на причините поради кои граѓаните протестираат.

Подготви: Б. Јордановска


ЦИВИЛ МЕДИА


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ