• Latest
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Истрага како сирење

(за замената на тезите – шија ми га Ѓуро)

October 18, 2026 08:15
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Оливер Андонов

Не мислев да пишувам за случајот „Ива Михаилова“, но очигледно дека неделава која измина и тоа токму започнувајќи од 11-ти Октомври, за Македонија започна со Михаилова, и во неа „нормално“ се вклучи и професор, доктор, премиер Мицкоски кој покрај ветувањето дека Михаилова и нејзиниот татко ќе одговараат кога-тогаш, како тој да е судија и обвинител, ја повика и да ја докаже својата невиност. Ами очигледно дека Мицкоски ова намерно го направи, само да ѝ наштети повеќе на Македонија пред меѓународната јавност и да ни ја наслика државата и нацијата како не демократски со очигледно срушена судска власт и авторитетна и неспособна влада. Но заборави, дека самиот тој е на чело на секоја власт во Македонија. Кога вакви ветувања и недемократски тврдења доаѓаат од професор, доктор и премиер Мицкоски, нема друг нормален и логичен заклучок дека нешто длабоко не е в ред со самиот Мицкоски. Токму затоа не сакам да навлегувам во прашањето дали личноста е виновна за сторено кривично дело определено како „загрозување на безбедноста на сообраќајот на патиштата со смртни последици“, едноставно, тоа не е основното прашање во колумната која е пред вас – на тоа одговори професор, доктор, премиер Мицкоски – ВИНОВНА Е, доколку не докаже спротивно ќе си лежи кога-тогаш, крај, според Мицкоски. Не е прашањето ниту дефиницијата на Тошковски (шија ми га Ѓуро), дека граничната линија на Македонија е „сирење“, таа изјава има друга – политичка цел. Шија ми га Ѓуро, с’с конци од сирење.

Сериозно прашање е: „Зошто повеќе од една година трае и не завршува судењето на обвинетата Михаилова“?

Логично би било судскиот процес да завршеше во разумен период од неколку (не повеќе од шест) месеци, а потоа истата да беше упатена на лекување во здравствена установа во Македонија обезбедена од страна на затворската полиција и под лекарски надзор на лекарска екипа од Бугарија како израз на добрососедско разбирање. Или ослободена од вина, или пак да ѝ биде извршувањето на санкцијата прекинато поради здравствени причини – не би била ниту прва, ниту последна.

Тоа што министерот Панче (шија ми га Ѓуро) се обиде да го конструира е посериозното прашање. Таа конструкција е дека за бегството на Михаилова е виновна Бугарија која ѝ пружила заштита. Ова е теза која има политичко-безбедносна димензија, посебно „барањето“ за екстрадиција на Михаилова кое нема да се реализира и уште повеќе ќе отвори простор за тензии. А смеат ли Панче и шефот му да кажат дека за бегството на некои други, на пример Даравелски, е виновна Србија или за Груби дека е виновна Албанија или Косово?

Како всушност стојат реално работите? Државите се должни да ги штитат своите државјани, без разлика какви се тие и какво кривично дело и да сториле во трета држава. Ова со трета држава, намерно го напишав и се однесува на Македонија во однос на Бугарија, бидејќи други држави се земјите членки на ЕУ, а сите останати се трети земји во однос на ЕУ.

Како државјанин на Бугарија, сосема е логично Михаилова да биде правно заштитена од  бугарската држава и да не биде никогаш екстрадирана во Македонија. Да се потсетиме и на зборовите на Кисинџер кој јасно вели: „Тој можеби е кучкин син, но тој е наш кучкин син“? Низ оваа реченица Кисинџер сѐ ни кажува. Без разлика колку голем криминалец (или колкав човечки смет е ликот) да е и какво и кривично дело да сторил, државата е должна да го заштити својот државјанин, а врз основ на меѓународни договори самата таа да води судска постапка против свој државјанин за сторено кривично дело во друга држава. Тоа може да го направи во соработка со обвинителството од државата каде што е сторено кривичното дело. Како што сме со кратка национална памет, веројатно заборавивме како заврши норвешкиот офицер кој предизвика тешка сообраќајна незгода возејќи во спротивен правец на автопатот Скопје – Велес во која загинаа три лица.

Оттука, конструкцијата на јавна сцена направена од Панче (шија му га Ѓура), а продолжена од повеќе актери од Македонија, но и од Бугарија, е само простачко играње со чувствата на македонските граѓани, посебно на Македонците во однос на Бугарија. Вината  (неспособноста) е кај нашите – македонски служби и судско-обвинителски органи. Несомнено дека во овој контекст другата страна, Бугарија, или поточно Јотова, го користи овој случај на Михаилова токму на ист начин како и Панче во име на владата на Мицкоски. Јотова сега се претставува како патриот пред бугарските граѓани, посебно пред Бугарите, наметнувајќи им теза дека ете таа – Јотова, ги брани Бугарите на секој можен начин од лошите Македонци, а тоа е многу патриотски и треба да ја гласаат.

Во оваа истрага како сирење (но не е моцарела), а посебно во препукувањата на социјалните мрежи, никој не се запраша како се чувствуваат лицата настрадани во сообраќајната незгода, а посебно семејството на загинатиот Дурмиши. Дури никој не се запраша и за тоа какви последици и трауми ќе носи лично самата Ива Михаилова за целиот свој живот, посебно доколку е виновна, што самата таа најдобро си знае. Тоа што не го запознала, а и ние не го знаеме, е дали Михаилова има изградена совест пред која ќе стои цел живот?

Сега ќе гледаме истрага како швајцарско сирење со квалитет на урда, исто како истрагата и со марихуаната во Србија која помина на граничен премин. Ќе се коментира, ќе се мајтапат граѓаните на социјални мрежи и за неколку дена се ќе заврши до следната ваква државна будалаштина и истрага шуплива како сирење, и сѐ така во недоглед. Ова е буквално обесмислување на македонската државност до апсурд. Можеби апсурдот ќе биде на крајот и полезен, ни за тоа ќе зборуваме друг пат.

Но токму во замената на тезите лежи главната измама. Всушност, не се работи само за измама, бидејќи сметам дека „бегството“ на Ива Михаилова и не е токму тоа. Мислам дека се работи за договорена работа со полза и за двете страни (при тоа не мислам на Македонија и Бугарија). Политичко-патриотската полза е видлива, повторно Мицкоски му нафрли патриотска топка на Радев во ликот на Михаилова, а за мене видливо договорена, наметната, изиграна, испланирана преку Москва.

Од една страна, македонските граѓани (оние со послаба интелигенција) ќе се озлобуваат на Бугарија, и тоа долгорочно, затоа што Бугарија нема да сака да ја екстрадира Михаилова (а секако дека нема да ја екстрадира бидејќи тоа е спротивно на уставот на Бугарија), а од страна кај бугарските граѓани, (повторно оние со ограничена интелигенција) Јотова и Радев неосновано ќе бидат доживувани како патриоти. Впрочем, овде беше јасна завршницата откако сѐ започна со расказите дека на Михаилова не ѝ се дозволува лекување затоа што е Бугарка од Македонија, па сѐ до замена на тезите кои сега ги користи токму пропагандата на Мицкоски, а лансирани од Радев-Јотова, дека ѝ се суди затоа што е Бугарка, а не поради сторено кривично дело.

Најмизерно е тоа што во овој контекст на конструкции и тези, Бугарија се претставува како земја членка на ЕУ која е засолниште за криминалци од Македонија. Веројатно дека и Бугарија е како швајцарско сирење (многу сирења излегоа, уште и бате Геро од Москва да излезе, како во народната песна) во однос на криминалот, а ние во тој аспект сме цврсти или монолитни што би рекол Мицкоски. А ова тврдење не е насочено кон Бугарија. Си ги знаеме ние Бугарите како што и тие нѐ знаат нас, а и сите самите себе си се познаваме, така што нема потреба да се опишуваме и сликаме меѓусебно. Тоа дека АНБ имала сознанија за планирано бегство на Михаилова, а самата или некој друг надлежен орган ништо не презел, сигурно е исто така вина на ЕУ преку Бугарија.

ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Поентата е да се прикаже ЕУ како друштво во распад, друштво на држави кои прибираат и заштитуваат криминалци, како сојуз без перспектива и со нарушени вредности. Па сега, драги мои сонародници Македонци, драги мој сограѓани, припадници на македонската нација и драги мои браќа и братучеди Бугари, слободно влезете во оваа сирење кое треба да стане урда за руска пита, добро зачинета и потпечена во Москва.

Ете ја идејата и целта на Москва, а овие нашите се само прости извршители на кој некој друг им ја смислил играта и ја избрал Ива Михаилова како инструмент.

Тука се поставува уште едно завршно и клучно прашање: „Каква е улогата на ДАНС (Државна агенција национална сигурност од Бугарија) и АНБ (Агенција за национална безбедност) во овој случај со Ива Михаилова, како и во останатите досегашни случаи“? Сега ние да се запрашаме што ни се случува и дали нешто работат нашите безбедносни служби, колку се поврзани со српските, бугарските, а посебно со руските безбедносни служби, односно колку работат за туѓи интереси. Иако во однос на Бугарија како наш сојузник во НАТО имаме меѓусебна забрана службите да работат една против друга, но Балкан е ова и не ни се виновни ЕУ и НАТО за тоа.

Јас имам и уште едно прашање: „Дали некој од врвот на ВМРО-ДПМНЕ не е замешан во целата оваа случка, која нанесува директна политичка штета на Тошкоски во контекст на внатрешната видлива пресметка во партијата“?

Многу прашања, но тешко дека ќе дојдеме до одговори, посебно јасни одговори, но затоа тешко ќе биде да биде сѐ нормално. Односно ќе биде шија ми га Ѓура за Панче. Затоа што и во Бугарија во овој период тешко ќе се добијат нормални одговори – таму е сѐ ненормално, а тоа се виде низ „средбата“ на Радев со Митрофанова и логиката на Москва.

Да беше сѐ нормално, истрагата за сообраќајната незгода со смртни последици ќе завршеше за еден месец, а досега судските пресуди ќе беа одамна правосилни и Михаилова ќе беше во друг режим на третман, така што немаше да се остави место за манипулации и нејзино користење како инструмент за други игри и создавање перцепции. Нешто слично како случајот со Спаска Митрева или со Пендиков кои се употребија во даден момент по истиот рецепт, камен од кој ние се удираме по трет или кој знае кој пат. И кој е сега тука будала, или се прави на будала?

Да беше сѐ нормално, Јотова немаше да размислува за Михаилова како за македонска Бугарка и можност за покажување патриотизам во ек на избори. Во овој миг ќе размислуваше за руските напади со дронови во Црното море. Напади кои се сѐ поблиску до брегот на Бугарија и од 70 милји од пред една недела се приближи на 14 милји (тоа е две милји до територијалните води на Бугарија) каде што беа нападнати уште два трговски брода и повторно со загинати морнари.

Да беше сѐ нормално, Радев и Мицкоски ќе разговараа за заканата од Русија во Црното море, посебно по последните напади на границата на романските територијални води, бидејќи Македонија е стратешка длабочина на НАТО во Црноморскиот регион и сојузник со Бугарија и Романија, а не непријател како што низ овие тези се создава перцепција во јавноста.

Да беше нормално, Мицкоски ќе разговараше со Радев во врска со нападите од страна на „непознат сторител“ врз антените на СТАР Линк во околината на Софија, токму како непосредна хибридна војна од страна на Русија. Јотова пак немаше да се фали со операцијата за „спасување“ на Ива Михаилова, туку со откривање на извршителите на нападот врз антените на СТАР Линк, а искуството ќе го поделеше со Силјановска. Ама да беше – како што не беше.

Да беше сѐ нормално, Македонците и Бугарите немаше да се гледаат како врагови и на секој начин да се уриваат мостовите на соработка и блискост.

Да беше сѐ нормално, Панче (шија ми га Ѓура) немаше да зборува глупости за зелена граница со Бугарија и сирењето, поради што јасно знам дека ќе настрадаат непотребно полицајците од граничната полиција и ќе ги акаат луѓето по ридовите, туку ќе зборуваше за судскиот процес и современата контрола на лица кои имаат мерки на претпазливост.

Е ама да беше. А не е. Затоа ќе зборуваме за истрага како сирење, ќе се обидеме да внесуваме дополнителна омраза и да користиме медиуми за простачки ПР и квази патриотизам, па ако помине – помине, уште еден политички плус во пресрет на избори и уште еден излажан гласач.

Сепак, верувајте, истрагата нема да се заврши, нема да слушнеме ништо повеќе за Ива Михаилова, сѐ додека повторно не затреба за подигање на тензиите и страстите (кај не интелигентните луѓе), исто како што досега не слушнавме ништо за татко и, за кого сега дознавме дека бил осуден во „Детонатор“. Слушна ли некој нешто за Пендиков, откако беше една недела топ тема за тоа како се малтретираат Бугарите во Македонија? Дали некој се сеќава на заедничката слика со УМС на Мицкоски на која беше Пендиков, кога сега, види чудо, на истата слика е и Михаилова. Што тоа му се случи на Мицкоски со неговите од УМС – бугарски државјани (македонски Бугари), или со него самиот и неговите политички ставови кои всушност и не ги знаеме? Очигледно професор, доктор, премиер Мицкоски нема проблем кога бугарски државјани се негови роднини и министри, но за сите други има таков проблем.

Токму самиот Мицкоски креира создавање перцепција за криминално семејство, засолнето во криминална држава Бугарија, членка на криминалната и без вредности Европска унија. Комплетна слика нацртана во Москва, а презентирана од професор, доктор ем премиер Мицкоски. Убава, по прирачник руска хибридна војна во полн ек на Балканот. Радев и Јотова си ја вршат работата и си глумат патриоти, а овде кај нас Мицкоски и Силјановска го прават истото и исто така глумат патриоти. Сите глумат, затоа што се евтини петтокласни актери во простачката – хибридна руска драмолетка во режија на другарот Путин. Дури Панче се обидува да глуми, ама – шија му га Ѓура, како ми изгледа Мицкоски му го соши, тесно де, ама ќе си го носи.

Следниот чекор кој треба да го очекуваме е барање за диктатура во Македонија и затворање на границата кон Бугарија (а по потреба и кон Грција, и тие се членка на ЕУ) по можност со ѕид, мек појас и жичани пречки со струја купена од професор, доктор, премиер Мицкоски. Пиле да не може да прелета, а не пак некоја си Ива да избега, по примерот на нејзиниот татко во злобната и не-вредносна ЕУ. Добро би било да се самооградиме и да си живееме во нашиот мал и убав свет, самодоволни себеси. Ова е веќе втор пат како од владата на Мицкоски ни најавуваат една ваква можност.

Во меѓувреме професор, доктор, премиер Мицкоски ќе нѐ забавува дека ќе се жали кај НАТО против Бугарија. Тамам е, тоа и се очекува според руското хибридно сценарио за кое ви кажав погоре. Секој си ја игра ролјата која чичко им Путин, оној сатрапот од Кремљ му ја доверил секому од нив (на Мицкоски и Радев, на Јотова и Силјановска – која е м’к м’кавица во случајот, таква и е улогата), а сега треба да ја подигнат тензијата и тоа да помине во НАТО. Токму во ек на руските напади во Црно море, хибридните напади низ Европа и пожарите на СТАР Линк антените, сега е време да се отвори кавга во НАТО и тоа помеѓу две сојузнички земји во Јужното крило. Бравос бе, професор, доктор ем премиер Мицкоски и руски авијатичару, претседателе екс ем премиере Руменчо, одлични марионетки сте, но нема да го фатите на јадицата НАТО.

Интересно дури и за истрага како сирење. Ова ми личи на поплочување на патот (со руски плочки) за што подалеку оддалечување од ЕУ, но и од НАТО, и во диктатура на една нефункционална држава наречена Северна Македонија (никогаш Северна) – само сирењето ми ја мати работата – шија му га Ѓура.

 


Проф. д-р Оливер Андонов е професор на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ