• Latest

Цвет од мигдал

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Цвет од мигдал

October 18, 2026 09:08
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Богданчо Гогов

Естетиката е гранка од филозофијата која се занимава со уметноста, убавината, сетилното перципирање и вреднувањето на уметничките дела. Според Дигиталниот речник на македонскиот јазик, таа претставува наука за убавото во природата и во уметноста, а во секојдневниот говор означува нешто допадливо и хармонично за сетилата.

Во едно патување во Амстердам, го посетив Музејот на Ван Гог, и душата си ја наполнив со убавина. По неколкучасовно движење од слика до слика, седнав на едно столче да се одморам и кога по седнувањето ја подигнав главата , очите ми застанаа на сликата „Цвет од мигдал“ (amygdalum) и така останаа. Ретко ми се случува кога гледам во некое ликовно дело, да имам чувство дека сум во неговиот просто/време. Оваа слика беше една од тие.

Како и да е, моето доживување е индивидуално, а друго е на ликовните критичари, сопственици на престижни ликовни галерии и колекционери на ликовни уметнички дела.

Во 1961 година италијанскиот концептуален уметник Пјеро Манцони спакувал по 30 грама од сопствениот измет во 90 нумерирани и потпишани конзерви. На секоја од нив има етикета на четири јазици (италијански, англиски, француски и германски) каде пишува: „Измет на уметникот. Нето содржина 30 грама. Свежо конзервиран, произведен, кој е спакуван во мај 1961 година“. Ова е едно од најпознатите дела на радикалната и концептуалната уметност и претставува силна сатира и критика на капитализам и пазарот на уметност. Манцони сакал да докаже дека во буржоаскиот свет на уметноста, богатите колекционери ќе купат буквално сè, дури и измет, само доколку на него стои потпис на познат уметник. Манцони ги продавал конзервите по цена која соодветствувала на тогашната вредност на златото за истата тежина (околу 37 долари по конзерва во 1961). Со тоа сакал симболично да покаже како уметникот има моќ „да го претвори изметот во злато“. Овие конзерви во неолиберализмот се сметаат за ремек-дела на авангардата и се изложени во престижни музеи како Tate во Лондон и MoMA во Њујорк. Нивната вредност на аукциите со текот на годините вртоглаво порасна: во 2016 година, една од овие конзерви беше продадена на аукција во Милано за неверојатни 275.000 евра. Нормално, ова не е единствено уметничко дело од овој правец. Италијанскиот уметник Маурицио Кателан со леплива трака залепи обична банана, купена од локален маркет, и ја изложил во престижната галерија Art Basel во Мајами. Кателан го тестирал пазарот на уметноста: делото 2019 година го продаде за 120.000 долари. Купувачот не ја купил бананата, туку сертификатот за автентичност кој му дава право да залепи каква било банана на ѕид и да каже дека е дело на Кателан.

ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Инаку, изметот е многу важен во медициската дијагноза за здравјето на секој човек, но нели тоа не е уметност, туку една непријатна ситуација за секој човек кој не припаѓа на светото Мрачното тројство во психологијата: макијавелист, нарцис и психопат. Според мене, ова тројство е присутно во психологијата на личноста на денешните милијардери и диктатори. Впрочем, Манцони не сакал да создаде нешто „убаво“ за гледање. Неговата цел била да го земе најсрамното нешто од човековата биологија и да го стави во галерија за да им каже на богатите купувачи: „Вие сте толку опседнати со статус и его, што ќе ми платите суво злато за мојот отпад.“

Мојата теза за милијардерите и ова „уметничко дело“ со конзервите е дека постои директна, врска: денешниот неолиберален-капитализам, каде што доминираат токму профилите од Мрачната тријада кои имаат моќ да создадат илузија на вредност од ништо. Можат да манипулираат со пазарите, со медиумите и со човечките емоции, пакувајќи безвредни или штетни нешта како „луксуз“ или „визија за иднината“. Психопатите и макијавелистите уживаат во тоа да видат до каде можат да ги потиснат границите на туѓото достоинство или глупост. Купувањето на конзерва со измет тие си купуваат статус, покажувајќи дека можат да си дозволат да фрлат богатство на нешто што за обичниот човек е само биолошки отпад. Во светот на парите и моќта, сè  станува алатка за доминација, его и манипулација.

Профилите со карактеристики од Мрачната тријада имаат специфични однесувања кои, иако се токсични во приватниот живот, во модерната корпоративна средина често се перципираат како „лидерски вештини“. Истражувањата во организациската психологија покажуваат дека овие личности напредуваат токму поради нивната токсичност.

На пример, на нарцисот во почетните фази на кариерата или при барање инвеститори за стартап, најважен му е првиот впечаток. Тие зрачат со самодоверба, харизма и визионерство. Кога зборуваат за своите идеи, тие навистина веруваат дека се генијални. Нарцисот изгледа како лидер кој знае што прави, па луѓето со задоволство му доверуваат управување со нивните пари. Тие се мајстори за себепромоција, брзо ги преземаат заслугите за успешните проекти на своите тимови, додека неуспесите секогаш ги префрлаат на другите.

Макијавелистот откако ќе влезе во системот, на сцена стапува макијавелистичката тактика за елиминирање на конкуренцијата. Тие ги проучуваат луѓето, ги откриваат нивните слабости и градат стратешки сојузи само со оние кои можат да им помогнат да се искачат повисоко. Совршено ги контролираат информациите во компанијата. Со озборувања, заткулисни игри и создавање раздор меѓу колегите, тие ја ослабуваат конкуренцијата за менаџерските позиции без самите да си ги „извалкаат рацете“. И најважно тие се прагматични. Не дозволуваат пријателството или лојалноста кон колегите да им застанат на патот кон повисока функција или поголем бонус.

Корпоративниот психопат носи сурови одлуки. За да се стане милијардер и да се задржи на таа позиција, често е потребно да се донесат одлуки кои уништуваат илјадници животи. Тука психопатот станува „супермоќ“. Корпоративните психопати имаат многу ниско ниво на анксиозност. Тие не чувствуваат страв од ризик, што им овозможува да прават огромни, хазардерски финансиски потези кои на нормалните луѓе им изгледаат застрашувачки како: масовни отпуштања од работа, кратење на плати, (што се случува секојдневно во развиениот Запад), потоа преселување на фабрики во сиромашни земји со цел експлоатација на евтина работна сила или свесно загадување на околината за поголем профит. Каде што нормален човек би почувствувал вина, психопатот кој е без емпатија, гледа само бројки и профит. Кога компанијата се соочува со криза или судски тужби, тие можат ладнокрвно да лажат пред медиумите или судот без притоа да покажат какви било знаци на нервоза.

Модерниот неолиберален корпоративен свет е дизајниран да го мери успехот исклучиво преку кварталниот профит и вредноста на акциите. Управните одбори често бараат лидери кои се „агресивни“, „немилосрдни“ и „фокусирани само на резултати“, а овие барања се совпаѓаат со Мрачната тријада. Личностите со овие карактеристики многу брзо ги прегазуваат своите поемпатични соработници, ги истиснуваат од игра оние кои играат по правила, и стигнуваат до врвот каде што контролата над огромни ресурси им овозможува да станат дел од клубот на милијардери. Фрапантен е податокот дека психолозите во своите истражувања често доаѓаат до резултати дека процентот на психопати на високи менаџерски позиции (околу 4% до 20%), е драматично повисок во споредба со општата популација каде тој изнесува околу 1%.

Што ни останува нам, на обичните луѓе? Па, во контекст на почетокот на текстот ни останува сликата „Цвет на мигдал“, а илјадници врвни уметнички дела од сите уметности, кои денес ни се достапни дигитално, а не се дел од речиси сеприсутниот неолиберализам. Ама, дигиталната копија не може да ја замени оригиналната слика и непосредната комуникација со неа, како што телевизијата не може да го пренесе оригиналниот звук на прекрасните хармонични и мелодични филхармониски дела или гласот на нашата сопранистка Ана Дурловски.

 


Проф. д-р Богданчо Гогов е поранешен редовен професор на Факултет за Безбедност – Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ