• Latest
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Без мажи – нема деца

September 5, 2026 10:46
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Војо Маневски

Да појаснам уште на почетокот што мислам дека е маж. Биолошките предиспозиции се само почетен улов за да се биде маж. Треба да се има пред сѐ одговорност за постапките кои ги правиш и се однесуваат прво на семејството, па целата околина околу тебе. Според поговорката  „засвири, па за појас задени“ да видат сите кој свирел.

Знам дека на многумина нема да им се допаднат моите ставови но  затоа пак имаат право на свои ставови па дури и ако се „женски“.

Цела држава се стресува од податоците за бројот на ученици кои го започнуваат своето образование. И квалитетот на образованието е последица од пораката која ја содржи насловот на текстов.

Ај нека ми објасни некој како може да има стабилно семејство кога се изгуби природната поделеност меѓу половите. Па во спортските клубови во мојот град има повеќе девојчиња отколку момчиња. Ако поимот момчиња можат да го носат мамините и татини миленичиња со машка биолошка одредница без машки карактер. Ќе се замисли ли некој зошто има поголем број на девојчиња што спортуваат во клубови, каде се стекнува вештина во боречките спортови? Да, да и имаат добри резултати. Ова не значи дека девојчињата не треба да спортуваат и да бидат дел од сите спортови, туку зошто тоа не го прават момчињата. Разгледувам статистика за последните пет години, бројот на новородени момчиња е поголем од новородените девојчиња. Ако се во поголем број, а ги нема во спортските клубови тогаш ги има ли во уметничките активности. Е не се ниту таму – и таму се девојчињата поактивни. Гледам објава за една уменичка изложба на училиште по цртање и сликање ееее едвај третина се момчиња. Мајките ќе речат – кај машките е закаснет пубертетот па тие сѐ уште не успеваат да се изразат емотивно, девојчињата овде се во предност.

Не госпоѓо не сте сосема во право. Момчињата ги третирате како и девојчињата, а татковците ви ја препуштија улогата на столб на семејството. Е од таков столб се помешаа вредностите па момчињата се заштитени како девојчиња и им е страв од неизвесноста надвор без мамината заштита.

Немам намера да елаборирам разни теории за изгубени вредности во општеството. За современите предизвици на информатичкото општество и општиот пад на етичноста во потрошувачките општества туку едноставно да поттикнам разговор за општата изгубеност на сите нас во ова време на брзи промени.

Јас имам еден свој логичен след кој од моја гледна точка ги отсликува процесите. Конкуренцијата е двигател на сите социолошки процеси. Започнува во семејството. Повеќедетните семејства значат и конкуренција меѓу децата за сѐ околу нив. Така се навикнуваат дека мора да се изборат за да стекнат место во заедницата. Конформизмот на родителите го ограничува бројот на деца. „Ако имам деца треба да имам и да им пружам сѐ што им треба, а не да бидат искомплексирани од малечки“. Така се штити сопствената себичност и комфорност, а комплексите ги има исто како и вирусите и за да се одбрани општеството од нив потребна е здрава основа. Природно семејство, каде биолошките различности се предност а не недостаток кој треба со социјалната положба да се исправи.

Ете како забраздив во паметување и нејасност на текстот. Исто како положбата на мажите денес. Не се способни да ја поднесат конкуренцијата со жените во општеството, па полека прифаќаат да бидат помалку мажи а повеќе со неодредени карактеристики за да не ја расипат рамноправноста со жените.

Последиците се евидентни. Природните карактеристики на жените преовладуваат. Дома имаме работи за кои не знаеме што им е намената. Ако можеме секој викенд ќе шетаме некаде – дома како е така е. И тоа како е така е го средуваме ние за да се одмори супериорниот женски свет. На одмор одиме ако треба и трипати а кредитот за одморот виси секој први. Сонуваме брзи заработки во кладилници и коцкарници за да донесеме дома куп пари за да си го вратиме достоинството на патер фамилијас. Не се извлекуваат нашите броеви па расправиите се зголемуваат дома. Тенка е линијата денес на одлука за напуштање на семејството од страна на супериорниот женски пол кој и може тоа да го прави затоа што е супериорен. Последицата е што имаме разводи скоро колку и венчавки. Семејствата ги претворивме во кафеани во кои се престојува додека се има пари или додека газдата дава вересија. После – фајронт.

И така мои почитувани (како што велеше Борис Мајсторов)  дојдовме до таму да затвораме училишта или школи како што неписмено ги означуваат денешните борци за јазикот, да нема доволно работници, војска и да не споменувам да не ги егзалтирам вечните борци за рамноправност, се нѝ недостасува. Ама имаме општо незадоволство во сите нивоа на живеење и опстојување.

Нема вистински мажи кои ќе ја понесат одговорноста за семејството и заедницата, нема стабилни семејства, нема деца за продолжување на опстанокот на нацијата, продолжување на културата и идентитетот. Се ѐ во опасност. Знаете ли кога пропаѓале цивилизациите или империите? Кога се измешале различностите, па жените станале мажи по положбата и однесувањето, а мажите жени според местото во заедницата.

Убавината и цврстината на заедницата меѓу маж и жена е во почитувањето на различностите кои се природни, а не нивно поништување со општествени правила. Од две жени деца нема?

 


Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ