• Latest

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

Австрискиот европратеник и известувач во сенка за Србија од групата „Обнова на Европа“ бара конкретни последици сè додека властите во Белград недвосмислено не го отфрлат величањето на осудени воени злосторници

September 3, 2026 11:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Австрискиот европратеник Хелмут Брандштетер побара од Европската комисија да ги суспендира пристапните преговори со Србија и да ги запре сите исплати кон земјата, сè додека српските власти недвосмислено не се оградат од величањето на осудени воени злосторници.

Брандштетер, европратеник од австриската либерална партија NEOS и известувач во сенка за Србија од либералната група „Обнова на Европа“ во Европскиот парламент, реагираше по јавните почести што претставници на српските власти му ги оддадоа на Ратко Младиќ по неговата смрт.

„Ратко Младиќ беше осуден за геноцид и злосторства против човештвото. Кога претставници на власта на земја кандидат за членство во ЕУ по неговата смрт величаат таков човек, премината е црвената линија“, порача Брандштетер.

Според него, таквото однесување претставува исмевање на жртвите и нивните семејства и е во фундаментална спротивност со вредностите на Европската Унија.

Брандштетер побара Европската комисија да ги суспендира пристапните преговори и да ги запре сите исплати кон Србија сè додека властите во Белград јасно и недвосмислено не го отфрлат величањето на осудени воени злосторници. Тој побара во меѓувреме да не се преземаат ниту натамошни чекори поврзани со интеграцијата на Србија во Шенген-зоната.

Истовремено, европратеникот нагласи дека неговото барање не претставува отфрлање на европската перспектива на Србија.

„Србија ѝ припаѓа на Европа и треба да стане дел од ЕУ. Но, тоа подразбира безусловно почитување на човековите права“, порача Брандштетер.

Барањето на австрискиот европратеник доаѓа во време на сè погласни реакции во Европа поради величањето на Младиќ, кој издржуваше доживотна затворска казна по правосилната пресуда за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.

ЦИВИЛ уште на 30 август побара конкретни мерки од ЕУ

Неколку дена пред реакцијата на Брандштетер, ЦИВИЛ – Центар за слобода, во опширното соопштение објавено на 30 август 2026 година на македонски, албански и англиски јазик, побара европските институции да преминат од декларативни осуди кон конкретни политички и финансиски мерки против владите, институциите, политичките структури и функционерите кои промовираат или толерираат негирање на геноцидот и величање на осудени воени злосторници.

Меѓу другото, ЦИВИЛ побара финансиската и политичката поддршка да биде условена со почитување на меѓународното право и правосилните судски пресуди, како и да се разгледа суспендирање или пренасочување на финансиската помош кога владите, институциите или политичките структури толерираат или промовираат вакви појави.

ЦИВИЛ на 2 септември повторно го издвои и објави овој дел од соопштението, со повик Европската Унија конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид.

Барањето на Брандштетер е независна политичка реакција и нема основа да се воспоставува причинско-последична врска со повикот на ЦИВИЛ. Сепак, хронологијата покажува дека барањето за конкретни европски политички и финансиски мерки, кое ЦИВИЛ јавно го упати на 30 август, сега се појавува и на ниво на Европскиот парламент.

ЦМ Деск


Неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ