• Latest
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026 10:58
in АКЦЕНТ, ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Европската комисија; Фото: Европска Унија

Европската комисија; Фото: Европска Унија

Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија порача дека величењето на воените злосторници е спротивно на најосновните европски вредности и дека за него нема место ниту во Европската Унија, ниту во земјите кандидатки. Тој став мора да биде преточен во конкретна политика. Пораката се однесува на величањето и однесувањето кон Ратко Младиќ, по неговата смрт, како „легендарен генерал“, херој, заштитник или жртва, кој како таков беше третиран и во дел од  медиумските и политичките реакции во Северна Македонија и регионот.

Оттука, ЦИВИЛ, преку соопштение (30 август 2026), ги повика Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, Обединетите нации, Советот на Европа, ОБСЕ и демократските влади:

  • да ги регистрираат и јавно да ги осудат случаите на негирање геноцид и глорификација на воени злосторници во официјалните извештаи и процесите за европска интеграција;
  • да ја условат финансиската и политичката поддршка со доследно почитување на меѓународното право, правосилните пресуди и демократските вредности;
  • да донесат одлуки за суспендирање или пренасочување на финансиската помош што ја користат влади, државни институции, политички структури и функционери кои промовираат или толерираат негирање на геноцидот и глорификација на осудени воени злосторници;
  • да разгледаат конкретни политички и финансиски мерки против одговорните функционери и институции во случаите на тешко или повторено прекршување на овие принципи;
  • истовремено да ја заштитат и значително да ја зголемат директната поддршка за независните медиуми, граѓанските организации, здруженијата на жртвите, образовните институции, независните интелектуалци и бранителите на човековите права во регионот кои веќе подолго време се соочуваат со притисоци и закани.

Граѓаните и демократските сили не смеат да бидат казнети за постапките на авторитарните и националистичките елити. Затоа, секоја финансиска мерка мора да биде прецизна, пропорционална и придружена со поголема поддршка за оние што се борат против ревизионизмот и политиките на омраза.

ЦИВИЛ – Центар за слобода  ја изрази својата најостра осуда на сите форми на негирање, релативизирање, минимизирање и оправдување на геноцидот, злосторствата против човештвото и воените злосторства за кои Ратко Младиќ беше правосилно осуден.

Во опширното соопштение ЦИВИЛ оцени и дека реакцијата на Владата по објавата на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ е задоцнета, селективна и недоволна. Во реакцијата на Владата особено е неприфатливо што на Китановиќ му се остава можност да ја задржи функцијата доколку едноставно ја избрише или повлече објавата.

ЦИВИЛ уште еднаш ги повикува сите граѓанки и граѓани да му се приклучат на јавниот отпор против историскиот ревизионизам, негирањето на геноцидот и националистичките политики на омраза.

Да не дозволиме осудени воени злосторници да бидат претставувани како херои во наше име.

Цивил Медиа Деск


ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ