Политичката кампања сѐ уште не e завршена за поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, кој беше носител на листа на Изборната единица 2, од редовите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Неговиот огромен пропаганден постер сѐ уште стои на една зграда која е во близина на плоштадот во Автокоманда.
Предвремените парламентарни избори, се одржаа пред повеќе од половина година, на 11 декември 2016 година. Според членот 185 од Изборниот законик, доколку организаторот не го отстрани сметот од плакатите во рок од 30 дена по завршување на изборите, се изрекува глоба во износ од 500 – 2.000 евра.
ЦИВИЛ Медиа се обиде обрати до Општина Гази Баба, но до објавување на текстот не добивме никаков одговор.
Откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев, формираше нова влада, Тодоров си даде оставка од пратеничкото место, бидејќи, како што истакна – ќе се посветел на адвокатската кариера.
Дехран Муратов