• Latest

Дерала: Живееме во заробено општество!

February 15, 2017
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дерала: Живееме во заробено општество!

February 15, 2017 22:30
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Заробената држава во Македонија не е ниту новост, ниту пак, може некој тоа да го скрие преку медиумска кампања. Тежок бескрупулозен притисок и насилство не можат со ништо да бидат скриени. Меѓутоа, кога ќе се киднапира една држава, откако ќе се заробат сите институции, на сите нивоа на национално и на локално ниво, откако ќе се затворат институциите на образованието, здравството, социјалната правда и сите останати институции кои се важни за пулсирањето на една држава, тогаш, не смее да се застане таму, зашто следниот чекор е луѓето да се убедат дека – така треба. Значи, заробена е државата, но така треба! Откако ќе се зароби општеството, тогаш владеењето е потполно!“, изјави Џабир Дерала на вчерашната панел-дискусија „Стеснување на просторот за дејствување на граѓанското општество“ во организација на  ЦИВИЛ – Центар за слобода.

„Ние сме сведоци дека последните 6-8 години граѓанското општество е супституирано, од она што ние и светот го подразбираме како граѓанско општество, овде го има сé помалку. Поточно, тие што се останати се наречени агенти, злосторници, предавници, се третираат како криминалци… Медиумите се под целосна контрола и се фатени меѓу корумпираните политичари и бизнисот кој е киднапиран…“. рече во своето излагање Дерала, додавајќи: „Бев пријатно изненаден од појавувањето на Архибригада, но уште попријатно бев изненаден од студентските протести кои ни одржаа лекција по демократија“.

„Ние, невладините организации имаме задача да ги збиеме редовите и да покажеме дека ова општество сака демократија, правда и слобода, а не авторитарност, структурно насилство, континуирани изборни измами и политичка корупција која влегла во секоја пора од општеството и од системот… Невладините, иницијативите, активистите, новинарите…, ќе го извлечат ова општество од бездна, се разбира, со поддршка од СЈО“, заклучи Дерала.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ