На денешен ден, 1908 год, во Битола заврши Битолскиот Конгрес на кој се создаде албанската стандардизирана азбука.
Конгресот бил свикан на 14 ноември и на него присуствувале 160 делегати од Албанија, и од албанските заедници во Романија, Египет, Америка, Грција, Турција, Италија итн. За претседател на Конгресот бил избран Ѓерѓ Фишта, католички свештеник, писател и еден од најголемите борци за правата и културниот развој на Албанците. Секретарка на Конгресот била избрана Парасќеви Ќириази, учителка во женското училиште во Корча, како и уште дванаесет други членови, меѓу кои Митхат Фрашери, Ндре Мједа, Григор Чилку и други. На Конгресот учевствувале Албанци од католичка, муслиманска, православна и протестантска вероисповест, со цел сите заеднички да создадат една единствена азбука.
На Конгресот е решено азбуката да се состои од 36 латински букви, којашто е во употреба до ден денес. За потребите на печатење на книги и весници со албанска азбука, во Битола тогаш се отворила и првата печатница, позната како Битолска Печатница, финансирана од група трговци – Албанци муслимани. Печатницата работела со една рачна електрична машина, со која се печателе буквари, училишни текстови и неделниот весник „Башкими и Комбит“ ( „Национално Единство“). Од печатницата денес нема никаква трага.
Зградата во која се одржал Битолскиот Конгрес, денес е Музеј на албанската азбука, и е ентериерно реконстуриран. Во него се поставени фотографии и повеќе од 230 документи во дигитална и хартиена форма со кои се афирмираат преродбеничките, културолошките и напредните движења на албанскиот народ.
Денес се одбележува 110 годишнината од Битолскиот Конгрес за албанската азбука, со многу активности од државен карактер, посети на Музејот, и е неработен ден за Албанците во Македонија.