• Latest

Османи: Како партија на власт ни одговараат избори што порано, но не прејудицираме кога да се одржат

May 11, 2020
Самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск. Фото: Скриншот од видео на WION

Во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск најмалку 22 лица се убиени, а 63 други се ранети

June 23, 2025
Протести во Иран  против вклучувањето на САД во конфликтот. Фото: Скриншот од видео на CNN

Додека Трамп тврди дека САД уништиле ирански нуклеарни објекти, светот чека одговор од врховниот лидер Хамнеи

June 23, 2025
Пожарникарите гаснат запалени остатоци по рускиот напад со ракети и беспилотни летала врз Киев на 23 јуни 2025 година, во кој загинаа најмалку пет лица, а 13 други беа повредени. Фото: Државна служба за вонредни состојби на Украина

Во рускиот масовен напад со ракети и дронови врз Кијив убиени најмалку 7 лица, а 19 се повредени

June 23, 2025
Централен одбор на ДОМ. Фото: dom.org.mk

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

June 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на Oneindia News

САД ја повикуваат Кина да го одврати Иран од затворањето на Ормутскиот теснец

June 22, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Мерц и Стармер го повикаа Иран веднаш да започне преговори со САД и Израел

June 22, 2025

Гроси свика за утре итен состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија

June 22, 2025

Лојалност – награда – глупост

June 22, 2025
Фото: Скриншот

Евакуацијата на странски државјани преку аеродромот во Тел Авив засега е невозможна, соопшти Македонската амбасада

June 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Моќта на американските Б-2 бомбардери во нападите врз нуклеарните цели во Иран

June 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Османи: Како партија на власт ни одговараат избори што порано, но не прејудицираме кога да се одржат

May 11, 2020 19:04
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Реално, како партија на власт, ни одговараат избори што порано, но не прејудицираме кога да се одржат. Треба да се имаат сите аспекти предвид и евентуалниот втор пик во септември, па да се донесе вистинска одлука за терминот на одржувањето на изборите иако некои сакаат тоа да се случи во прозорецот меѓу двата пика. Најважно за нас е изборниот процес да не создаде ситуација ни еден да се разболи“, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

„Како ДУИ се обидувавме воопшто да не ја спомнуваме темата за избори, бидејќи од старт луѓето мислат дека е се завршено со мерките за справување со коронавирусот и се олабавуваат. Ние сме за избори во било кој термин, кога Комисијата за заразни болести ќе излезе со став дека изборите нема да го загрозат здравјето на граѓаните и кога ОБСЕ ќе потрврди дека ќе има меѓународни набљудувачи. Нека каже Комисијата кога е поминат ризикот“, рече Османи во Отвореното студио на ТВ24.

Нагласи дека бил во Институтот за јавно здравје каде разговарал со Комисијата и додаде дека нивниот став е дека во овој прериод доколку се одржат изборите ќе треба да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот како што се носење маска и ракавици и одржување дистанца.

„Ние треба политички да кажеме дали е во ред да се одржат избори во такви услови. Сепак, велам утре на лидерската средба ќе решиме што ќе правиме. Избори во септември и октомври и одговараат на опозицијата, а за Владата е подобро да има во јуни или јули, бидејќи има согледувања дека во летните месеци луѓето се порасположени да гласаат за власта. Во август одат на одмори и никој нема да биде тука да гласа. Во јуни или јули може да има избори“, рече Османи.

Според него, ако нема продолжување на вонредната состојба по 16 мај има различни толкувања за тајмингот на изборите, но тоа, како што вели, е прашање на правниците.

„Сметам дека сега е премногу рано тоа да не дефокусира“, потенцира Османи.

Print Friendly, PDF & Email
Share39Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Централен одбор на ДОМ. Фото: dom.org.mk

    ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ