• Latest

27 јули низ вековите

July 27, 2018

Грузиската опозиционерка Елена Хоштарија започна штрајк со глад

June 28, 2025

Локалните самоуправи ги добија парите од унгарскиот кредит

June 28, 2025
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, потпишаа договор со паневропското тело за човекови права, Советот на Европа, за формирање специјален трибунал за судење на високи функционери одговорни за руската инвазија на Украина, Стразбур, 25 јуни 2025.

Трибунал за државата-агресор Руската Федерација

June 28, 2025
Џабир Дерала, насловна фотографија на интервју за УКРИНФОРМ (фото: Б. Јордановска за УКРИНФОРМ)

Џабир Дерала за УКРИНФОРМ: Треба јасно да ставиме до знаење дека Украина не треба да биде високо на агендите, туку дека е самата агенда!

June 28, 2025
Фото: Скриншот

Трамп очекува прекин на огнот наредната недела во Појасот Газа

June 28, 2025

Николоски  се сретна со бугарскиот колега Караџов, договорена нова средба за придвижување на работите на железничкиот Коридор 8

June 28, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Напад на руски дрон во Одеса, две лица загинаа, повредени најмалку 14

June 28, 2025

Во Техеран масовна церемонија за погребот на 60 убиени од нападите на Израел

June 28, 2025
Фото: МИА

Скопје домаќин на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан

June 28, 2025
Фото: МИА архива

Американскиот Сенат го отфрли обидот за ограничување на овластувањата на Трамп за војна со Иран

June 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

27 јули низ вековите

July 27, 2018 08:19
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На денешен ден

916.- Во Охрид се упокоил Свети Климент Охридски, средновековен писател и педагог, ученик на светите Кирил и Методиј, основоположник на Охридската книжевна школа, прв словенски епископ во Македонија, патрон на градот Охрид и на Македонската православна црква. Роден бил околу 830 – 840 година.

1824.- Роден е францускиот писател Алексадар Дима Синот, кој ги удрил темелите на народниот драмски театар. Напишал 16 театарски пиеси, вклучувајќи ја и драматизацијата на романот „Дамата со камелии“. Други дела: драмите „Незаконски син“, „Дениза“, „Господинот Алфонс“, „Полусвет“.

1830.- Во Франција избила тридневната „Јулска револуција“ предизвикана од одлуката на кралот Шарл Десетти Бурбонски да ја укине слободата на печатот. Тој го распуштил штотуку избраното собрание и извршил измени во изборниот закон. Парижаните подигнале барикади и успеале да го соборат кралот Шарл Десетти, а на престолот го донесле Луј Филип, кој како крал на Франција владеел до револуцијата во 1848 година, кога Франција повторно станала република.

1835.- Во Вал ди Кастело, Тоскана, е роден Џозуе Кардучи, италијански поет, книжевен историчар и неокласичар. Напишал голем број песни и книжевни, естетски и филозофски студии. Познати се неговите дела „Варварски оди“, „Рими и ритми“ и други дела. Во 1906 година ја добил Нобеловата награда за литература. Умрел во Болоња, на 16 февруари 1907 година.

1841.- Во Пјатогорскиј умрел Михаил Јурјевич Лермонтов, руски писател. Делата што ги напишал уште како сосема младо момче претставуваат толку зрели уметнички остварувања што влегле во сите збирки и антологии. Го напишал романот „Јунак на нашето време“ и низа поеми. Роден бил во Москва, на 15 октомври 1814 година.

1867.- Роден е шпанскиот композитор и пијанист Енрике Гранадос и Кампања. Дела: клавирска збирка „Гојекас“, „Шпански игри“.

1907.- Во Љуботин, Црна Гора, е роден Петар Лубарда, еден од најголемите црногорски сликари. Работел слики, пастели и фрески инспирирани од пејзажите на Црна Гора, Париз и Дубровник. Од делата познати му се „Косовската битка“, „Гуслар“, „Пламен“, „Борба на коњи“ и други. Умрел во Белград, на 13 февруари 1974 година.

1915.- Во Фиренца роден е италијанскиот оперски пејач Марио дел Монако, еден од најпрочуените во светот. Умрел во Венеција, на 17 октомври 1982 година.

1917.- Умрел швајцарскиот хирург Емил Теодор Кохер, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1909 година. Тој ја испитувал функцијата на штитната жлезда и значително придонесол за развојот на современата хирургија.

1921.- Канадските лекари Фредерик Грант Бентинг и Чарлс Бест првпат го изолирале инсулинот, што набрзо овозможило ефикасно лекување на дотогаш смртоносната шеќерна болест.

1955.- Република Австрија повторно станала суверена држава. Австрија во 1938 година била окупирана и припоена кон Германија, а по Втората светска војна уште десет години била под окупација на сојузничките држави.

1970.- Во Лондон умрел Џон Барбироли, еден од најголемите диригенти на светот, основач на камерниот оркестар „Барбироли“, диригент на операта Ковент Гарден, директор на Њуроршката филхармонија и диригент на оркестарот „Хале“ во Манчестер. Роден бил во Лондон, на 2 декември 1899 година.

1980.- Во Каиро умрел иранскиот шах во бегство Мохамед Реза Пахлави, кој 37 години владеел со Иран. Роден бил во 1819 година.

1981.- Почнала со работа новата Железничка станица во состав на Транспортниот центар во Скопје. Последниот воз од Старата железничка станица заминал во 11 часот и 30 минути, а првиот воз на новата железничка станица стигнал во 12 часот и 35 минути.

1984.- Во Лозана, Швајцарија, умрел Џемс Мејсн, познат британски актер, кој многу генерации го паметат по голем број успешни артистички остварувања во повеќе од 80 филмови и театарски дела. Филмови: „Бегалец“, „Човек во сиво“, „Ѕвездата е родена“, „Јулиј Цезар“, „Лолита“, „Лордот Џим“, „Галеб“, „Убиство по нарачка“.  Роден бил во 1909 година.

1984.- На патот Скопје – Приштина, во сообраќајна несреќа загинал Вецко Домазетовски, македонски писател, литературен критичар и новинар. Роден бил во Белград, на 10 јануари 1950 година.

1990.- Белорусија прогласила независност од Советскиот Сојуз.

1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на курсот за дообука, во касарната “Кузман Јосифовски – Питу” бил одбележан почетокот на високото воено школство во Република Македонија.

1996.- Во текот на Олимписките игри во Атланта експлодирала бомба во забавен парк, усмртувајќи двајца и повредувајќи 110 луѓе.

2001.- Умрел Ацо Петровски, филмски работник, продуцент и режисер. Бил претседател за кинематографија во владата на Н.Р Македонија во 1947 година. Ја формирал Кинотека на Македонија и бил нејзин прв директор. Има режирано повеќе документарни филмови: „Велигденски адети“, „Галичка свадба“, „Азот“, „Дервиши“ и други. Продуцент е на играните филмови: „Време без војна“, „Најдолгиот пат“, „Оловна бригада“, „Татко“, „Дубровски“ и други. Роден бил на 12 мај 1923 година во Тетово.

2007.- Во експлозија на камион-бомба во Багдад, во близина на пазарот Карадах, препоплн со купувачи, во шиитскиот дел од градот, загинале 61 лице, а 94 луѓе биле ранети. Од експлозијата изгореле десеттина автомобили, а се запалила и трикатна зграда.

2008.- Умрел египетскиот режисер Јусуф Шахин. Негови познати филмови: „Земја“, „Алексадријо, зoшто?“, „Египетска приказна“, „Имигрант“, „Хаос“. Во Кан во 1997 година му била доделена специјалната награда за животно дело. Заслужен бил за пробивот на Омар Шариф, единествениот светски успешен арапски актер.

2008.- Умрел лордот Дејвид Расел – Џонстон, поранешен претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа и негов известувач за Косово и Метохија. На оваа функција бил од 1999 до 2002 година.(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ