• Latest

28 август низ вековите

August 28, 2018
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

28 август низ вековите

August 28, 2018 07:27
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

430.- Умрел римскиот свештеник Аврелиј Августин, познат како Свети Августин, кој бил најзначаен претставник на раната христијанска филозофија.

1645.- Умрел холандскиот правник, писател и хуманист Хуго Гроцијус, основач на науката за меѓународното право. Хуго Гроцијус припаѓал на „школата за природно право“ со што ја докажувал еднаквоста на луѓето меѓу себе и пред законот. Исто така, тврдел дека океаните се општо добро и дека одделни земји немаат ексклузивно право на нивно користење. Во Холандија за време на големите спорови меѓу римоктолиците и протестантите се залагал за верска толеранција, докажувајќи дека и двете групи се христијански и дека нема причина за меѓусебни недоразбирања. Во 1618 година бил уапсен, а во 1619 осуден на доживотна робија како верски еретик. Во 1621 година избегал во Франција. Од 1635 година се до неговата смрт бил амбасадор на Шведска во Франција. Дела: „De iure belli ac pacis“, „Mare liberium“, „De iure praedae“, „De veritate religionis Christianae“, „Via et votum ad pacem ecclesiasticam“, драмите „Christus patiens“, „Sophomphaneas“, „Adamus exul“.

1749.- Во Франкфурт на Мајна е роден Јохан Волфганг Гете, германски писател и учесник на многу литературни струења и правци, но никогаш не се придружил на ниту еден од нив. Светско признание стекнал со драмскиот еп “Фауст”. Историско-критичкото издание на неговите целокупни дела опфаќа 143 тетратки. Познати негови дела се романот „Страданијата на младиот Вертер“, драмите „Егмонт“, „Ифигенија на Таврида“ и „Торквато Тасо“ и епот „Херман и Доротеја“. Умрел во Вајмар, на 22 март 1832 година.

1833.- Парламентот на Британија забранил трговија со робови во целата Британска империја.

1877.- Роден е англискиот произведувач на автомобили и пилот Чарлс Стјуарт Ролс, кој заедно со Фредерик Ројс во 1906 година ја основале компанијата за произодство на автомобили „Ролс-Ројс“. Компанијата „Ролс-Ројс“ произведувала и авионски мотори. Ролс е првиот пилот кој во јуни 1910 година го прелетал Ламанш во двата правца без застанување, а во јули истата година како прв британски пилот загинал во авионска несреќа.

1903.- Селото Смилево, Демирхисарско, било нападнато од многубројна турска војска. Со одбраната на Смилево раководел Даме Груев, голем македонски револуционер. По жестоката борба турската војска навлегла во селото, го запалила и извршила масакрирање на 250 жени и деца во месноста Голем Гар, на Бигла Планина.

1910.- На свечена седница во Народното собрание во Цетиње Кнежеството Црна Гора било прогласено за Кралство, а кнезот Никола Први Петровиќ за крал.

1917.- Во Прилеп е роден Сотир Гулески, македонски писател и книжевен преведувач. Автор е на романите „Меѓа“, „Прекшен `рбет“, „Кога карпите `ртат“, „Модро млеко“, „Им се суди на дивите ветрови“, на тетралогијата „Фурии“ и на други дела. Умре во Охрид, на 20 јуни 1985 година.

1929.- Рударите од рудникот Лојане, Кумановско, стапиле во штрајк. Поради тоа овој ден бил прогласен за Ден на рударите на Македонија.

1930.- Во Гевгелија е роден Георги Старделов, македонски естетичар, филозоф, книжевен критичар, есеист, академик. Дипломирал философија на Филозофскиот факултет во Белград. Доктор по филозофски науки станал во 1965 година. Бил професор на Филозофскиот факултет во Скопје, претседател на Друштвото на писателите на Македонија и претседател на Македонскиот ПЕН центар.  За член на МАНУ бил избран во 1986 година. Во периодот од 2000 до 2004 година бил потпретседател на МАНУ, а од 2009 нејзин потпретседател и раководител на Лексикографскиот центар, за од 1 јануари 2008 година да стане претседател на МАНУ. Во МАНУ, од 1993 година раководел со макропроектот „Историја на културата на Македонија“ од кој во негова редакција биле издадени 20 тома.Старделов е плоден научен работник во повеќе дисциплини (филозофија, историја, естетика, теорија и социологија на културата и уметноста, историја на литературата. Најпознати дела: „Есеи“ (1958), „Модерното и модернизмот“ (1962), „Антеј бара почва“ (1971), „Меѓу литературата и животот“ (1981), „Experimentum Macedonium“ (1983), „Изморена авангарда“ (1985), „Вовед во иднината“ (1986), „Одземање на силата“ (1990), „Summa aestheticae“ (1991), „Искушенијата на естетичкиот ум“ (2003), „Балканска естетика – една друга естетика“ (2004). Носител е на врвни македонски и меѓународни книжевни и државни награди и признанија.

1944.- Во борбата за ослободување на селото Здуње, кај Македонски Брод, во една јуришна борба против бугарската војска како командант на Петтата македонска бригада загина Илија Игески – Цветан, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден бил во селото Топлица, Прилепско, во 1920 година.

1987.- Умрел американскиот филмски режисер Џон Хјустон, еден од најистакнатите американски филмски режисери на 20. век. Филмови: „Малтешки сокол“ „Рт Ларго“, „Бевме странци“, „Богаството на Сиера Мадре“, „Џунгла на асфалт“, „Црвена значка за храброст“, „Африканска кралица“, „Моби Дик“, „Ноќ на игуаните“, „Наш човек од Австралија“, „Ени“.

1991.- Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“, излегол првиот број на неделниот спортски магазин „Скок“.

1992.- Започнале натпреварите на Првата македонска фудбалска лига.

1993.- Во близина на селото Подвис, Кичевско, била откриена спомен-плоча на прославените војводи од Илинденската епопеја, Наќе и Арсо, а во кругот на црквата во селото Кладник, била откриена спомен-плоча на масовната гробница на 18 македонски востаници.

1996.- Во Битола, на празникот Успение на Света Богородица, проработило првото црковно радио на подрачјето на Преспанско-пелагониската епархија.

1999.- Во сообраќајна несреќа загинал македонскиот министер Радомир Стојковски заедо со неговата сопруга, ќерката и возачот, по што норвешките војници во возилото на меѓународните сили одбиле да направат алкохол-тест во крвта. Поручникот кој ја предизвикал несреќата, во Осло, во март 2000 година бил осуден на една година затвор.

2007.- Умрел Франциско Умбрал, еден од најголемите шпански современи писатели. Објавил повеќе од 80 книги, меѓу кои се „Смртникот и ружата“ и „Мадридска трилогија“. Добитник е на угледни шпански признанија – Наградата на принцот од Астурија за литертура во 1996 година и наградата „Сервантес 2000“. Како публицист пишувал за повеќе списанија, меѓу кои се левичарскиот „Ел паис“ и десничарскиот „Ел мундо“. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ