• Latest

6 септември низ вековите

September 6, 2018
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

6 септември низ вековите

September 6, 2018 06:39
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1522.- Шпанскиот морепловец Хуан Себастијан дел Кано прв ја обиколи Земјата враќајќи се во Шпанија со бродот “Викторија” со само 18 морнари. Со тоа тој ја заврши експедицијата започната во 1519 година. Експедицијата беше составена од пет брода и 270 морнари.

1569.- Умре Питер (Стариот) Бројгел (Брухел), фламански сликар, реалист и колорист, еден од првите пејзажисти во светот според вредноста и според времето во кое живееше. Претежно сликаше сцени од селскиот живот. Зад себе остави 40 слики, 100 цртежи и други дела. Автор е на делата „Ловци во снег“, „Поклонување на кралевите“, „Селска свадба“, „Селско оро“ и други. Роден е околу 1525 година.

1683.- Умре Жан Батист Колбер, француски државник, преродбеник на француската морнарица и основач на поморската и колонијалната моќ на Франција. Роден е на 29 август 1619 година.

1766.- Роден е Џон Далтон, англиски хемичар и физичар, еден од основачите на атомската теорија на материјата, кој прв ја постави врз експериментална основа. Своето сфаќање го изнесе во делото “Нов систем на филозофијата и на хемијата”, го објави Прустовиот закон на постојани пропорции и го постави законот за зголемени пропорции. Прв ги одредуваше атомските тежини и хемиските елементи. Ги испитуваше особините на гасовите, го постави законот за парцијалните притисоци и се занимаваше со метеорологијата. Бидејќи страдаше од слепило за боја, ја проучуваше и таа анатомија, која по него е наречена “далтонизам”. Умре на 27 јули 1844 година.

1860.- Родена е Џејн Адамс, општествен реформатор, добитник на Нобеловата награда за мир во 1931 година. Се занимаваше со практично решавање на социјалните проблеми и беше претседател на Меѓународната женска лига за мир и слобода.

1876.- Роден е шкотскиот физиолог Џон Џејмс Рикард Меклауд, кој заедно со канадскиот физиолог Фредерик Грантом Бантинг во 1923 година ја подели Нобеловата награда за медицина за откривањето на инсулинот.

1901.- Во Бафало, во САД е извршен атентат врз американскиот претседател Вилијам Мекенли кој умре по една недела, а на 14 септември истата година Теодор Рузвелт стана нов претседател на САД.

1903.- Кај селото Витишево, Кочанско, во борба против турската армија загина Милан Трајков Стоилов, македонски револуционер, еден од основачите и секретар на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург, член на Тајниот македонско-одрински кружок и учесник во Илинденското востание. Роден е во Кукуш, на 14 јануари 1881 година.

1914.- Почна битката на реката Марна, една од најважните во Првата светска војна. Таа го означи пресвртот на боиштето, бидејќи француската војска ја порази германската, која до тој момент бележеше голема предност.

1940.- Романскиот крал Карол Втори Хоенцолерн во Втората светска војна абдицираше во корист на неговиот син Михајло.

1943.- Поради акциите што ги преземаше Вториот кичевски НОП одред низ Копачијата, италијанскиот окупатор заедно со балистичките банди го запалија селото Извор, Кичевско, во  пожарот изгореа повеќе куќи и плевни.

1944.- Ослободено е Кратово.

1944.- Царската влада на Бугарија и објави војна на нацистичка Германија. Одлуката е донесена во моментот кога единиците на Црвената армија веќе дојдоа до бугарската граница. Бугарија дотогаш беше сојузник на Третиот Рајх.

1962.- Во Струга започна првата поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Најзначајната награда на Струшките вечери на поезијата е “Златниот венец”, која првпат му е доделена во 1966 година на советскиот поет Роберт Иванович Рождественски за најдобра песна. Од 1971 година “Златниот венец” се доделува за целокупен поетски опус.

1966.- Јужноафриканскиот премиер Хендрик Френш Фервуд за време на парламентарната дебата во Кептаун го уби собранискиот курир Димитрик Кафондас. За време на неговото владеење од 1958 година донесени се најголем дел закони со кои се регулира системот на апартхејдот во Јужна Африка.

1968.- Африканското Кралство Свазиленд се стекна со независност од Велика Британија, која со неа владеела од 1881 година.

1970.- Палестински терористи грабнаа четири авиони кои летаа од Европа во Њујорк. Следниот ден во Карио го запленија авионот “Боинг 747” на американската компанија “Пан американ”, а двата “Боинга 707” ги дигнаа во воздух на 12 септември 1970 година во Јордан. Четвртиот авион го спуштија во Лондон, а грабнувачката Лејла Калед беше уапсена.

1974.- Претставници на Фронтот за национално ослободување на Мозамбик и претставници на португалската Влада склучија спогодба за независност на Мозамбик.

1975.- Во катастрофалниот земјотрес што ја зафати Турција загинаа околу 2.350 лица.

1989.- При пад на кубански патнички авион во предградие на Хавана, непосредно пред полетувањето, загинаа 170 лица.

1991.- СССР ги призна за независни Литванија, Летонија и Естонија.

1991.- Ленинград го врати старото име Санкт Петербург.

1994.- Ирскиот премиер Алберт Рејнолдс првпат во име на ирската влада се сретна со Џери Адамс, лидерот на северноирската партија Шин Фејн со кој разговараше за политичко решавање на долгогодишната криза во судирот меѓу римокатолиците и протестантите во Северна Ирска.

1998.- Умре јапонскиот филмски режисер Акира Куросава, кој ја прослави јапонската кинематографија. Куросава е единствениот режисер добитник на два Оскара за најдобар странски филм. Успешно ги спои јапонската традиција и култура со европскиот сензибилитет, а критичарите го нарекоа “цар на јапонската кинематографија”. Филмови: “Седум самураи”, “Крвавиот престол”, “Идиот”, “Да се живее” и други. Роден е во Токио, на 23 март 1910 година.

2001.- Британецот Питер Бреј прв со кајак го преплива Атлантскиот Океан, за што му беа потребни 75 дена.

2002.- Германската Влада одлучи да им исплати повеќе од две милијарди евра надомест на спортистите од поранешна Источна Германија подложени на систематската програма за допионг од седумдесеттите години на 20. век.

2007.- Во Модена умре светски познатиот италијански тенор Лучано Павароти. На Павароти му беше поставена дијагноза рак на панкреас по што му беше направена операција. Неговата светска слава почна на 17 февруари 1971 година со настапот во њујоршкиот Метрополитен. Во 1990 година се здружи со Хозе Карерас и Пласидо Доминго. Павароти доби неколку „Греми“ награди. Поради здравствените проблеми тој се прости од настапите во 2004 година. Роден е во Модена на 12 октомври 1935 година. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ