• Latest

7 септември низ вековите

September 7, 2018

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН го прифати американскиот план за мир во Газа

November 18, 2025

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук страната на германската амбасада во Приштина

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул денеска во Скопје

November 18, 2025

Бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции до 21 ноември

November 18, 2025

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

7 септември низ вековите

September 7, 2018 06:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1533.- Родена е англиската кралица Елизабета Прва, ќерка на кралот Хенри Осми и неговата втора жена Ане Болен. Во текот на 45-годишното владеење Елизабета Прва успешно ги консолидира внатрешните прилики и одлучувачки придонесе Англија да излезе на сите светски мориња. Во 1588 година со победата над шпанската „Непобедлива армада“ стана прва поморска сила. Во текот на нејзиното владеење, во 1566 година е основана Лондонската берза. Во 1587 година со погубувањето на заробената шкотска кралица Марија Стјуарт, предводничка на римокатоличката струја, ја осигура превласта на англиканската црква.

1701.- Со договорот потпишан во Хаг, познат под името „Големата алијанса“, е создаден сојуз меѓу Англија, Холандија и Светото римско царство за војна против Франција.

1764.- Станислав Поњатовски е крунисан за крал на Полска. Тој беше последниот крал во полската историја, а судбината му ја додели и улогата на гробар на полската независност бидејќи кон крајот на 18. век се вмешаа моќните царства Русија, Прусија и Австрија кои ја поделија Полска. Како независна држава Полска е обновена дури во 1918 година.

1812.- Кај селото Бородино, близу Москва, почна прочуената Бородинска битка меѓу француската војска на Наполеон Бонапарта и руската војска предводена од фелдмаршалот Михаил Иларионович Кутузов. Бородинската битка е една од најкрвавите битки во 19. век во која војуваа 133.000 француски и 117.000 руски војници, а во која загинаа 50.000 француски војници, меѓу кои и 47 генерали и 44.000 руски војници. Иако се чинеше дека битката е без победник, по засилувањето на Кутузовата војска Наполеон беше принуден да се повлече. Во 1814 година руските војски, заедно со армиите на своите сојузници влегоа во Париз.

1822.- Република Бразил доби независност. Бразил беше португалска колонија од 1530 колонија. – Национален празник на Бразил.

1860.- Италијанскиот револуционер Ѓузепе Гарибалди со своите „црвенокошули“ го зазеде Неапол кој беше под австриско влијание. Тогаш конечно е укинато Неаполското кралство, а локалната династија Бурбон отиде во прогонство.

1901.- Со мирот во Пекинг заврши таканареченото Боксерско востание во Кина. Тоа беше бунт на селаните и на градската сиромаштија против странските империјалисти и домашните угнетувачи (1899-1900). Востанието го предводеа членовите на тајното здружение „И хе таун“, а беше задушено со заедничка акција на трупите на европските сили, на Јапонија и на САД.

1909.- Роден е американскиот филмски режисер од ерменско потекло Елија Казанџоглус, познат како Елија Казан. Добитник е на награда на фестивал во Венеција, како и на повеќе оскари. Филмови: „Едно дрво расте во Бруклин“, „Пинки“, „Бумеранг“, „Џентлменски договор“, „Паника на улиците“, „На брегот“, „Трамвајот наречен желба“, „Вива Запата!“, „Источно од рајот“, „Беби Дол“, „Дива река“.

1913.- Роден е американскиот физичар Џејмс Алфред ван Ален. Тој ги откри двата појаси на зајакнато зрачење кои ја обвиваат Земјата. Појасите во форма на прстени, подоцна се наречени „Ван Еленови радијациски појаси“, кои ги откри со помош на Гајгер-Мелеровите бројачи поставени во 1958 година на вештачите сателити „Експлорер 1“ и „Експлорер 2“.

1940.- Авионите на нацистичка Германија го почнаа бомбардирањето на Лондон. Оваа акција беше познато под името Лондонски блиц.

1962.- Тајван ги прекина дипломатските односи со Лаос, неколку часа по воспоставувањето на дипломатските односи на Лаос со Кина и со Северен Виетнам.

1989.- Во Скопје умре Борис Атков, македонски борец во Шпанската граѓанска војна (1936-1939) и учесник на Првото заседание на АСНОМ. Голем е неговиот придонес во развојот на културата и филмот во Македонија. Роден е во Скопје, во 1904 година.

1992.- Белорусија ја призна Република Македонија, а истовремено донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји.

1993.- Во Скопје е пуштена во работа меѓународната телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и Република Бугарија, на релацијата Скопје – Софија.

1993.- Шест поранешни советски републики – Русија, Белорусија, Казахстан, Узбекистан, Ерменија и Таџикистан – потпишаа договор за задржување на рубљата како заедничка валута.

1995.- Во Белград умре Радослав Лола Ѓукиќ, истакнат југословенски режисер, драматург и сценарист. Роден е во Смедерево, во 1923 година.

1997.- Во Скопје е отворен првиот Мекдоналдс ресторан во Македонија (во светот има повеќе од 20.000 Мекдоналдс ресторани).

1999.- Во земјотрес во Атина загинаа 139 лица.

2005.- Умре италијанскиот пејач и текстописец Серџо Ендриго, кој во шеесеттите години од 20. век се прослави со хитот “Io che amo solo te”. Со песната “Canzone per te” победи на музичкиот фестивал во Сан Ремо во 1968 година.

2005.- Во Египет се одржани првите непосредни повеќепартиски претседателски избори на кои Хосни Мубарак по петти пат го освои шестгодишниот претседателски мандат. На претходните избори Мубарак беше избиран како единствен кандидат во египетското собрание. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ