• Latest

Почнува комисиската расправа за Законот за ЈО, но и за планот Б

August 29, 2019
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Почнува комисиската расправа за Законот за ЈО, но и за планот Б

August 29, 2019 08:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието денеска треба да почне комисиската расправа за Предлог законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на СЈО, а за кој Парламентот во вторникот одлучи да се носи по скратена постапка. На седницата на матичната Комисија за европски прашања, на дневен ред е и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители, кој што исто така ќе се носи по скратена постапка.

Министерката за правда Рената Дескоска во вторникот, во изјава за медиумите дадена по изгласувањето на потребата од донесување на овој закон по скратена постапка, најави дека доколку не се обезбеди двотретинско мнозинство, тогаш во опција се други решенија, а едно од нив, како што рече, се измени во Законот за Советот на јавни обвинители, кој се носи со 61 глас.

Премиерот Зоран Заев по вчерашната посета на рудникот „Бучим“ во Радовиш, изјави дека најздравото решение за обвинителството е ако законот се донесе со консензус, при тоа оценувајќи дека министерката за правда Дескоска со изјавата за планот Б за обвинителство не кажала ништо ново.

„Никој не посакува да бараме решение така притиснати од време, сите седнати на маса, политичарите, парламентарците и сите да изнаоѓаме решение. Затоа секогаш постојат алтернативи, со кои можат да се најдат решенија. Но, најздраво решение е она коешто со консензус ќе го донесеме сите, како што пропишал уставотворецот, законодавецот со најмалку две третини. Јас верувам дека со консензус е возможно тоа да се донесе, се со конечна цел и овој значаен сегмент од правосудството – јавната обвинителска дејност да ја гарантираме во иднина“, вели Заев.

Со цел јакнење на капацитетите на судската власт, Заев кажа дека со ребалансот на буџетот предвидени се 150 милиони денари или околу 2,5 милиони евра да се исплатат на судиите, коишто имаат побарувања од 2016 година, а за обвинителството оваа сума е 93 милиони денари. Заев додаде дека со планирањето на новиот буџет за 2020 година се прават и анализи за зголемување на коефициентот за вработените во судството. Заев истакна дека демократските процеси одат рака под рока со демократските чинители, затоа се и власта, опозицијата, Владата и Парламентот.

„Верувам дека овие преостанати неколку дена ќе не направат доволно мудри и одговорни сите, да бидеме одговорни пред граѓаните и да го усвоиме со консензус законот за јавно обвинителство“, рече Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, на новинарско прашање во врска со изјавата на Дескоска дека доколку нема двотретинско мнозинство за законот за јавно обвинителство, можно е измените да се донесат преку Законот за Советот на јавни обвинители, со став дека кај неа гледа желба за освета и омраза кон ВМРО-ДПМНЕ и оти министерката треба да си поднесе оставка.

„Таа со нејзината прес-конференција наместо да искористи прилика да се извини на граѓаните на Република Македонија поради оние непримерни моменти прегрнувања и непосредности со познатото лице Боки тредичи да даде неотпвиклива оставка. Гледаме дека она не само што тоа не го направи туку напротив повикува и на омраза и освета кон опозицијата не водејќи сметка да направи реформи во правосудството неводејќи сметка да направи реформи во обвинителството, нејзина единствена цел е како да се најде начин да се пресмета со политичките неистомисленици“, рече Мицкоски при посетата на Берово.

Според власта, главен камен на сопнување меѓу власта и опозицијата останува статусот на предметите што ги води СЈО.
„Клучната разлика останува околу ефикасното завршување на судските постапки кои се почнати од Специјалното јавно обвинителство. За жал, преовладува мислењето и впечатокот дека на ВМРО-ДПМНЕ му е поважно да ги спасат оние кои се обвинети во постапките од СЈО, отколку да овозможат ефикасно водење на судските постапки и со тоа обезбедување на отворање на преговори за пристап кон Европската унија“, изјави Дескоска.

Пратеникот Антонио Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ завчера побара од министерката за правда да си поднесе оставка. По изгласувањето на одлуката Предлог-законот за јавно обвинителство да се носи по скратена постапка, Милошоски во собраниската прес-сала изјави дека во мандатот на Дескоска има најголем политички и судски скандал.

Според него, се злоупотребува европското знаменце за да се донесе Предлог-законот за јавно обвинителство. Сепак, најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во амандманската расправа по предложеното законско решение. Повтори дека судските процеси на СЈО треба да продолжат, но како партија сметаат дека треба да се почитува постоечкиот закон на СЈО каде, како што рече, пишува дека мандантот на помошниците обвинители не може да биде подолг од мандатот на специјалната обвинителка. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека обвинителите од СЈО треба да се вратат во обвинителствата од кои што дошле.

Со Предлог законот за ЈО се предвидува Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, односно СЈО и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се спојат во едно јавно обвинителство кое ќе го носи називот Јавно обвинителствоза гонење организиран криминал и висока корупција.

Надлежностите на СЈО и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција треба да преминат во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, кое ќе продолжи да ги води започнатите постапки во фазата во која се преземени. Понатаму, според предложениот законски текст, актуелниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска се предлага да продолжи да ја врши својата функција како јавен обвинител на Јавното обвинителство за организиран криминал и висока корупција до завршување на мандатот за кој е избрана.

Во однос на јавниот обвинител кој раководи со СЈО, се наведува, по завршувањето на мандатот се применува член 68 ставот (4) од овој закон (Јавниот обвинител на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока  корупција кој нема да биде повторно избран, Советот на јавни обвинители на РСМ го распоредува за јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија). Инаку, Советот за јавни обвинители, денеска ќе цени дали ќе започне постапка за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која во моментов е во притвор во затворот Скопје за предметот „Рекет“ на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Воедно, јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжуваат да ја вршат својата функција во Јавното обвинителство за организиран криминал и висока корупција до завршување на мандатот за кој се избрани, а јавните обвинители во СЈО до истекот на петте години од денот на нивниот избор.

Со денот на отпочнување на примената на овој закон, вработените во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и вработените во СЈО се прераспоредуваат во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција на соодветни работни места согласно со нивните претходно стекнати звања и работни места. Истото се однесува и за истражителите што се доделени на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и на Јавниот обвинител на СЈО кои продолжуваат да ги вршат своите активности во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, а архивата, материјалните средства и опремата кои ги користи и поседуваат ОЈО за организиран криминал и корупција и СЈО, исто така преминуваат како материјални средства и опрема на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција со право да ги користи и да располага со нив.

Во преодните и завршни одредби од законот пропишано е тој да отпочне да се применува од 15 септември годинава


Извор МИА

Share41Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ