• Latest

ИФИМЕС: Нападот на Северна Македонија сличен на нападот на Црна Гора пред членството во НАТО

September 10, 2019

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ИФИМЕС: Нападот на Северна Македонија сличен на нападот на Црна Гора пред членството во НАТО

Според аналитичарите, се вели во анализата на ИФИМЕС, актуелните случувања во Северна Македонија се последица на сеопфатна, планирана, координирана, темелна и вешто подготвена разузнавачка акција на надворешни и внатрешни фактори со цел запирање на евроатланскиот пат на земјата.

September 10, 2019 12:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Актуелните случувања во Северна Македонија се последица на сеопфатна, планирана, координирана, темелна и вешто подготвена разузнавачка акција на надворешни и внатрешни фактори со цел запирање на евроатланскиот пат на земјата, пишува Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС од Љубљана, Словенија, во опширната анализа за политичката ситуација на Косово – Албанија – Северна Македонија 2019 година.

Во анализата ИФИМЕС потсетува дека Република Северна Македонија го потпиша протоколот на НАТО членство на 6 февруари 2019 година, дека во тек е ратификацијата на протоколот во државите членки на НАТО и се очекува полноправното членство на Северна Македонија да се потврди на НАТО самитот во Лондон во декември годинава.

– Нападите врз Северна Македонија, односно обидите за дискредитирање на власта и институциите на државата ќе продолжат. Искуствата покажуваат, дека нешто слично се случуваше и во Црна Гора, се до моментот на нејзино полноправно членство во НАТО. Меѓународната разузнавачка операција „Рекет“ долго е подготвувана и вешто осмислена надвор од Северна Македонија. Внимателно се избрани/договорени актери за одредени улоги. Во Северна Македонија не постоеше соодветна контраразузнавачка заштита на премиерот Зоран Заев (СДСМ) и другите високи функционери во државата. Поради тоа е потребно забрзано спроведување на реформи на безбедносно-разузнавачкиот и одбранбен сектор, бидејќи се уште во тој сектор доминираат кадри на поранешниот премиер Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), односно екс шефот на македонската тајна служба Сашо Мијалков (ВМРО-ДПМНЕ). На клучни позиции во македонската војска се уште се наоѓаат кадри од претходниот режим. Проверувањето (ветингот) кое започна во рамки на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е прв чекор кон целосно професионализирање на безбедносните структури. Во меѓународната разузнавачка операција „Рекет“ насочена против Република Северна Македонија и нејзиното водство учествуваат освен разузнавачи, политичари, поединци од државни институции, новинари, естрада, бизнисмени, професори, медиуми и голем број поединци, кои се (не)свесно вовлечени во оваа разузнавачка операција. Цел на разузнавачката операција „Рекет“ е дискредитирање, криминализација, елиминација и последователно уривање на Зоран Заев и неговата Влада, предизвикување хаос и преземање на власта со или без одржување на предвремени избори, се наведува во анализата на ИФИМЕС.

Според аналитичарите, се вели во анализата на ИФИМЕС, актуелните случувања во Северна Македонија се последица на сеопфатна, планирана, координирана, темелна и вешто подготвена разузнавачка акција на надворешни и внатрешни фактори со цел запирање на евроатланскиот пат на земјата.

– Благодарение на навремена реакција и напорите на безбедносно-разузнавачкиот сектор, сепак е спречен распад на земјата, кој бил подготвен за реализација. Според проценките, режимот на Никола Груевски неказнето изнел од Северна Македонија над пет милијарди евра, а за операцијата за уривање на власта се издвоени 50 милиони евра, се вели во анализата на ИФИМЕС.

Затоа, продолжува анализата, од исклучителна важност е да се забрза евроатлантскиот пат на Северна Македонија и да се помогне државата заедно со полноправното членство во НАТО да добие и датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври 2019 година.

– Според искуството од Црна Гора нападите на Република Северна Македонија, особено врз премиерот на државата Зоран Заев, но и врз клучните државни институции (како правосудниот систем) ќе продолжат со зголемен интензитет, бидејќи со шок-доктрина се прават обиди да се дестабилизира земјата, да се создаде хаос и оневозможи нејзино членство во НАТО, и по нелегален пат да се преземат институциите, односно да се дојде на власт. Затоа е особено важно за македонските власти што е можно побрз да се постигне договор меѓу главните политички актери и да се донесе законот за Специјалното јавно обвинителство, бидејќи со тоа ќе се потврди определеноста за борба против криминалот и корупцијата и воспоставување на владеење на правото, се наведува во анализата на ИФИМЕС.

Според аналитичарите, затоа е важно во Северна Македонија да се формираат и развијат силни државни институции, а не поединци да бидат синоним за институции, на што предупредува и ЕУ.

– Посебно е важно, со воспоставување на владеење на правото во државата повеќе да нема недопирливи поединци и правни лица. Затоа во Северна Македонија ќе биде неопходно спроведување на полициско-правосудна акција „Сабја“ по примерот на Србија од 2003 година, а тоа значи да се направи пресек и целосна пресметка со криминалот и корупцијата. Секое друго парцијално решение дополнително ќе ги усложни односите во Северна Македонија, која во изминатите две години земја-случај стана земја-надеж за останатите за останатите земји од регионот, се вели во анализата на ИФИМЕС.

Во воведот на анализата ИФИМЕС пишува дека конфронтацијата на светските сили и важни регионални играчи се уште има силни последици во регионот на Западен Балкан, каде се уште важи системот на „поврзани садови“, односно нестабилноста, како и стабилноста, во еден брзо се пренесува во другите делови на регионот. / МИА

Share68Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ