• Latest

СЕММ: „Алсат-М“ со прилогот за МХЕ Тополки го прекрши кодексот на новинарите

September 18, 2019
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

СЕММ: „Алсат-М“ со прилогот за МХЕ Тополки го прекрши кодексот на новинарите

September 18, 2019 16:39
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за жалби при Советот на етика во медиумите на Македонија (СЕММ) на седница одржана на 10 септември 2019 година, врз основа на примена жалба од „Друштво МХЕ Тополки“ за прилогот на „Алсат-М“ насловен „Службеници кои се посомневале за „Тополки“ на Анѓушеви завршиле зад решетки“ донесе одлука дека е прекршен Кодексот на новинарите на Македонија во членот 1.

Според жалителот и во самиот наслов на прилогот и во дел од содржината, „Алсат-М“ директно инсинуирал за поврзаност на двата случаи, повикувајќи се на документ кој што не бил јавно прикажан.

„Комисијата, најнапред, утврди дека прилогот произлегува од јавниот интерес и дека станува збор за серијал текстови, кои ја следат постапката за закуп на државно градежно земјиште од страна на приватна компанија, чиј управител е во роднинска врска со висок владин функционер. Комисијата се согласи дека и активностите на семејствата на носителите на јавни функции и евентуалниот конфликт на интереси, треба да подлежат на строг јавен надзор, а дека во исто време, приватните компании, како и јавните институции, не смеат да бидат изземени од теми за кои јавноста има право да биде информирана.

Во овој контекст новинарот може да објави нешто за кое што нема доволно докази, а за кое има основано сомнение. Основано сомнение подразбира презентирање аргументи, кои се разумни и кои се индикатор дека нешто е вистина, без да имаме конкретен доказ за вистинитоста.

Комисијата заклучи дека прилогот на Алсат-М во најголем дел е професионален и етички, но дека сепак авторот отстапил од основното новинарско правило, да побара став од сите засегнати страни, во случајов, и од фирмата „МХЕ Тополки“. Со тоа, медиумот ќе обезбедел целосна и уште пообјективна информација, наместо да смета дека е доволно да се обрати само до Владата, која е само една од страните во новинарскиот производ“, стои во одлуката на Советот на етика во медиумите на Македонија. 

 

Share14TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ