Во интервју за Фактор, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, зборува за состојбите во партијата од која беше номиниран како кандидат за градоначалник, но и беше разрешен од функцијата потпретседател поради јасниот став околу референдумот.
„Кај си бе градоначалниче, јас им реков, кај сте бе вмровци и така…“, вака Јанчев за Фактор ја опишува последната средба со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, за време на кавадаречкиот гроздобер кога решил да го поздрави раководството кое дошло во посета на неговиот град.
За потесетување, ЦИВИЛ Медиа, неодамна направи интервју со Јанчев во кое зборувавме за две големи теми: локалните политики и практики со акцент на зелените политики и актуелните политички состојби во земјата.
М. И.












