Државната комисија за спречување на корупција, на 8 октомври, во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје, со почеток од 9 и 30 часот, организира тридневна работилница за изработка на Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020 -2024.
Учество на работилницата ќе земат претставници на сите релевантни институции и организации, како и домашни и меѓународни експерти и истата ќе трае до 10 октомври.
Воведни обраќања ќе имаат Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК, претседателот на Собранието Талат Џафери, вицепремиерот Бујар Османи, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски и професорот Методиј Чепреганов.
На тридневната работилница учесниците ќе имаат можност да научат да распознаат ризик од корупција во политичкиот систем и политичките партии, правосудството, органите за спроведување на закони, јавниот сектор, урбанизмот, животната средина и земјоделието, образованието, спорт и труд и социјална политика, здравството, јавните претпријатија и АД во државна сопственост, економијата и бизнис секторот, како и граѓанскиот сектор и медиумите.
А. П.