• Latest

Спасовски: Достигнувањето на целите утврдени во Глобалниот пакт за бегалци е обврска на целокупната меѓународна заедница

October 7, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Достигнувањето на целите утврдени во Глобалниот пакт за бегалци е обврска на целокупната меѓународна заедница

October 7, 2019 13:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Фактот што денес приближно 71 милион луѓе се присилно раселени низ светот, која е впрочем најголемата бројка досега, е доволен аларм којшто треба да ја мобилизира целата меѓународна заедница, во потрага по конкретни и квалитетни решенија во сферата на миграциите. Згора на ова, половината од речиси 26 милиони евидентирани бегалци, се луѓе помлади од 18 години, што претставува особено ранлива категорија, изложена на разни ризици, вклучително и на трговија со луѓе и разни други форми на експлоатација“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето обраќање денеска во Женева, Швајцарија, во рамки на Седумдесеттата сесија на Извршниот комитет на Програмата на Високиот комесар за бегалци на ОН од сегментот за апатриди (без државјанства) при УНХЦР.

Во своето излагање министерот Спасовски нагласи дека усвоениот Глобален пакт за бегалци, како дел од меѓународните норми на заштита, е особено важен документ за обезбедување на релевантна меѓународна помош за бегалците, и дека достигнувањето на клучните цели утврдени во овој документ е обврска на целокупната меѓународна заедница.

„Владата на Република Северна Македонија неодамна го усвои Законот за ратификација на Конвенцијата за намалување на бездржавјанството, којшто е веќе во собраниска процедура. Ова прашање е високо на агендата на УНХЦР и на актуелниот Генерален секретар на ООН, но истовремено е и приоритет за Владата на Република Северна Македонија, како дел од Акцискиот план за имплементација на Целите за одржлив развој и исполнувањето на фундаменталното начело – ‘не оставај никој зад себе’, од Агендата 2030“, потенцираше Спасовски.

Истакнувајќи ја континуираната поддршка од невладиниот сектор, како и од низа меѓународни организации и асоцијации, меѓу кои и УНХЦР, во справувањето со проблемите и процесите на регистрација на лица кои не поседуваат документи, министерот Спасовски подвлече дека: „Концептот ‘Едно општество за сите’ нема да го достигне замислениот успех ако дури само и едно лице во нашата држава е изоставено од институционалната грижа и останало без граѓански идентитет. Во доба на живеење кога секоја уличка може да се најде со помош на Google мапите, не смее да се дозволи на луѓето да им недостасува тој еден документ, којшто ги одвојува од другите, што им го ускратува пристапот до основната грижа и уживањето на фундаменталните права“.

Share43Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ