• Latest

Кина „дете“ на глобализацијата, кое израсна во џин

October 14, 2019
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

September 17, 2025

Ново обвинение за Мерко за осветлувањето на коритото на Црн Дрим

September 17, 2025
Љубомир Костовски, фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ

Од локални избори до геополитички фронтови: Разговор со Љубомир Костовски

September 17, 2025
Алексеј Навални. Фото: Скриншот

Вдовицата на Алексеј Навални тврди дека лабораториските тестови докажуваат дека рускиот опозициски лидер бил отруен во затвор

September 17, 2025

Заврши „училишна кошничка“: По ученик е заштедено од 750 до 2.000 денари, тврди Ристески

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кина „дете“ на глобализацијата, кое израсна во џин

Глобализацијата предизвика тектонски промени во меѓународниот економски и политички поредок. Главен идеолог на глобализацијата и на неолиберализмот беше Френсис Фукујама, кој настапи со став дека Америка  не треба  да извезува стоки, а дефицитот во трговскиот и платниот биланс би се покривал со извоз на услуги!

October 14, 2019 09:29
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: КОСТА СТОИМЕНОВСКИ

Професорот на белградскиот Економски факултет Љубиша Адамовиќ, на  предавањата што ги држеше на постдипломските студии пред 50-тина години, зборувајќи за критериумите кои треба да ги исполни некоја земја за да се здобие со статус на голема сила, нагласи дека треба да има голема територија, многубројно население и/ли да биде богата со природни, минерални и енергетски ресурси. Елаборирајќи го значењето на бројот на населението, нагласи дека земја која има една милијарда жители, со акумулација од само еден долар на жител може да обезбеди акумулација од една милијарда долари, што во тоа време беше импресивна бројка. Меѓутоа, Професорот не кажа дека голема сила може да постане и земја која има мудри државници со визија за иднината на државата! Доколку го имаше предвид и овој елемент, Професорот можеше пророчки  да ја посочи  Кина како можен иден светски лидер!

Во времето на Мао Це Тунг, Кина спроведувеше политика позната како „Големиот скок напред“, која беше насочена на изградба на „челичани во секое село!“ Оваа политика се покажа целосно погрешна, меѓутоа, во тоа време се направија и некои добри работи, како на пр. електрификација на земјата и масовно описменување на кинеското население, што се покажа како мошне важен предуслов за успешна реализација на реформите на Денг Сјаопинг, кои придонесоа за брз економски развој на Кина во последните 40-тина години! По смртта на Мао Це Тунг и по Културната револуција Кина се определи за политика на државен капитализам, кој на компаниите им овозможува слобода за претприемништво и за иновации, но, под контрола на државата со цел реализација на зацртаната државна економска стратегија!  Развиените западни земји, пак, се определија за неолиберална економска политика, која е насочена првенствено на задоволување на интересите на транснационалните корпорации, кои најчесто се спротивни на  интересите на државата! Водејќи сметка за остварување на максимални профити, транснационалните корпорации своите фабрики ги преселија во неразвиените земји во кои платите на работниците се неспоредливо помали отколку во развиените земји! Во почетокот фабриките се преселуваа во земјите од југо-источна Азија, кои дадоа силен замаец на  нивниот економски развој! Истовремено развините земји од кои беа преселени фабриките претрпеа значителни штети, дојде до забавување на економскиот развој, порасна невработеноста, постојано растеше трговскиот дефицит и слично. Кога согледаа дека ја утнале работата, развиените земји почнаа да си ги враќаат фабриките, меѓутоа, тој процес се одвива бавно поради судирот на интересите на државата и транснационалните корпорации. На тој план посебно активен е американскиот претседател Трамп!

Глобализацијата предизвика тектонски промени во меѓународниот економски и политички поредок. Главен идеолог на глобализацијата и на неолиберализмот беше Френсис Фукујама, кој настапи со став дека Америка  не треба  да извезува стоки, а дефицитот во трговскиот и платниот биланс би се покривал со извоз на услуги! Неолибералниот економски модел беше официјализиран и потврден со договорите што беа постигнати на средбата на американскиот претседател Роналд Реган и британската премиерка Маргарет Тачер, која се одржа во Вашингтон во 1981 година. Кога согледа дека работите не се движат согласно очекувањата,  дури и самиот Фукујама призна дека ја утнале работата! Во преструктуирањето на светската економија, кое го наметна глобализацијата, Кина излезе како  најголем добитник, така што  не е чудно тоа што кинескиот лидер Си Џингпинг на Економскиот форум во Давос, пред околу четири години, се заложи за „робусна одбрана на глобализацијата“! Благодарејќи на ниските плати, Кина произведува ефтини производи за широка потрошувачка кои ги извезува на пазарите на богатите земји, остварувајќи огромни суфицити во трговијата со САД и земјите од ЕУ! Со парите што ги стекна од трговијата со богатите земји, Кина започна да спроведува експанзионистичка политика кон пооделните географски региони. На почетокот вложи огромни инвестиции во Африка со цел обезбедување на суровини за својата индустрија, а  потоа почна да инвестира и во земјите од Латинска Америка! Во последните десетина години Кина настапува мошне офанзивно кон  земјите од централна и источна Европа, со цел овие земји да послужат како мост за настап во ЕУ. Токму со ваква цел, Кина ја  лансира идејата за обнова на „Патот на свилата“, а за реализација на оваа идеја го купи пристаништето Пиреја во Грција,  пристапи кон модернизација на железничката пруга Белград-Будимпешта, а најави дека ќе го моденизира и преостанатиот дел од железничката пруга Атина-Будимпешта! Кина има програма за иневстирање на 13 милијарди долари во земјите од триаголникот на трите мориња (Балтичко, Јадранско, и Црно Море). Во последно време, Кина е сепак најактивна во Србија каде гради скапи мостови (Земун-Борча) и модерни автопати, а со свој капитал влезе и во смедеревската железара и во РТБ Бор!

Подемот на Кина предизвикува „ноќна мора“ кај американските и западно-европските политичари. Во последно време доаѓа до сериозни пукотини во темелите на Евро-атлантската заедница, кои во периодот на Студената војна беа мошне цврсти! Се поочигледно е дека САД и земјите од западна Европа се определуваат за политиката „спасувај се како знаеш и умееш!“ Трамп започна царинска војна со Кина, а во последно време најавува слична војна и со ЕУ! Америка бара од ЕУ да ја спречи експанзијата на Кина и на Русија во Европа, а  од земјите што се наоѓаат во спомнатиот триаголник бара да се воздржуваат од користење на кредити од Кина и ангажирање на кинески  градежни компании во изградбата на инфраструктурни објекти, како и да го ограничат увозот на природен гас од Русија! Сите земји кои се погодени од ваквата американска политика веќе возвраќаат со реципрочни мерки!

Во времето на Џорџ Буш-постариот, САД имаа надворешно-политичка стратегија согласно која Америка може истовремено да води две војни од кои една голема и една мала! Меѓутоа, во последно време САД отворија многу фронтови, што може да биде мошне опасно по мирот и стабилноста во светот. Америка е сеуште водечка сила во светот во областа на вооружувањето и финансиите, во поглед на економијата (БДП) се натпреварува со Кина, а во извозот со Германија. Меѓутоа, впечаток е дека Америка и Западот почнаа да заостануваат во трката со Кина во развојот на науката и технологијата!? Со издвојување 5% од својот БДП за развој на науката, Кина успеа да прерасне во лидер на четвртата индустриска револуција, односно во Информатичката технологија (ИТ). Благодарејќи на мошне кавлитетното високо образование, во Кина постојат бројни тимови во кои членуваат научници од разни бранши кои се занимаваат со асимилација на туги знаења, но и со сопствени научни проекти! Доколку САД и Европа не најдат одговор како да парираат  на Кина во развојот на науката и технологијата, без сомнение,  во иднина се поевидентно ќе заостануваат зад „забрефтаната“ Кина која е во силен економски подем! Значајно би било да се потенцира дека САД во однос на Русија водат кусогледа политика,  која води кон  зајакнување на  сојузништвото и соработката меѓу Русија и Кина.

Во времето кога Кина, благодарејќи првенствено на извозот на свои стоки во САД и ЕУ, ги поставуваше темелите на силна економија, водеше помирлива политика кон САД и избегнуваше какви било конфликти со оваа супер-сила, во последно време почна да покажува „мускули“ (реципрочно воведување на царина за увоз на американски стоки и сл.). Очигледно е дека „детето“ на глобализацијата веќе порасна, така што во иднина мора да се имаат предвид и неговите желби и интереси!

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    228 shares
    Share 91 Tweet 57
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ