• Latest

Царовска: Над 22.000 деца користат детски додаток

October 14, 2019
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Над 22.000 деца користат детски додаток

October 14, 2019 13:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштија, Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Институтот за социјална работа и социјална политика Скопје и канцелариите на УНИЦЕФ и Светска Банка организира регионална конференција на тема „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата”.

Со социјалната реформа се воспоставува праведна распределба на средствата, кои се насочени кон оние на кои навистина им се потребни. За првпат системот е отворен за лицата со ниски примања. Така, наместо 3.200 деца, детски додаток сега им следува 73.500 деца. Бројот на деца кои ќе примаат образовен додаток пак е предвидено да порасне од 3.800 на 64.316 деца. Вкупно, додатоците за семејства со деца кои живеат во сиромаштија се зголемуваат за повеќе од 100%.

„Пред 4 години ветивме дека кога ќе имаме можност да ги водиме институциите нема да се срамиме да им погледнеме на најранливите во очи. Денес сме горди на чекорите. 30.000 домаќинства земаат повисока социјална помош и над 22 илјади деца користат детски. Меѓутоа, она што сакам да го истакнам е дека целосно го менуваме начинот на кој се грижиме за ранливите групи граѓани. Точно е дека значително ја зголемуваме финансиската помош која ја добиваат, но истовремено овозможуваме поддршка за вработување, ги зајакнуваме услугите во заедницата и инвестираме во ран детски развој. Бидејќи сиромаштијата не треба да се пренесува од генерација на генерација“, истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Детската сиромаштија денеска е сѐ почест проблем во светот. Таа опфаќа индивидуални случаи, деца и семејства, го кочи нивниот развој и ја загрозува нивната благосостојба, но истовремено влијае врз целокупниот економски и општествен развој.

„Навистина ми е драго што со посветена работа Министерството за труд и социјална политика успешно ја имплементираше социјалната реформа. Ова беше едно од нашите главни ветувања и среќен сум што веќе го исполнивме. Граѓаните веќе земаат социјална помош повисока во просек за 300%. Ваков пораст на социјалната помош не се памети во државата“, истакна претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев.

„Многу држави го препознаваат значењето на инвестициите во децата и во мерки за превенција, и справување со сиромаштијата, која ја загрозува нивната благосостојба. Ова не е лесно. Свесни сме. УНИЦЕФ работи со сите држави во регионот, со цел да ги заштити децата од штетните ефекти од сиромаштијата“, истакна Патриција ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ во Северна Македонија.

Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка во Косово и Северна Македонија рече дека модерните системи за социјална заштита треба да им обезбедат на најранливите можност да излезат од сиромаштијата и да станат продуктивни членови на општеството.

„Во многу земји значителен број деца, едно од три, во Северна Македонија живеат во сиромаштија, многу од нив се ранливи, што значи дека тие живеат во фамилии кои се на прагот на сиромаштијата, и се во социјален ризик. Модерните системи на социјална заштита треба да бидат во можност да им помогнат на сите лица во социјален ризик, особено на сиромашните и ранливите не само во обезбедување на социјална помош, туку и во справување во време на кризи и шокови, наоѓање работни места, подобрување на продуктивноста, инвестирање во здравство и образование на нивните деца и во заштита на населението кое старее. Ако нивните фамилии се соочат со здравствени проблеми, губење на работните места или природни катастрофи. Земјите во регионот треба да се справат со овие предизвици, ако сакаат да го затворат јазот треба да ги достигнат европските стандарди во економиите“, рече Матоновели.

Конференцијата „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата” ќе трае два дена. На неа земаат учество голем број експерти, академици, граѓански организации од земјата и регионот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    238 shares
    Share 95 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    165 shares
    Share 66 Tweet 41
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ