• Latest

Заев: Со чувство на одговорност да развиваме култура која не прифаќа насилство

November 26, 2019
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Со чувство на одговорност да развиваме култура која не прифаќа насилство

November 26, 2019 10:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во вчерашното обраќање на почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, во организација на УНДП, како дел од одбележувањето на Меѓународниот ден за запирање на насилството на жената, изјави дека со чувство на одговорност треба да развиваме култра што не прифаќа насилство.

„Може да слушнеме безброј причини за сторено насилство, но ниту една причина не е доволна за да биде оправдано, кое било насилство. Ова се однесува и за насилството врз жените и девојчињата, што е наш фокус вечерва. Нема оправдување! Заедно сме во борбата против насилството врз жени и девојчиња! Тука сум, да ја потврдам цврстата определба на Владата на Република Северна Македонија, да се придружи под овогодинешното мото, во означувањето на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жената“, рече Заев.

Тој констатираше дека е добро што постојат заеднички реакции на институциите и домашните и меѓународните организации за овој постоечки проблем во светски рамки.

Заев, посочи дека заложбите и превземените мерки на Владата се целосно усогласени со заложбите на ОН.

„Работиме на механизмите со коишто треба да осигураме дека нема неказнивост кога станува збор за насилствата, во овој случај за насилството врз жени, без оглед на формата, или местото каде се случува, или кој е сторителот. Нулта толеранција мора да има и за јавните службеници поврзани со каква било форма на насилство – од говор на омраза, до вознемирување и за кој било друг на кое било друго работно место. Или дома. Со усвојувањето на Истанбулската конвенција, направен е важен чекор напред во однос на законодавството што се однесува на спречување, откривање и санкционирање на насилство врз жените. Фокусот сега е нејзино целосно спроведување“, додаде  Заев.

Заев истакна дека Владата работи на родовата еднаквост и зајакнување на жените во општеството низ: донесеното законодавство, со кое што се забранува дискриминација врз жените, усвоените и спроведени програми и мерки што промовираат имплементација на суштинска родова еднаквост во сите области, активностите за подигање на свеста и елиминирање на бариерите за родова еднаквост, којашто е еден од приоритетите на Владата и е дел од Програмата на Владата (2017-2020). Во приоритетите ги посочи: да се стави крај на секоја форма на дискриминација врз сите жени и девојчиња, да се елиминира секоја форма на насилство врз сите жени и девојчиња, да се обезбеди целосно и ефективно учество на жените и еднакви можности за лидерство на секое ниво, да се спроведат реформи, коишто им даваат на жените еднакви права на економски ресурси, донесувањето и зајакнувањето цврсти политики и применливо законодавство за унапредување на родовата еднаквост, обезбедувањето универзален пристап до сексуално и репродуктивно здравје и репродуктивни права.

Овие приоритети, како што посочи Заев, се во согласност со Агендата за одржлив развој до 2030 година и Целта 5 за одржлив развој, којашто предвидува: Да се постигне родова еднаквост и да се охрабрат жените и девојчињата. Тој рече дека се работи на развивање и подобрување на националните политики за превенција и заштита на жртвите на родово базираното насилство и по ратификацијата на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, подготвен е Акциски план за спроведување на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашно насилство 2018-2023 година.

„Во 21-от век, со високо крената свет на светско ниво за родово засновано насилство, особено насилството врз жените со што жените се принудуваат на потчинета положба, тоа е недозволиво. Не, нема и нема да има оправдување за домашно насилство, сексуално вознемирување, силување, присилен брак, кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“, трговијата со жени и девојчиња. Апелирам на сплотеност и слух. Секое девојче е наша ќерка и секоја жена е наша сопруга или мајка. Секоја жена и секое девојче, имаме заедничка обврска, да ги заштитиме!“, изјави Заев.

На настанот за борба против насилството врз жените и девојчињата, се обратија и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, министерот за здравство, Венко Филипче, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, координаторката на Обеднинетите нации во нашата држава, Росана Дуџак, шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Самуел Жбогар и шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ