пишува: МЕРСИХА СМАИЛОВИЌ
“Медиумската” пропаганда против мене и моето семејство со фабрикување на лажни вести и ширење верска и етничка омраза не стивнува.
Вистината е дека моите ставови не се и никогаш нема да бидат во контекст на антисемитизмот, расизмот и ксенофобијата! Сè друго е лага и клевета. Коментарот е сè уште на мојот ѕид во рамките на дискусијата за оправданост на користење на знамиња на етничките заедници, а не на знамињата на политичките партии, и при тоа е многу јасен.
Затоа, пред да се поверува на лажните информации, треба да се прочита убаво и да се провери вистината.
Борбата со лажните вести доаѓа од нас самите, дали ќе кликнуваме или ќе одлучиме да игнорираме.