• Latest

Пиперковски: Правосудниот систем е дувло за производство на криминал

March 11, 2020

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Пиперковски: Правосудниот систем е дувло за производство на криминал

March 11, 2020 13:54
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Доктор Тодор Пиперковски, од случајот „Метастаза“, на панелот на ЦИВИЛ, „Жртви на режимот – сведоштва и слики“ зборуваше за своето искуство со правосудниот систем и режимот.

„И мене ми беше тешко додека доаѓав наваму и мислев дали да доаѓам бидејќи поминаа 10 години од мојот притвор и 3 години од промената на власта, а големи битни промени не се случија. Но, сепак, сметам дека не треба да се престанеме, затоа што ваквите работи не смеат да се стават под ќилим, затоа што Македонија станува лошо место за живеење без промени во правосудниот систем“, истакна Пиперковски.

„Режимот удри на сите, почна со докторите затоа што тие како фела се прилично самостојни. Затоа што во светот секаде се ценети и затоа што тие се чувствуваат посигурни затоа што можат да најдат работа некаде во светот. Апсењето беше за да се уплаши докторската фела и да се направи маркетинг на самата партија на власт во тоа време. Но, истовремено, и за да се заташкаат некои други збиднувања. На пример, нашето апсење се случи два дена по интепелацијата на тогашниот министер Михајло Маневски“, вели Пиперковски.

„До апсењето имав розова претстава за правосудниот систем, а потоа сфатив дека тоа е дувло за производство на криминал“, вели тој.

„Осуден сум во предмет, за еден единствен случај, каде што еден психијариски случај кој не ни добил пензија, во време кога не сум ни бил во комисијата. Јас бев во притвор 512 дена за ништо!“, вели Пиперковски.

За состојбата во Затворот во Шуто Оризари вели дека е очајна ситуација, каде пред се се случува морална ерозија на личноста, но и многу нелогичности и неправди.

„Таму се фукнционира на принцип дај ми-на ти. Ти продаваат телефон, па ти го собираат, па повторно ти го продаваат истиот. Кога разговарав со син ми 5-6 го лажев дека сум во Америка, дека авионот се расипа… секој ден иста приказна. Додека седевме во истражниот затвор, министерот Михајло Маневски смислил да ги осовремени затворите и ни стави внатрешни блокатори кои не смеат да бидат на толкава близина и беа ставени камери“, се сеќава Пиперковски.

„Ние сме зборувале многу пати на ова тема и до сега само 2 случаи се повторно процесирани. Кога ќе се случи некаква казна никој не се интересира кои луѓе доведоа до оваа хаварија. Сметам дека е катастрофа ако не се изврши промена во правосудниот систем и на судии и обвинители но и некои служби и органи на МВР кои очигледно не функционираат онака како што треба. Ако не дојде до ваква работа апатијата на народот ќе се шири, а ние ќе поминеме бетер од “босанскиот лонец“, вели Пиперковски.

Тој смета дека не се живее добро во држава каде што не постои безбедност.

„Се би направил да ги тргнам децата од оваа земја, затоа што не сакам да живеат во држава која не ја гарантира нивната безбедност. Очајот станува уште поголем кога ќе видам настани од Собранието и сето тоа поминува со барање за неказнување и да не се споменат нашите случаи, тоа е погано и очајно. Кога ќе сретнам полицаец не се чувствувам пријатно. Немам зошто да ја чувам оваа држава ако таа не ме цени“, заклучи Пиперковски.

М. Ивановска

 

 

 

 

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ