• Latest

Гласај е аргумент, другото е изговор

July 10, 2020

„Стела“ повикува на протест пред МВР: Фемицидите се резултат на колективен системски крах

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

September 17, 2025

Ново обвинение за Мерко за осветлувањето на коритото на Црн Дрим

September 17, 2025
Љубомир Костовски, фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ

Од локални избори до геополитички фронтови: Разговор со Љубомир Костовски

September 17, 2025
Алексеј Навални. Фото: Скриншот

Вдовицата на Алексеј Навални тврди дека лабораториските тестови докажуваат дека рускиот опозициски лидер бил отруен во затвор

September 17, 2025

Заврши „училишна кошничка“: По ученик е заштедено од 750 до 2.000 денари, тврди Ристески

September 17, 2025
Кралот Чарлс и Доналд Трамп ја проверуваат кралската гарда во Виндзор. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Доналд Трамп пречекан во замокот Виндзор од кралот Чарлс и видни членови на кралското семејство

September 17, 2025

Уставен суд не поведе постапка за Правилникот на ДИК

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Илјадници Палестинци бегаат додека израелските трупи навлегуваат во градот Газа, што предизвика широка меѓународна осуда

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Гласај е аргумент, другото е изговор

July 10, 2020 07:49
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Кога почнува изборната кампања, многумина активни критичари на социјалните мрежи и портали, обично ги замрзнуваат активностите. Во тој месец дена, тие практикуваат да им го препуштам валканото бојно поле на партиите. Да не се лажеме и да не им го препуштиме, тоа тие со силната бустирана и спонзорирана машина, сами ќе си го преземат. Дали предизборната апстиненција од постирање е правилниот начин на не/делување, или таквото препуштање на бојното поле е она што алегорично кажано значи – војната за вас почна, бујрум испотепајте се, навистина до сега не сум навлегувал и искрено не ми било ни грижа. Едноставно, тоа станало непишано правило и премолчен коалициски пакт на многумина критичари.

За партиите сите избори се „живот или смрт“. Тоа е оној фаталистички период и приод од нивното дејствување кога се сумираат резултатите и се одлучува дали ќе добијат шанса да водат, или  да следат и седат во сенка до наредните избори.

Иронијата на општествената поставеност, сакале ние признале или не, е таква што за тие нивни одлуки е врзана нашата општествена, а некогаш и не само општествена егзистенција.

Предизборниот период и кампањата, за активните критичари на случувањата, но и за нивните следачи е оној горчлив момент кој можеме да одлучиме да го прескокнеме.

Но, велат, правилата се тука за да има исклучоци.

Последните парламентарни избори и овие предвремениве сега, се токму тие исклучоци.

Неучеството со критика и искажување сопствен став во предизборната кампања е ментална хигиена која секој кој така одлучил може да си ја дозволи, но се поставува прашањето – дали таа комоција можеме да си ја дозволиме и на самиот чин на гласање со негласање?

Секако дека можеме.

Во едно демократско општество кон кое што тргнавме последниве години, чинот на негласање може да се разгледува од повеќе различни аспекти. Некои со тоа велат ќе испратиме порака дека немаме адекватна партиска понуда. Други велат дека се разочарани од понудените концепти. Трети дека им е преку глава од тоа да бидат користени како запченик со која се движи партиската машинерија од која тие немале никаква, ама баш никаква полза. Има и четврти и петти…

Објективно гледано од сè она што ни се случува, донекаде сите три се во право и кога би влегле во една површна дебата, аргументите ќе тежат кон негласачите.

Во нашава политичко-партиска констелација ќе набројам само неколку често користени фрази:

Каде е „Нема правда нема мир“?! Па што се смени, криминалците се на слобода, со некои и кумуваат. Слези Мурто да се качи Курто. Што добив јас со промената? Сите се исти зар не гледаш! Нема трета опција, тие се еден ист табор…

Тоа се тие „аргументи“ од површната дебата кои преовладуваат и параат онака гласно и кои се едноставни за разбирање на повеќето кои не сакаат да го разберат она што навистина ни се случи пред три, односно цели 12 години.

На тоа може да вратиш со цитатот: Гласањето не е брак, туку јавен превоз. Не го чекаш “вистинскиот” кој е апсолутно совршен. Чекаш автобус. И ако нема таков кој оди точно до твојата дестинација, не остануваш дома да се дурлиш, туку се качуваш на тој што оди најблиску до твоето одредиште.

Другата дебата, онаа вистинската се вика – ГЛАСАЈ!

Единствен аргумент кој во секој случај би одел во твоја корист е ако гласаш.  Најчеста формулација која го следи „гласај“ е исцрпената фраза „искористи го своето граѓанско право и гласај“.

Зошто велам „искористи го своето право…“ е исцрпена фраза?

Едноставно, контра аргумент на тоа може да биде – не сакам да го користам тоа право зашто ми е неправо и тука реди им ги оние три погоре нафрлени примери: со негласање праќам порака, нема понуда, разочаран сум…

Од друга страна вистинскиот непобитен аргумент е преземи обврска за себе и ГЛАСАЈ.

Во една ваква брза турбулентна живеачка што неминовно се наметна во светот, каде политичките улоги се менуваат најчесто за помалку од еден мандат – преземи ја одговорноста и гласај е единствениот аргумент.

Немаш аргумент со непреземање одговорност.

Ако не го сториш ти тоа, доброволно и свесно оставаш друг да одлучува за тебе.

Ако не гласаш, немаш аргумент понатаму да дебатираш, зашто ќе те декласираат со па нели не сакаш да преземеш обврска и одлучи да немаш одговорност.

Ако преземеш одговорност сега ќе имаш аргумент: да критикуваш, да креваш на клоци, да искриш, да пердашиш како што ти е волја, нешто што правевме ние што пред три години презедовме одговорност и гласавме да се смени една единаесет годишна погубна гарнитура.

Се обидуваат и со аргументот: не гласам зашто имам принципи. Не, туку не гласаш зашто одбиваш да се бориш за своите принципи. Биди си ти принципиелен колку што сакаш, но ако не гласаш нема да победи опцијата што од принципиелни причини те изневерила зашто не исполнила доволно брзо, зашто правела грешки па не ја „сакаш“, туку онаа опција која најмногу ја „мразиш“.

Едноставно е, види само што им се случи на Америте со Трамп, на Британците со Борис, види што им се случува на Србите со Вучиќ, на Словенците со Јанша, на Унгарците со Орбан. Кај сите овие, разумните во светов кон кои и се однесува оваа колумна,  или одлучија да не гласаат од принцип, или останаа разочарани од понудата, па потоа се чудеа и уште се чудат како било можно онакви лидери да им одлучуваат за нивната судбина. Од друга страна, оние другите ништо не ги поместува, ништо не ги колеба, ни корона, па секако ни ЕУ, ни НАТО, ниту минимална плата… има да си излезат, па после ќе ни е трудно. Е, трудно.

И да ги парафразирам Tears for Fears:

– Голтни ги зборовите и отвори ги очите. ГЛАСАЈ!

 


Сите права се задржани.  ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    223 shares
    Share 89 Tweet 56
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ