СДСМ во целост ја демантира објавената неточна вест од страна на Канал 5 телевизија, пришто истата вест од Канал 5 ја споделеиле и други медиуми, со наслов: Договорен премиер по принципот три години Заев, една Зибери – ДУИ ќе управува со УЈП и МВР.
Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина.
Исто така не е точно ниту тоа дека веќе се договорени било какви персонални решенија и поделби на ресори.
СДСМ им стои на располагање на медиумите, и очекува во духот на прифесионалното новинарство, за вакви прашања да побараат официјална потврда од партијата, или став, пред да биде објавена.
На овој начин се пласираат неточни информации во јавноста, а граѓаните се доведуваат во заблуда.
СДСМ навремено ги информира граѓаните и доколку има договор тоа јавно ќе го соопшти.
Од СДСМ брифираат дека денес продолжуваат консултациите на различни нивоа. „Принципите на кои ќе се темели идната влада се потврдени, а истите беа повеќе пати комуницирани во јавноста. Се подготвуваме за следните чекори како што е изработката на детална програма за работа и дефинирање предлози за соодветни, подготвени и способни кадри. Веруваме дека ваквиот пристап ќе доведе до конечен договор и до Влада со полн четиригодишен мандат која ќе биде изгласана во Собранието, ќе им служи на сите граѓани подеднакво и ќе го продолжи партнерството со нашите евроатлантски сојузници“, брифираат од партијата.