• Latest

Учениците во земјава по завршување основно и средно образование добиваат знаење како за 7,3 години учење

September 17, 2020

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Учениците во земјава по завршување основно и средно образование добиваат знаење како за 7,3 години учење

September 17, 2020 11:25
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Индексот на човечи капитал на Светска банка во земјава во периодот 2010 – 2020 година се зголемил од 0,54 на 0,56, но сепак е понизок споредено со просекот во регионот на Еропа и Централна Азија и земјите со висок среден приход.

Според Индексот на човечки капитал, дете родено денес во Северна Македонија ќе достигне 56 проценти од својот потенцијален човечки капитал кога ќе порасне, во споредба со она што би можело да го достигне доколку има квалитетно образование и здравствена заштита.

– Дете, кое во Северна Македонија започнува со училиште на четиригодишна возраст се очекува да заврши 11 години предучилишно, основно и средно образование додека да наполни 18 години. Меѓутоа, кога годините на школување ќе се приспособат според квалитетот на наученото, тоа е еквивалентно на само 7,3 години, што значи дека има јаз во учењето од 3,7 години, се наведува во извештајот на Светска банка. Индексот на човечки капитал, кој ги мери резултатите од човечкиот капитал низ целиот свет пред пандемијата.

Во него за резултатите во здравството во земјава се наведува дека 99 од 100 деца родени во Северна Македонија доживуваат до петгодишна возраст.

– Северна Македонија од 2010 година направи значителни напори во подобрување на резултатите во образованието и здравството, но сѐ уште постојат предизвици. За подобрување на човечкиот капитал, земјата треба да инвестира повеќе во квалитет и рамномерен пристап во образованието, вели Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во земјава.
Тој додава дека исто така, многу е важно и зајакнување на системот за превенција од хронични незаразни болести, преку подобрување на скринингот, управувањето и контролата.

Извештајот наведува дека земјите од регионот имаат релативно повисоки приходи, така што се во можност да инвестираат повеќе во основно образование и здравствени услуги, споредено со посиромашните земји.

– Владите во Европа и Централна Азија дадоа приоритет на инвестициите во здравството и образованието, кои се главни двигатели на растот и развојот. Сепак, за предизвиците предизвикани од КОВИД-19 потребен е посилен одговор на политиките, што вклучува поголемо користење на технологијата со цел подобрување на услугите и подобрени програми за социјална заштита, со цел постигнување подобар квалитет на образованието и здравствените услуги за граѓаните, порачува Ана Бјерде, потпретседатлка на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија.

Извештајот вклучува и десетгодишна анализа за развојот на човечкиот капитал од 2010 до 2020 година во 103 земји. Албанија, Азербејџан и Русија се меѓу 10-те земји кои бележат прогрес во здравството и образованието.

Резултатите покажуваат дека во здравството во регинот се релативно добри, во рамки на глобалните стандарди.

Во последните 10 години, смртноста на децата значително е намалена во Азербејџан, Казахстан и Турција, а забележано е значително намалување на  стапките на забавување во развојот кај децата во Албанија, Азербејџан, Северна Македонија и Турција. Стапката на смртност кај возрасните е намалена особено во Казахстан, Русија и Украина, но се уште останува висока во повеќето земји.

Во делот на образованието извештајот покажува дека во просек, квалитетот на образованието не се подобри во целиот регион во изминатата деценија.

Од Светска банка во извештајот наведуваат дека сепак, пандемијата предизвикана од КОВИД-19 се заканува на досегашните придобивки, додека владите се трудат да ги одржат здравствените и образовните услуги соочени со ограничувањата за заштита на јавното здравје, вклучително и затворање на училиштата.

Индексот на човечки капитал на Светска банка го разгледува патот на детето, од раѓање до 18 години, според утврдени стандарди (показатели) како што се: преживување на децата (од раѓање до 5 години); очекувани години на основно и средно образование прилагодени според квалитетот на образованието; забавување во развојот кај децата; и стапки на преживување кај возрасните. Индексот на човечки капитал 2020 базиран на податоци до март оваа година, обезбедува основа од периодот пред пандемијата, што може да помогне во информирањето на здравствените и образовните политики и инвестициите за постпандемиско закрепнување.

Светска банка помага на владите во развој на долгорочни решенија преку кои ќе изградат поотпорни, инклузивни економии во периодот по пандемијата. Примери за таквата работа ја вклучува Украина, каде Светска банка помага во зајакнување на одговорот на земјата во борба против КОВИД–19, и вклучува модернизација на одделите за итна помош и одделенијата за мозочен удар во 40 болници, како и обука за илјадници доктори во Украина. Во Турција, Светска банка го поддржува развојот на ТВ и дигитални содржини за комбинирано поучување  и учење кога училиштата повторно ќе се отворат.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ