• Latest

„Вистиномер“: Намалените глоби во Законот за заштита на укажувачи и борбата со корупцијата немаат ништо заедничко

September 18, 2020

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Вистиномер“: Намалените глоби во Законот за заштита на укажувачи и борбата со корупцијата немаат ништо заедничко

September 18, 2020 13:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред неколку дена вицепремиерот во Владата на РСМ задолжен за борба против корупцијата, криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски,во рамките на преставување на неговите должности и планови, го изјави и следново тврдење, во чии делови може да се препознае недоследност, пишува „Вистиномер“:

Свесни сме дека целиот процес ниту може, ниту некаде во било која држава започнал и завршил преку ноќ. Во периодот што следи во новиот чист и четиригодишен мандат, во новата програма на Владата, поставивме јасни столбови во борбата против корупција, преку воспоставување јасни и соодветни механизми за интензивна соработка меѓу сите надлежни чинители, преку силна политичка волја и преку мотивација на секој граѓанин, на сите нас да се приклучиме во искоренувањето на оваа девијантна појава, којашто го враќа општеството назад.

[Извор: Влада на РСМ-прес на Николовски – датум: 15.09.2020]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Заменик-претседателот на Владата, Љупчо Николовски на одржаната прес конференција за својата улога и должностите во Владата, говореше за нулта толеранција против корупцијата и за тоа дека како Влада поставиле нови јасни столбови во борбата против корупцијата, како и јасни механизми за интензивна соработка меѓу надлежните институции преку силна политичка волја и „преку мотивација на секој граѓанин“… Токму заложбата за мотивацијата на секој граѓанин може да се оцени како недоследност, поради тоа што Владата во Собранието, во исто време кога Николовски ја даваше изјавата, поднесе предлог за измена на Законот за укажувачите, со кој се намалуваат прекршочните санкции за физичките лица во правните лица, кои нема да го почитуваат заштитеното пријавување, како и пријавувачите.

Во образложението што е потпишано од новиот министер за правда Бојан Маричиќ меѓу другото се наведува:

Основна цел на предложениот закон е усогласување на прекршочните одредби од Законот за заштита на укажувачи со одредбите од Законот за прекршоците, а пред тоа се појаснува:

„Со донесениот нов Закон за прекршоците утврдена е политика на ублажување на глобите за физичките лица и градуирање на глобите за правните лица по утврден распон предвид нивната големина (класификација на трговците согласно Законот за трговските друштва). Но, суштината на ова усогласување, кое е поткрепено со законската обврска истото да се направи, е де факто, драматично намалување на казните за поединците во правните лица, во приватниот и јавниот сектор, кои имаат одговорност да го спроведуваат законот, односно да ги примат пријавите на евентуалните укажувачи, да постапат по нив, како и да го заштитат нивниот идентитет, нивните права од работниот однос и нивната безбедност.“

Дали целите на Владата за борба против корупцијата се постигнуваат со намалување на санкциите за физичките лица во правните лица во овој закон?

ОД 6.000 НА 500 ЕВРА, ОД 3.000 НА 100!

Скратувањето на сумите, кои како казни би им следувале за физичките лица, односно на одговорните лица, драматично се намалуваат и тоа може да се види уште од првиот член на измените:

Во Законот за заштита на укажувачи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 196/15 и 35/18), во членот 16 зборовите „од 3.000 до 6.000 евра“ се заменуваат со зборовите „од 100 до 500 евра“, а зборот „му“ се брише.

Оваа предложена измена се однесува на член 4 Оваа предложена измена се однесува на член 4 од Законот за заштита на укажувачите што го регулира внатрешното пријавување и во чиј став 4 се наведува:

Овластеното лице за прием на пријави од укажувачи, односно раководното лице во институцијата, односно правното лице од ставот (3) на овој член, е должно:

– да постапува по пријавувањето од ставот (1) на овој член со почитување на процедурите утврдени со актот за внатрешно пријавување;

– да ги заштитат личните податоци на укажувачот, односно податоците кои можат да го откријат идентитетот на укажувачот кој пријавува анонимно или доверливо, согласно со прописите за заштита на личните податоци;

– да го информира укажувачот кој е познат за преземените мерки во врска со пријавата без одлагање, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на пријавата.

И другите измени што ги бара Владата, односно Министерството за правда, одат во насока на намалување на казните за одговорните лица во правните лица и тоа не само во внатрешното пријавување, туку и во одредбите за надворешно пријавување и за јавно пријавување. Навистина постои обврска за усогласување со Законот за прекршоци, но тоа не оди во насока на „преземање сите мерки и механизми за решителна борба против корупцијата и криминалот“. Секако дека не е „мотивација на секој граѓанин и на сите нас“, доколку на одговорните, за да се охрабрат укажувачите да пријават корупција или криминал, драстично им се намалат казните.

ГЛОБИТЕ БЕА НАМАЛЕНИ И ВО АНТИКОРУПЦИСКИОТ ЗАКОН!

Нешто слично се случи и со Законот за спречување на корупцијата, донесен во јануари 2019 година, по кој се формира новиот состав на Антикорупциската комисија. И тогаш, со оправдување за усогласување со Законот за прекршоци, санкциите што ѝ се на располагање на ДКСК и на државата, беа драстично намалени, за што „Вистиномер“ уште тогаш пишуваше.

Патем ГРЕКО, групата земји за борба против корупцијата во рамките на Советот на Европа, во која членуваме и редовно сме подложни на евалуација на состојбите, во своите препораки речиси секогаш советува зголемување на казните за прекршитлите, со цел тие да бидат одвраќачки. Така беше и во досега најлошо спроведените обврски од Четвртиот круг на евалуација, кој се однесуваше на пратениците, обвинителите и судиите (стр.7, точка 29).

Затоа, Владата наместо да ги усогласува клучните закони за борба против корупцијата и криминалот со Законот за прекршоци и да ги намалува глобите, би можела, на пример, да го измени Законот за прекршоци и во него да наведе дека намалените глоби во овој закон не се однесуваат на антикорупциските закони.

Поради погоре изнесените аргументи може да се оцени дека делот од изјавата на Николовски, дека Владата се бори против корупцијата „преку мотивација на секој граѓанин, на сите нас“ е недоследна, зашто наместо мотивација, со ваквите намалувања на санкциите се прави демотивација на граѓаните што би се решиле да бидат укажувачи. А, такви, и онака, досега немавме многу.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ