• Latest

Силвестри: Европското чекорење на земјите кандидатки треба да се држи настрана од проблематики вкоренети во историјата

November 29, 2020
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Силвестри: Европското чекорење на земјите кандидатки треба да се држи настрана од проблематики вкоренети во историјата

November 29, 2020 11:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Италија се бори со сите сили во Советот на министри што е можно побрзо да се усвои преговарачката рамка за Северна Македонија, посакува надминување на моменталната блокада, која настана по бугарското вето и апелира на здрав разум до сите.

Ова во интервју за МИА го порача новоименуваниот италијански амбасадор во земјава, Андреа Силвестри, кој нагласи дека неговата земја е уверена оти иднината на Северна Македонија, како и на другите земји од Западен Балкан е во Европа и дека влезот во ЕУ за регионот ќе донесе стабилна иднина и благосостојба.

Во врска со спорот со Бугарија и дали треба да се дозволи праксата историски и билатерални прашања да бидат причина за блокирање на евроинтеграцијата, Силвестри потенцира дека и покрај целосното разбирање за важноста на билатералните прашања, остануваат цврсто убедени дека европското чекорење на земјите кандидатки треба да се држи на страна од проблематики вкоренети во историјата.

Италија со многу храброст и далековидост се справила со своето минато, како земја, која во текот на Втората светска војна беше дел од Тројниот пакт и, како што вели Силвестри за МИА, со барање да се издејствува правда за секој што претрпил неправда и бил обесправен, и на меѓународен и на внатрешен план. Изградбата на италијанската модерна демократија, додава тој, потекнува токму од овие процеси. Силвестри нагласува дека ЕУ низ историјата била рамката, со нивните соседни земји да обезбедат мир, добросостојба и заедништво, но и нивните граѓани денеска да се чувствуваат не само како Италијанци, туку и како Европејци.

Додава дека историските процеси треба да им се доверат на историчарите, со цел да се избегнат можни политизирања и поларизации кои воопшто не помагаат при дефинирање на неутрални и споделиви анализи.

„Благодарение и на нашата децидна поддршка, минатиот март Европскиот Совет го призна досегашниот прогрес на земјава и одлучи да ги отвори пристапните преговори. Се работи за една многу важна политичка одлука која што веќе е донесена и која што сега ќе треба да се имплементира преку серија на чекори.

Во вакви прилики, ние, Италија, се бориме со цел во Советот што е можно побрзо да се усвои преговарачката рамка за Северна Македонија, за понатаму да може да се свика и првата меѓувладина конференција. Тоа што најмногу го посакуваме е надминување на моменталната блокада во најскоро можно време и за таа цел апелираме на здрав разум до сите.

Италија отсекогаш цврсто го поддржувала чекорењето на Северна Македонија кон европската интеграција. Секогаш сме ја давале таквата поддршка и ќе продолжиме и понатаму. Всушност, убедени сме дека иднината на Северна Македонија, како и на другите земји од Западен Балкан, е во Европа и дека влезот во ЕУ за регионот ќе донесе стабилна иднина и благосостојба.

И покрај целото разбирање за важноста на билатералните прашања, остануваме цврсто убедени дека европското чекорење на земјите кандидатки треба да се држи на страна од таквите проблематики вкоренети во историјата.

Сметаме дека проширувањето со земјите од Западен Балкан претставува историска можност за дефинитивно раскрстување со поделбите од минатото и обединување на сите членови на европското семејство. Следствено, покрај тоа што е во интерес на Западен балкан, пристапувањето на Северна Македонија и другите земји од регионот е исто така и во интерес на самата ЕУ. Се работи за долготраен процес кој би можел да се соочува со задоцнувања и забрзувања, но насоката на таквиот процес за нас е веќе обележана.

Веднаш после војната дојде на ред прашањето како да се надминат конфликтите од минатото, како со другите земји така и внатре во нашата татковина. Истото го направивме со многу храброст и далековидост, барајќи да издејствуваме правда за секој што претрпил неправда и бил обесправен, и на меѓународен и на внатрешен план.

Истовремено Републиката (која ја избравме во 1946 година наспроти претходниот монархиски режим) гарантираше слобода, демократија и економско-социјален прогрес на сите нејзини граѓани. Изградбата на нашата модерна демократија потекнува токму од овој процес.

Што се однесува пак до надворешните работи, откако се дефинираа со соодветни договори прашањата од минатото, се насочивме, заедно со нашите соседни земји, кон изградба на една заедничка рамка, Европската Унија, која не само што ни обезбеди мир, туку и добросостојба и заедништво. Перкурс кој и те како придонесе нашите граѓани денес да се чувствуваат не само како Италијанци, туку и како Европејци, на исто ниво со Германците, Французите и другите народи од Унијата.

И во двата случаеви, се работи за процеси во кои бездруго и самото време одиграло важна улога.

Секако, освртот кон минатото има одредена важност и заради подобро разбирање на некои епизоди кои би можеле да изгледаат контроверзно. Со исклучок на евентуалните утврдувања на одговорност пред судските истанци (онаму каде сеуште е неопходно), се работи сепак за процеси кои подобро е да се доверат пред се на историчарите и тоа заради избегнување на можни политизирања и поларизации кои воопшто не помагаат при дефинирање на неутрални и споделиви анализи.

Во секој случај, едно е историјата и нејзината интерпретација, а друго е волјата за надминување на спротивставените ставови од минатото и создавање на сегашност и задничка иднина за нашите народи. Цел која првенствено им ја должиме на нашите идни поколенија кои природно се чувствуваат проектирани во една поглобална димензија.“, истакнува новоименуваниот италијански амбасадор во земјава, Андреа Силвестри во интервјуто за МИА, во врска со спорот со Бугарија и дали треба да се дозволи праксата историски и билатерални прашања да бидат причина за блокирање на евроинтеграцијата.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ