• Latest

За доверба на Владата гласаа 62 пратеници

March 3, 2021
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
Воени вежби во Белорусија непосредно пред руската инвазија на Украина - многу семејства мислеа дека тоа е се што ќе прави нивниот син или партнер/ GETTY IMAGES

Американски воени офицери во ненадејна посета на Белорусија за да набљудуваат воени вежби со Русија

September 15, 2025

Народна банка: Учеството за станбен кредит за граѓаните кои првпат ќе купат стан ќе биде 10 проценти

September 15, 2025

ЦИВИЛ: Време е за одговорност – демократијата е во опасност!

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

За доверба на Владата гласаа 62 пратеници

March 3, 2021 17:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Зоран Заев ја доби довербата на Владата од пратениците со 62 гласа „за“ без против и воздржани.

Пред гласањето Заев изјави дека целта за барањето доверба беше да се стави крај на сите пропаганди на ВМРО-ДПМНЕ, како и да се види дека никој нема против за самостојно дејствување на помалите партии.

„Со оваа моја постапка денеска, еве ме, застанувам пред вас, и во име на целата влада, во име на сите министри и коалициони партнери ја преземам одговорноста и ви давам можност да се изјасните и да гласате за доверба на Владата.

Ред е да се соочиме и да расчистиме: Да го видиме на дело тоа толку најавувано наводно мнозинство од опозицијата кое, наводно, ќе ја падне  оваа Влада.

Да и дадеме на јавноста шанса да види колку се празни овие зборови и дека се искажуваат со единствена цел да создаваат лажна слика за силата на опозицијата и за наводната разнишаност на владината коалиција.

Или, пак, ќе се види дека владејачкото мнозинство е стабилно и со тенденција да се зголемува во наредниот период.

Денес ќе се види дека оваа владина коалиција оди и чекор понатаму во практикувањето на демократијата и нема ништо против пратениците од помалите политички партии на нашата коалиција да го користат легитимното право да делуваат самостојно во парламентот.

Тоа е моќта на слободата на делување на коалиционите партнери чија водилка е напредокот на земјата, а не партискиот рејтинг.

Ние не сме и никогаш нема да бидеме партија која мнозинството во собранието и стабилноста на Владата се обезбедува со меници издадени од Груевски.

Не ни требаат меници за да ја обезбедиме стабилноста на владината коалиција и да ја водиме татковина кон прогрес, во друштвото на најнапредните западно-европски демократии.

Нашата единствена меница е довербата на граѓаните на изборите и владината програма со силна политичка волја за континуитет во спроведувањето на заеднички прифатените стратешки приоритети на нашата земја.

Паралелно со спроведувањето на здравствената стратегија за ефикасно справување со КОВИД-19 се работеше и се подготвија четвртиот и петтиот пакет економски мерки со цел одржливост на  економијата, спас на работните места и грижа за никој да не биде изоставен.

Во инклузивен процес, со консултација на сите засегнати страни насочивме околу 1 милијарда и 300 милиони евра кон граѓаните и стопанството за да обезбедиме стабилна одржливост на економијата со потенцијал за ревитализација.

Инициравме процеси во енергетиката и енергетската ефикасност и активиравме тренд на преминување кон извори на чиста енергија и на сигурно снабдување со гас за македонската гасоводна мрежа чија градба е во напредна фаза. Почна реализација на фотоволтаичните централи.

Водени од најнепосредната грижа за граѓаните ја завршивме постапката со ТАВ за пренамена на 35 милиони евра за 99 проекти за 75 општини.

Како одговорни политичари, но пред сѐ како граѓани, се обврзуваме на силна, бескомпромисна борба за заштита на животната средина со 70 милиони евра еколошки чистиот и брз автобуски систем во Скопје. Ги прогласивме Осоговските Планини за заштитен предел. Во тек е и прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје, а вчера го предадовме во Собранието Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје.

Најавивме и влеговме во време на прочистување на судството и неселективно владеење на правото.

Паднаа првите пресуди за најтешките дела за злосторничко здружување против државата и граѓаните. Процеси со правна разрешница кои поминаа низ независни, ефикасни, транспарентни и законски судски рочишта.

Започна пописот како чиста статистичка операција од чии показатели ќе  произлезат насоките за некои од најзначајните прашања за идниот стратешки развој на земјата.

Од оваа година Северна Македонија слави една година од членството  во НАТО со уште едно одличје на кое пишува – „Ние сме НАТО. Заедно сме посилни“.

Како Македонци и со нашиот македонски јазик ќе бидеме и членка на ЕУ.

И сето тоа го постигнавме наспроти сите опструкции, блокади и пречки на најголемата опозициска партија.

Како и во 2019, така и во 2020, а гледам дека истото го прават и во оваа година. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена по тоа што беше најголемиот кочничар на реформите, мерките и политики што се во интерес на граѓаните.

За нив беше траума помислата за правда и правна држава и со сите сили ги блокираа и одолговлекуваа пакетот реформски закони во правосудството.

Сега блокираат низа измени на закони од кои зависи спроведувањето на мерките од петтиот ковид пакет наменет за граѓаните и за стопанството.

Беа и против покачувањето на минималната плата и решавањето на статусот на дополнителeн број стечајци. Против една изборна единица, затоа што се плашат од гласот на граѓаните.

Сите сили ги спрегнаа за да го спречат донесувањето на Законот за попис и со стотици или илјадници амандмани во Собранието ги блокираат Законот за административни службеници, Законот за високо образование, Законот за внатрешни работи, Законот за работни односи, измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, Законот за културно наследство и Законот за јавен интерес во културата; Законот за инвестиции за енергетска ефикасност, Законот за инвестиции во земјоделството и многу други.

Сите овие закони се од исклучително значење за граѓаните, а опозицијата блокира.

Блокиран е Законот за Клинички центар, а нашата понуда е ајде заедно да го донесеме. Со директно учество на пратеници или претставници во опозицијата во процесот на реализација на овој огромен капитален проект од највисоко значење на граѓаните.

Работата на пратениците, на македонското собрание, мора да биде во насока на интересот на граѓаните, на државата.

Недозволиво е да не се закажуваат собраниски комисии кои ги води опозицијата, да се поднесуваат илјадници амандмани за важни закони, да не се дозволува работа онлајн во време на пандемијата.

Сето ова е дел од едно деструктивно однесување за да се блокира државата, но ова сценарио не успева.

Паралелно со овие обиди за опструкции и блокади граѓаните се секој ден изложени на лажни вести и дезинформации за некакво ново лажно мнозинство, на некоја нова лажна нестабилност и што ли уште не.

Само поради внатрепартиски цели, упорно се пласираат со цел да се создава перцепција на несигурност кај граѓаните, на неизвесност за севкупната економија.

Сепак, како и секогаш, вистината е најсилното оружје против лажните вести и невистините.

Ние немаме намера да се занимаваме со овие невистини, но нема да дозволиме неизвесност, несигурност, сопки, блокади и опструкции.

Во име не сето претходно кажано, во име на вистината, јас ја преземам, одговорноста и обврската пред граѓаните, согласно член 93 од Уставот и член 217 став 2 од Деловникот, да побарам изјаснување на Собранието за доверба на Владата.

Да ја расчистиме маглата и да се соочиме со реалноста“, изјави Заев пред пратениците.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ