Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во касарната „Гоце Делчев“ ќе го посети Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“.
Во Центарот ќе биде промовиран новиот софтвер за тестирање на знаењата на припадниците на Армијата и вработените во одбраната на англискиот јазик, согласно НАТО стандардот, СТАНАГ.