• Latest

Со програмата „Нова политика, СДСМ прв во промените“, Заев ќе ја бара довербата на членството на внатрепартиски избори за претседател на СДСМ

March 17, 2021

Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу: Комисијата ги анализира случаите на операција на срце, извештајот ќе биде јавно објавен

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на Гардијан

Видео со Трамп и Епштајн проектирано на замокот Виндзор пред посетата на американскиот претседател, четворица уапсени

September 17, 2025
фото: страница Убијците на Кочани

Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

September 17, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

September 17, 2025

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

September 17, 2025
Trump arriving to the UK
Source: screenshot CBS

Трамп синоќа пристигна во Велика Британија во втора државна посета

September 17, 2025
Фото: ЦУК

Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари

September 17, 2025

Продолжен притворот за нови 48 часа на четворицата за пожарот во Трубарево

September 17, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш за ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Со програмата „Нова политика, СДСМ прв во промените“, Заев ќе ја бара довербата на членството на внатрепартиски избори за претседател на СДСМ

March 17, 2021 14:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со Програмата „Нова политика, СДСМ прв во промените“, Зоран Заев ја бара довербата од членството на првите директни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ, закажани за в недела, 21 март, пренесуваат од партијата.

„Програмата којашто претседателот Зоран Заев ја претстави е објавена во интегрална форма и достапна на јавноста преку линк од официјалната интеренет страница на СДСМ.

Базирана е на пет клучни столбови и најавува најголема политичка акција за нова позитивна промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ.

Прво, сериозна реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ. Тоа не значи откажување од некого, туку одговорност пред граѓаните и секој пред самиот себе.

Никој повеќе во СДСМ нема да се кандидира за функција, само за да биде функционер, туку да врши должност и да биде служител на граѓаните. СДСМ постои за граѓаните, а функционерите мора да им служат на граѓаните.

Втора точка е ангажирање на сите можни капацитети во борбата против корупцијата и криминалот.

Народот веќе сведочи дека нема веќе недопирливи – во тоа почнаа да се уверуваат и тие кои беа најсомничави. Времето на неказнивост заврши, на ред е правдата. Истото важи и за сите од редовите на СДСМ. Членката книшка од партијата не значи привилегија туку уште поголема одговорност.

Охрабрување на различно мислење и почитување туѓи ставови е третата точка од Програмата.

СДСМ е партија во која владее исклучително ниво на демократија, но секојдневно се промовираат почитуваат различни мислења, за дополнително да се зајакне демократијата. Нашата татковина, еднаш беше, но никогаш повеќе нема да биде земја каде вистината се шепоти, а лагите се извикуваат на цел глас.

Четврта точка е градење на СДСМ за новото време, млад СДСМ, прв во промените.

СДСМ ширум ги отвора вратите за сите оние ги поддржуваат, или се заинтересирани за идеите на социјалдемократијата, а досега не биле активно вклучени во политичкиот живот во нашата земја. Со младите, со прогресивните, доаѓат нови сили во СДСМ. Партија во која доминираат новите генерации.

Поттикнување, кревање на мотивацијата на нашите граѓани е петтата точка од Програмата.

СДСМ е државотворната партија и гарантот за сигурна иднина на нашата современа татковина, партија која никогаш не скршнала од стратешкиот колосек од сојузшништвото со западниот демократски свет, на чело со ЕУ и САД. СДСМ ќе продолжи да биде посветена на креирање и реализација на економски политики кои повторно носат економски раст, нови работни места, уште повисоки плати и развојна македонска економија.

Низ сите овие политики целосно ќе биде пресликан и концептот за едно општество со еднакви шанси за сите, каде што ќе се смета на сите човечки капацитети, за СДСМ уште подобро и попосветено да им служи на граѓаните и државата.

Со организација на првите внатрепартиски, непосредни избори за претседател, СДСМ постави нови демократски стандарди во политичкото дејствување и постави пример за уште поголема демократизација на партијата.

На 21 март, во недела, секој член на СДСМ кој активно се регистрирал ќе има можност да гласа на првите директни внатрепартиски избори за претседател на партијата и со тоа да даде свој придонес во демократизирање на СДСМ“, се вели во соопштението на партијата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    213 shares
    Share 85 Tweet 53
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ