• Latest

До 600 евра хонорар за теренските попишувачи, рокот за пријавување е уште три дена

March 18, 2021

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

До 600 евра хонорар за теренските попишувачи, рокот за пријавување е уште три дена

March 18, 2021 16:26
in ВЕСТИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Попишувачите кои ќе го спроведуваат пописот на населението ќе имаат можност да заработат и над 35.000 денари хонорар за ангажманот. Тие ќе бидат на терен од 1 до 21 април, период во кој е планирано да се спроведе целата операција со евидентирање на граѓаните кои живеат на територија на Северна Македонија, а една недела претходно ќе имаат тестирање и подготовки за непречено и професионално изведување на статистичката операција. Со еден збор, за една недела обука и за три недели теренски активности, попишувачите ќе имаат хонорар над 35.000 денари.

Според информации од терен, до сега има пријавено околу 4.500 попишувачи, кои од следниот понеделник ќе започнат со тестирањето и обуката, а повиците за пријавување на попишувачите се отворени до сабота, па се очекува овие три дена да се пријават кандидати кои ќе го дополнат бројот со неопходни попишувачи.

Пописот, како што е најавено, ќе се спроведува според здравствените протоколи издадени од Комисијата за заразни болести, а кои предвидуваат целосна заштита и на граѓаните и на попишувачите. Заради дополнителна здравствена заштита секој жители ќе има право да се попише надвор,  во двор ако живее во куќа, или пред зграда или на тераса доколку живее во стан. Ако граѓанинот се одлучи попишувачите да ги прими во домот тогаш е можно само еден од нив да влезе за да се избегне гужва. Протоколите за заштита предвидуваат носење заштитна опрема, држење растојание и забрануваат послужување  храна и пијалак, во смисла кафе, чај или нешто друго од страна на домаќините.

Покрај целосната заштита од корона вирусот, пописот, за прв пат во историјата, ќе се спроведе според меѓународните стандарди кои пописот го прават чиста статистичка операција, а со оглед на фактот дека податоците за секој жител ќе се внесуваат електронски, не постои шанса за манипулации со бројките и податоците. Сето ова гарантира објективен попис за обезбедување релевантни податоци. А таквите податоци се основа за креирање државни политики во сите сектори, што пак овозможува проектирање за иднината на граѓаните и државата.

Пред стартот на пописот дома, продолжува попишувањето на македонските граѓани во дијаспората. Тие се попишуваат електронски и во изминатите денови бројката на заинтересирани постојано расте. Државниот завод за статистика во јавните настапи повторува дека институциите имаат кредибилитет и знаење да ја спроведат оваа статистичка операција и повикуваат на масовна поддршка и од населението, но и од политичките фактори, затоа што пописот ни е потребен на сите нам, преку него се градат политики неопходни за напредок на државата, а со тоа и на секој поединец.

Истекуваат последните денови за пријавување на попишувачите за да може од понеделник за започне нивното тестирање и подготовките. Техничката опрема е подготвена и доколку секој биде одговорен кон јавното здравје и кон важноста на операцијата, тогаш пописот е извесно дека ќе се спроведе професионално, без политички влијанија, особено врз податоците.

Целиот конкурс може да го погледнете тука.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ