• Latest

Бектеши во Брисел го отворил прашањето за рестрикциите за извоз на челик кон ЕУ

May 6, 2021

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН го прифати американскиот план за мир во Газа

November 18, 2025

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук страната на германската амбасада во Приштина

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул денеска во Скопје

November 18, 2025

Бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции до 21 ноември

November 18, 2025

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бектеши во Брисел го отворил прашањето за рестрикциите за извоз на челик кон ЕУ

May 6, 2021 16:31
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија, Крешник Бектеши, кој овие два дена престојуваше во Брисел на средби со еврокомесари, за МИА изјави дека го отворил прашањето за рестрикциите врз извоз на челик кои ЕУ ги изрече во 2018 и се уште се на сила, јави дописничката на МИА од Брисел.

Бектеши во Брисел оствари средби со еврокомесарите за економија и за трговија, Валдис Домбровскис и Паоло Џентилони со кои станало збор за перспективите за економско закрепнување на Северна Македонија и исплаќањето на следната транша помош од ЕУ. Министерот изјави дека неговите соговорници му потврдиле дека оваа втора транша ќе биде исплатена во наредниот месец, и го увериле дека очекувањата за ЕУ се дека економијата ќе закрепне во вториот дел од оваа година.

-Добра вест е дека во вториот дел од оваа година ќе закрепне економијата на ЕУ, имајќи предвид дека над 80 отсто од нашата економија и трговија се поврзани со нивната економија, тоа е  добар знак за економијата на Северна Македонија, а ќе се покаже економски раст и од првиот квартал, бидејќи имаме дополнителни инвестиции и мерки, изјави Бектеши.

Еврокомесарите изразиле поддршка за реформите за олеснување на трговијата во Северна Македонија, рече министерот, кој овие три дена, исто така се сретна со амбасадорите на земјите членки на ЦЕФТА со која Северна Македонија моментално претседава.

На овие разговори станало збор и за зелените коридори чија цел е да се олесни трговијата во регионот.

-Очекуваме до Берлинскиот самит да се усвојат и спроведат неколку протоколи, за сертификатите за агенцијата за храна и ветеринарство, да се олесни трговијата со овошје, зеленчук и прехранбени производи, и сме во финална фаза тоа што го направивме со Република Србија да го направиме и со Република Албанија во делот на заедничките премини, објасни министерот за економија, додавајќи дека во тек е и предлогот за признавање на образованието на македонските граѓани кај соседите и обратно.

Една од клучните точки на разговор биле и рестрикциите за извоз на челик воведени од страна на ЕУ во 2018 после спорот со американската администрација, рестрикции кои се уште се на сила за да се заштити внатрешниот пазар на ЕУ.

Европската Комисија ги продолжи овие рестриктивни мерки до јуни оваа година. Министерот Бектеши вели дека го отворил прашањето со неговите соговорници во Брисел и побарал да се земе предвид Договорот за стабилизација и асоцијација помеѓу Северна Македонија и ЕУ за изземање од овие мерки.

-Навремено ќе не известат за нивната одлука кога ќе заврши истрагата, наша обврска е да бараме да бидеме изземени, но ако важи за сите трети страни тогаш ќе најдеме трети мерки, рече Бектеши како мерките од законот за финансиска поддршка за инвестииции и за зголемување на конкурентноста на некои сектори, а ако треба ќе им се даде помош на некои производители на челик да бидат конкурентни, а истовремено да не се соочат со намалување на приходите доколку се изгуби клучен пазар како Европската Унија.

Министерот за економија, исто така се осврна на законот за работа во недела за работниците во трговскиот и угостителскиот сектор.

-Угостителство ќе работи согласно законот за угостителство, а трговските центри и поединци ќе работат само една смена во недела, и сите тие вработени ќе добијат сто отсто дневница,  рече министерот, додавајќи дека се во исчекување на коментари од засегнатите страни и додаде дека е важно што согласно законот за трговија трговските ентитети ќе работат само една смена од 10 до 6, и во угостителството ќе работат согласно постоечко законско решение до 12 часот и во одредени периоди до 1 часот.

Тој исто така увери дека согласно законот за трговија ќе бидат лиценцирани сите компании што ќе работат во недела, а надзор ќе врши и инспекторатот за труд и пазарната инспекција во однос на исплаќањето на прекувременото работно време и условите.

-Ќе бидат пријавени и така ќе се врши контрола да се провери дали биле дополнително платени, објасни Бектеши.

Конечно во однос на злоупотребите на државната помош од страна на компании за време на кризата, министерот не можеше да го коментира предметот кој се процесира се уште од страна на судските органи, но порача дека оние кои ја злоупотребиле помошта нема да можат да аплицираат за дополнителна поддршка од пакетите на Владата

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ