• Latest

Под контрола огнот кај Пасјак, активни уште десетина пожари

August 7, 2021

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Под контрола огнот кај Пасјак, активни уште десетина пожари

August 7, 2021 12:40
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

 

Ставен е под контрола пожарот во с. Нов Истевник во маалото Пасјак, соопшти Центарот за управување со кризи, но сѐ уште се активни огнените стихии кај селата Робово, Мачево, Будинарци, Богословец, огнот во Кадрифаково, кај с. Џидимирци, на потегот меѓу селата Дрен и Смолани, над с. Пожаране и на сртот кон НП „Јасен”.

Пожарот кај с. Нов Истевник во маалото Пасјак, кој започна на 2 август, е ставен под контрола и е во дијаметар од 15 километри.  Досега е опожарена површина од 1.100 хектари борова шума и нискостеблести растенија на планината Средна, наведуваат од ЦУК.

Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови. Во гаснењето на пожарот се ангажирани припадници на Армијата, Шумското стопанство „Голак“ од Делчево, ТППЕ „Делчево“, припадници на Гранична полиција и на ОВР – Делчево и ЈПКД „Брегалница“. Во гаснењето на пожарот се ангажирани и два хеликоптери на Армијата и РЦУК – Делчево, ТППЕ – Македонска Каменица, МВР со единица „Тигри“, МВР – ЕБР и ТППЕ од Бугарија, а во гаснењето на пожарот учествуваат и жители од месното население, вели ЦУК во соопштението.

Пожарот сѐ уште е активен, а екипите што се на терен и учествуваат во неговото гаснење и се распоредени на повеќе критични места со цел, огненната стихија да се стави под контрола. Најлошо е на место викано Света Вода кое се наоѓа помеѓу селата Тработивиште и Разловци.

Волантери од Црвениот крст Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните во гаснењето на пожарот.

Пожарот кој започна на 2 август на местото викано Бeјаз Тепе е активен во селата Робово, Мачево, Будинарци. На терен се Армијата, ренџери, има помош од Бугарија, екипа на ШС Равна Река, ШС Малешево, ТППЕ Берово, ПП возила од Скопје, Штип и Струмица, ДЗС, РЦУК Берово и месното население. На терен се екипи од Словенија и Австрија.

Зафатена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Екипите работат на локализирање на високот пожар во с. Будинрци. Дејствуваат три хеликоптери на Арамијата на потегот Робово, Будинарци, а алармантна е состојбата и кај селата Будинарци и Мачево, се вели во соопштението.

Состојбата во селата Црник, Умлена и Чифлик, од вчера попладне, е стабилна и таму се распоредени екипи за контролирање на опожарените површини.

Пожарот кај с. Црник е ставен под контрола, а контролата на теренот ја прави месното население. Пожарот над с. Мачево е активен и таму има распоредени екипи. Околу с. Робово се прави појас за да се прекине пожарот, сопштува ЦУК.

Пожарот што започна вчера во Богословец, сѐ уште е активен кај с.  Кадрифаково. Во гасењето на пожарот учествуваат ТППЕ Свети Николе, ДПД Свети Николе, ШС Свети Николе и ЈКП Комуналец. Пожарот има зафатено површина од околу 150 хектари со нискостеблеста дабова шума и смрека, борова шума и сува трева, а се изгорени и 4 куќи во с. Богословец.

Пожар избувна и во с. Џидимирци за којшто се известени во Шумско стопанство „Бабуна“ од каде ќе се испратат екипи на терен.

Во струмичкиот регион сѐ уште е активен пожарот што избувна на 1 август во месноста Погана, кој зафати површина од околу 1350 хектари.

На терен се ангажирани ТППЕ Валандово, ШС Саланџак-Валандово, Армијата, ДЗС Валандово, ЕВН. На теренот присутните сили заедно со силите од Гевгелија направија појас на најкритичниот дел со должина од 300 метри и ширина од окулу 5-6 метри каде се чека пожарот за активно да се дејствува за да не префрли кон Богданци, велат во соопштението.

Засега нема опасност од пожарот кај Дамјан кој сѐ уште е активен и кој поради ветерот се движи кон селата Дедино и Ињево. На координативно тело е договорено да се види какви мерки да се превземат.

Во моментот таму се наогаат екипите на ТППЕ-Радовиш, ТППЕ-Струмица и ПШС-Плачковица-Радовиш и локално население, а во гасењето ќе се вклучат и цистерни од БОРОВ ДОЛ –Бучим, известува ЦУК.

Во Општина Прилеп, пожарот што избувна на 2 август кај селата Ракле, Никодин и Топлица е активен и со јак интензитет. Од Ракле се евакуирани две неподвижни стари лица, а се останати уште пет. Интервенираат екипа од МВР ПС Прилеп, ТППЕ Прилеп.

Пожар на потегот меѓу селата Дрен и Смолани во Општина Прилеп, каде гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка, е со јак интензитет. На истиот локалитет има и еден приземен пожар, кај месноста Мањов Дол, каде гори нискостеблеста дабова шума.

На барање на градоначалникот на Прилеп, упатено до ДЗС Прилеп, договорено е денеска на терен да излезе екипа од 12 лица со алат за гасење на пожарите од ДЗС Битола и ДЗС Прилеп.

Градоначалникот на Прилеп има доставено барање за воздушна поддршка од хеликоптери и од Армијата, за гасењето на пожарот на потегот меѓу селата Дрен и Смолани, велат од ВУК.

Пожарот над с. Пожаране – гостиварско, повторно е активиен. Екипите на Македонски Шуми повторно се терен и состојбата се следи.

Пожарот кај селата Раовиќ, Буковиќ и Ласкарци во Општина Сарај е под контрола, но гори само високото на сртот кон НП Јасен, каде веќе има екипи од НП Јасен кои, доколку има потреба, ќе интервенираат. Нема опасност по с. Раовиќ и по останатните населени места, известуваат од ЦУК.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ