• Latest

ЦУК: Активни се седум пожари, другите се локализирани

August 7, 2021

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦУК: Активни се седум пожари, другите се локализирани

August 7, 2021 19:09
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Романскиот авион Ц27Ј Спартан делуваше два пати на пожарот во Малешевијата, останува да направи уште еден налет, а потоа ќе продолжат армиските хеликоптери, истакна попладнево директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

-За рационализација на времето, за намалувањето на потребното време на гасење од страна на хеликоптерите, на само неколку километри од пожарот однесовме цистерна со керозин каде што хеликоптерите полнат гориво и нема потреба да летаат до Скопје со што значително го скративме времето и воедно на истото место, односно во близина, полнат вода од базен за да не се губи време да се оди до вештачките акумулации коишто се малку подалеку, рече Ангелов на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека ова е прво наше искуство со авион Ц27Ј Спартан кој носи шест тона вода и затоа, како што кажа, се уште е рано да ги кажеме нашите импресии.

Помошникот раководител на ЦУК Марија Милкова истакна дека авионот има голем домет и затоа се делува  само од воздух.

-Пожарот кај делчевското село Нов Иственик е заобиколен од сите страни и се пази да не се прошири, но се уште е активен. Таму  дејствуваат 70 припадници на Армијата, 25 припадници на ШС Голак од Делечво, 12 пожарникари со цистерни и пет припадници на МВР,  ЈКП „Брегалница“ од Делчево и два хеликоптери на Армијата. Се уште активен е и пожарот кај селото Разловци на местото викано Чукалица, рече Милкова.

Како што истакна, друг активен пожар има и во велешкото село Џидимиринци каде гори висока трева и дабова шума. Во гасењето учествуваат месното население, ШС Бабуна  од Велес и едно противожарно возило со пет пожарникари. Активен е  и пожарот во кавадаречкото село Манастирец што се појави во 13:30 часот каде гори сува трева. Во гасењето се вклучени противпожарни бригади од Кавадарци и соседните општини.

-Во 15:30 часот се појави пожар во скопското село Градманци, лоцирано на тромеѓето помеѓу општините Петровец, Велес и Свети Николе. Гори нискостеблеста шума и во гасењето на пожарот се вклучени лица од ШС Караџица, Противпожарната бригада на Град Скопје и месното население, рече Милкова.

Нагласи дека повторно е активиран пожарот што беше изгаснат во кумановско Старо Нагоричане во атарот на сеото Жељувино. На терен се противпожарни екипи од Куманово.

-Другите пожари што утринава беа активни се делумно локализирани, рече Милкова.

Прецизира дека во ЦУК има координација со субјеките и заседава Главниот штаб со цел да се донесат одлуки како и каде ќе се реагира на терен во текот на утрешниот ден./ МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ