• Latest

Авганистанската криза низ трансатлантската призма

September 2, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Авганистанската криза низ трансатлантската призма

September 2, 2021 14:42
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Повлекувањето на НАТО од Авганистан не беше изненадување.  Во февруари 2020 година САД потпишаа договор со Талибанците за повлекување на меѓународните сили до мај 2021 година. Сепак, ЕУ како да се најде затечена, барајќи продолжување на рокот, но САД останаа на претходниот рок – 31 август. Се чини дека ваквиот исход е само логична последица на второстепената улога што ЕУ ја имаше во Авганистан, пишува Малинка Ристевска Јордановска во анализата за МЕТА.

Со повлекувањето завршува дваесетгодишната интервенција на НАТО започната во 2001 година, чија примарна цел беше да се оневозможи Авганистан како база за меѓународен тероризам. Во јануари 2015 година заврши мисијата ИСАФ, под мандат на ООН, која требаше да резултира со воспоставување ефективна авганистанска власт и преземање на одговорноста за безбедноста на земјата од страна на авганистанските безбедносни сили на. Очигледно, во тоа не се успеа.

Авганистанскиот дебакл, како што веќе отворено се нарекува оваа интервенција, укажува на пукнатини во трансатлантската врска. Повеќето експерти сметаат дека начинот на кој заврши интервенцијата ќе има долгорочното влијание на легитимитетот на трансатлантското сојузништво. Меѓутоа, има и такви кои сметаат дека оваа криза ќе води кон свртување кон „суштествените стратешки прашања“.

Предмет на остри критики одамна пред повлекувањето на НАТО од Авганистан беа методите на поддршка од страна на меѓународните партнери. Анализите на интервенциите на САД и ЕУ укажуваат на разлики во пристапот. Додека САД се концентрираше на преговори меѓу САД и Талибанците, пристапот на ЕУ беше „инклузивен внатрешен дијалог“ на авганистанските субјекти.

Додека САД ја концентрираше поддршката на јакнење на безбедносните сили, ЕУ се фокусираше на јакнење цивилни полициски сили. Надворешните евалуации за Европската комисија како главни фактори на неуспехот на ЕУПОЛ мисијата во Авганистан ги посочуваат небезбедната околина, како и паралелизмот и преклопувањето на САД и државите членки на ЕУ во поддршката на безбедносните и полициските сили. Покрај тоа, специфичните приоритети и пристапи на поединечните држави во улога на НАТО членки, на членки на ЕУ и билатерални донатори не придонесоа за воедначен пристап.

САД се критикуваат дека недоволно ги зеле предвид можните последици од повлекувањето од Авганистан за европските сојузници. Овде пред сѐ се мисли на можна нова масовна миграциска криза, иако засега нема сигнали за таков развој на настаните. Според исходот на Советот за правда и внатрешни внатрешни работи на ЕУ од 31 август ЕУ настојува да го оневозможи притисокот на своите надворешни граници. Оттаму, приоритет е спречување  хуманитарна криза како вовед во миграциска криза. Во услови кога развојната помош е замрзната, а нема призната влада во Авганистан, ЕУ настојува да ја пренасочи помошта преку ООН, чии агенции остануваат присутни во Авганистан. Отворена е и за помош на државите од соседството на Авганистан. Другите приоритети мерки се главно свртени кон зајакнување на безбедноста на нејзините граници; спречување на безбедносни закани/меѓународниот тероризам и на илегалната миграција. Сепак, прашањето на распоредување/ преселување на Авганистанците „во потреба“ е оставено за специјалниот форум најавен за септември. Ризикот од актуелизација на миграциската проблематика во ЕУ е особено нагласен во контекст на претстојните избори во Франција и Германија.

Другиот непосреден предизвик за ЕУ е како натаму ќе ја формулира и спроведува својата политика кон Авганистан. Со Декларацијата на високиот претставник за надворешни работи на ЕУ за состојбата во Авганистан од 17 август 2021 година, на која се придружија државите од процесот на стабилизација и асоцијација, се инсистира на почитување на човековите права и безбедно повлекување на граѓаните на ЕУ и локалниот персонал, кој сега е при крај.  Унијата остана во континуитет на претходното инсистирање на „сеопфатно и инклузивно решение“ и почитување на темелните права, особено на жените, како услов за дијалог со која и да е авганистанска влада. Секако, клучен услов е дистанцирањето на талибанската власт од меѓународни терористички групи и организираниот криминал. Иако ЕУ е далеку од признавање на талибанската власт поради неизвесноста и недовербата, се чини дека ги остава вратите отворени за дијалог.

Во услови кога САД ја напушта улогата на „глобален полицаец“, се актуелизира и темата за „стратешка автономија“ на ЕУ преку нови концепти за трансатлантското партнерство. Искуството од Авганистан ја наметнува потребата од преиспитување на концептите на спречување кризи, стабилизација и градење мир. Ова ги вклучува и доктрините на  „градење нација“ и „градење држава“, што секако би требало да има влијание и на идните меѓународни интервенции

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ