Црна Гора, Албанија, Словенија и Северна Македонија се воено нискокорисни земји за НАТО, а многу од таканаречените сојузници се повеќе обврска кон САД отколку активни, смета Тед Гален Карпентер. виш соработник за студии за одбрана и надворешна политика на Институтот Кито во Вашингтон.
Во својата анализа за „Нејшнл интерест“, Карпентер, кој е уредник на изданието, нагласува дека многу од сојузниците за САД се само обврска и дека од воен аспект не се од голема корист.
Според него, таквите „мали“ и лесно вооружени „лилипутанци“ се потенцијални замки што би можеле да ги турнат САД кон непотребни решенија. Премногу често, сојузниците кои воено ги промовира Вашингтон се слаби и непотребни бранители.
Тој како пример ги наведува Албанија, Словенија, Северна Македонија и Црна Гора на Балканот, како и трите балтички држави, Естонија, Летонија и Литванија.
„Уште полошо“, вели тој, „некои од нив имаат лоши односи со нивните моќни соседи“. Според нив, тешко е да се објасни како новите членки на НАТО ја зајакнуваат моќта и безбедноста на САД.
„Како економски активни, нивното значење е јасно ограничено, додека во воените односи се уште помалку вредни“, вели Карпентер.
Тој го споредува начинот на кој САД ги избираат своите сојузници и им дава план за членство во НАТО со практиката на неселективност и претходна проверка на „собирање пријатели на Фејсбук“.
Во анализата тој наведува некои историски примери за тоа како малите земји можат, намерно или ненамерно, да ги туркаат своите поголеми спонзори во војна.
Примерот кога Русија застана зад Србија во втората деценија на минатиот век и атентатот на австроунгарскиот принц Франц Фердинанд, убиството на војводата што предизвика избувнување на Првата светска војна и крајот на Царска Русија. Друг пример е кога грузискиот претседател Михаил Саакашвили погрешно ги протолкува сигналите од претседателот Џорџ В. Буш и во август 2008 година нареди напад врз руските мировници во Јужна Осетија.
Одговорот од руската страна беше брза офанзива во која цела Грузија беше окупирана од руската армија. „Очигледно, Саакашвили погрешно ја прочита тогашната администрација на Буш.“
Авторот ја споменува и сегашната диспозиција во администрацијата на претседателот Бајден за воена помош на Украина и за евентуално членство на оваа земја и Грузија во НАТО, што според него би било огромна грешка.
„Нејшнл интерест“ е списание со републиканска перспектива и излегува двапати месечно. Карпентер има објавено стотици анализи и 12 книги, а неговата последна книга е „НАТО: Опасниот диносаурус“./МИА












