• Latest
Руски воени вежби во Белорусија

Русија почна заеднички воени вежби со Белорусија, продолжува да испраќа војници кон Украина

February 10, 2022

Мицкоски за мерките за цените на храната: Подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да плаќаат на долг рок

August 12, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Рускиот модел на хибридни закани врз Македонија е различен од оној кон Западна Европа, пристапите и инструментите се повеќебројни

August 12, 2025
Фото герила- младите во Северна Македонија
Извор: ХЕРА

ХЕРА: Младите не се хаштаг, туку приоритет – Време е за одговорност!

August 12, 2025
Фото: Фејсбук на унгарскиот министер за одбрана Кристоф Салај-Бобровнички

На првата мисија по преземањето на командата на НАТО за балтичко воздушно набљудување, Унгарците заробија руски авиони

August 12, 2025
МАТУРА Во нормалните општество ова е вистинскиот испит на зрелоста

Денеска ќе го полагаат матурантите кои не ја положија државната матура во јуни, пријавени 1.118 ученици

August 12, 2025

Кондарко: Потребен ни е нов Изборен законик, независните кандидати ќе можат да учествуваат на избори без собирање на потписи

August 12, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Активен пожар во Македонски Брод, еден под контрола, 14 изгаснати

August 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на Bloomberg

САД и Кина го одложија меѓусебното зголемување на царините за уште 90 дена

August 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Украински дронови ја нападнаа единствената руска фабрика што произведува хелиум за ракети

August 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS news

(ВИДЕО) Трамп нареди федерално преземање на полицијата во Вашингтон и мобилизација на Националната гарда

August 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Русија почна заеднички воени вежби со Белорусија, продолжува да испраќа војници кон Украина

February 10, 2022 11:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Руски воени вежби во Белорусија

Руски воени вежби во Белорусија

Share on FacebookShare on Twitter

Русија и Белорусија денеска започнаа заеднички воени вежби, што предизвика загриженост во западните земји дека Кремљ подготвува голема ескалација на конфликтот во Украина.

Според соопштението на руското Министерство за одбрана вежбите ќе се фокусираат на „потиснување и одбивање  надворешна агресија“. Од таму  нагласија дека вежбите во Белорусија се планирани да траат до 20 февруари .

Во вежбите со Белорусија се очекува да учествуваат околу 30.000 војници. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги опиша заедничките вежби како сериозни, нагласувајќи дека Русија и Белорусија се соочуваат со закани без преседан.

Пентагон: Русија продолжува да испраќа војници кон Украина

Од Пентагон  соопштуваат дека во изминатите 24 часа Русија продолжила да испраќа дополнителни војници на украинско-белоруската граница, .

– Русија ги зголемува своите опции и потенцијал за акција со секој изминат ден, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби на прес-конференција.

Големите руски воени вежби во Белорусија придонесуваат за ескалација на тензиите околу Украина, соопшти вчера Белата куќа.

– Додека ги набљудуваме подготовките за овие воени вежби, повторуваме дека тоа секако придонесува за ескалација, а не за деескалација, истакна портпаролката на Белата куќа, Џен Саки.

Таа се осврна на маневрите „Сојузничка решителност-2022“, кои НАТО ги опиша како најголемо распоредување на руски војници во Белорусија од крајот на Студената војна. Вежбите се очекува да започнат денеска. САД почнаа да префрлаат кон Романија баталјон со борбени возила на пешадијата „Страјкер“ од составот на Вториот механизиран полк на американските вооружени, стациониран во Филсек, Германија.

Според американските власти, околу 1.000 војници на НАТО ќе бидат испратени во Романија.

Велика Британија вети дека ќе испрати уште 350 војници во Полска, а веќе е испратено противтенковско оружје во Украина.

Американскиот конзулат во Полска се подготвува за евентуален прилив на американски граѓани кои ќе одлучат да ја напуштат Украина доколку Русија изврши инвазија. Американските трупи стационирани на полска територија разработија планови за итни случаи за да им помогнат на Американците да ја напуштат Полска во случај на руски напад, изјави неименуван портпарол на Белата куќа.

Бајден и Макрон разговараа за украинската криза

– Американскиот претседател Џозеф Бајден  телефонски разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон за украинската криза.

Како што е соопштено денеска од Белата куќа, разговорот бил за неодамнешната посета на Макрон на Русија и на Украина. Двајцата лидери, исто така, разговараа за тековните дипломатски напори и мерките за одвраќање преземени во тесна координација со сојузниците и партнерите, како одговор на „постојаното зголемување на руските сили на границата со Украина“.

Британија постави 1.000 војници во говотност за хуманитарна помош поради тензиите околу Украина

Илјада британски војници ќе бидат подготвени да помогнат во случај на хуманитарна криза при евентуален руски напад врз Украина. Наредбата е дадена пред британскиот премиер Борис Џонсон да ги посети Брисел и Варшава, каде што ќе ја нагласи потребата од цврсто придржување до принципите на НАТО и ќе разговара за начините на кои Британија би можела да обезбеди воена помош додека Русија распоредува војници на украинската граница.

Неговата турнеја е дел од засилената меѓународна дипломатија во контекст на тензиите околу Украина. Во понеделникот, Лондон објави дека ќе испрати уште 350 војници во Полска, откако минатата година испрати 100 за да и помогне да се справи со миграциската криза на границата со Белорусија. Британскиот кабинет соопшти дека какви било дополнителни воени упади на Русија во Украина веројатно ќе доведат до масовно раселување на луѓето долж границите на Европа, што ќе влијае на земји како Полска и Литванија.

Даунинг стрит соопшти дека Џонсон ќе разговара со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за предлогот на Велика Британија за зајакнување на одбраната на алијансата, вклучително и со удвојување на војниците во Естонија.

Во Романија пристигна првиот американски воен конвој

Првиот конвој со воена опрема на американски одред влезе во Романија преку западниот граничен премин Надлак, изјави командантот на полкот, полковник Џо Јурс.

Конвојот составен од оклопни транспортери и воена опрема се движел по посебна гранична лента на унгарско-романската граница. Се работи за првиот конвој од серијата од три. Секој од трите конвои се состои од 16 камиони. Пентагон минатата недела објави дека 1.000 американски војници ќе бидат префрлени од Германија во Романија.

Командантот на 191-от пешадиски баталјон Арад, потполковник Јоан Сорин Семенијук, кој ги поздрави американските камиони, рече дека тие доаѓаат од Германија и одат во воената база Михаил Когалникау во областа Констанца, југоисточна Романија.

САД во моментов имаат околу 900 војници во Романија, која е членка на НАТО од 2004 година и е домаќин на систем за одбрана од балистички проектили. Франција, исто така, објави дека планира да испрати војници во Романија.

Унгарија не дозволува распоредување на НАТО трупите на своја територија

Среде тензиите меѓу Украина и Русија, се појави првата земја што не сака да биде домаќин на трупите на НАТО.

Унгарија нема да дозволи распоредување дополнителни сили на нејзина територија, бидејќи националната армија е способна да обезбеди национална безбедност во екот на тензиите околу Украина, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

„ Не, ние не се согласивме со тоа и нема да се согласиме, бидејќи веќе имаме војници на НАТО на територијата на земјата, а тоа се унгарската армија и унгарските вооружени сили, кои се способни да ја гарантираат безбедноста на земјата. Значи, не ни требаат дополнителни војници на територијата на Унгарија“, изјави Сијарто за „Еуроњуз“.

Д.М

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Фејсбук ФК Шкендија

    „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ