• Latest

Сè уште нема усогласено решение меѓу Скопје и Софија, дијалогот продолжува

May 15, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сè уште нема усогласено решение меѓу Скопје и Софија, дијалогот продолжува

May 15, 2022 09:26
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сè уште нема усогласено решение со Софија како основа за заемно прифатлив договор. Продолжуваат разговорите меѓу министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, тврдат властите во Скопје.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека на 22 мај нема да има заедничка владина конференција со Бугарија од причина што агендите не го дозволуваат тоа. Во моментов, додаде тој, министерствата за надворешни работи разменуваат идеи, но нема усогласено заедничко решение кое може да биде основа за меѓусебен договор.

Решение со Бугарија, според Ковачевски, е можно единствено ако тоа се заснова на европски вредности, на принципи на задржување на достоинството на граѓаните на двете држави и на меѓусебна почит меѓу политичарите, институциите и граѓаните.

– Се додека нема такво решение кое што ќе се базира на овие вредности, нема да има решение. Во моментов, како и во претходниот период, министерствата за надворешни работи разменуваат идеи меѓу себе, меѓутоа нема изгласано заедничко решение кое што може да биде основа за меѓусебен договор и за споделување со институциите во едната или во другата држава, изјави Ковачевски, додавајќи дека разговорите продолжуваат.

Премиерот на Бугарија Кирил Петков, во изјава во петокот, исто така, потврди дека нема да биде потпишан конкретен договор во текот на посетата на бугарската делегација на Северна Македонија на 22 мај.

– Средбата се уште не е финализирана, но едно е сигурно, ние само го продолжуваме конструктивниот дијалог, но нема да биде потпишано ништо конкретно, изјави Петков.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во обраќањето на меѓународниот собир „Стратешки економски разговори”, порача дека Европската Унија не смее да го заборави Западен Балкан поради кризата во Украина, напротив мора да остане фокусирана на регионот.

– Северна Македонија, како и Албанија, треба да започне преговори за членство во Унијата, но исто така важно е и Украина, Грузија и Молдавија да имаат европска перспектива, рече Маричиќ на форумот организиран од Здружението за развој на деловната мрежа на Југоисточна Европа (СЕЕБДН), додавајќи дека Европската Унија е проект кој дури 80 години подоцна,  е најдобриот повоен одговор и затоа, треба и сакаме да станеме членка на ЕУ.

Во изјава за српската агенција Танјуг, тој го повтори ставот дека украинската криза би требало да биде повик за будење на ЕУ и за поголем ангажман и посветеност на Западен Балкан, да делува активно за да биде јасна нашата европска перспектива.

Тој нагласи дека од почетокот на формирање на новата Влада, се водат интензивни разговори со Бугарија и се работи на реформскиот план со цел пристапните преговори да започнат што е можно поскоро.

– Не се врзуваме со датуми, но очекуваме да се искористи лидерството на претседателот Макрон и на Франција за време на нивното претседателство и да ги започнеме преговорите, бидејќи 17 години сме држава кандидат, ги исполнивме сите услови и реално го заслужуваме тоа, но сепак останува одлуката на Унијата, рече Маричиќ.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера на средба со украинскиот колега Дмитро Кулеба на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Берлин порача дека Европа и светот се соочени со исклучителни надворешно-политички и безбедносни предизвици од геополитички аспект и наједноставниот пат за демонстрирање на стратешкото лидерство на Европската Унија и нејзиниот кредибилитет е преку ефектуирање на одлуката за почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија.

На средби со неговиот црногорски колега Ранко Кривокапиќ пак, Османи нагласи дека со војната во Украина процесот на проширување на ЕУ добиваат важна, ако не пресудна, безбедносна и геополитичка димензија, посочувајќи го взаемниот интерес на двете држави за членство во Европската Унија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера упати порака до Европската Унија, „како што се обедини околу руската агресија на Украина, да се обедини и околу политичката агресија на Бугарија врз земјава и да ни дозволи конечно да ги почнеме тие преговори за членство без какви било условувања, понижувања и отстапки“.

Одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Општина Кисела Вода дали постојат шанси за повлекување на бугарското вето на средбата на претставници на двете влади најавена за 22 мај во Скопје, Мицкоски изјави дека не мисли оти „постојат шанси за достоинствено тргање на ветото“.

Шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан, на средбата со министерот Османи на маргините на министерскиот состанок на глобалната коалиција против Исламска држава во Маракеш, ја подвлече целосната поддршка на Франција за постигнување балансиран и взаемно прифатлив компромис меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Како што информира Министерство за надворешни работи и Европа на Франција по средбата, Ле Дриан потсетил дека Франција е решена, во случај на договор, да организира меѓувладини конференции меѓу Европската унија и Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија.

Министерот Дриан ја повтори француската поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан и во тој контекст ја спомена конференцијата меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, која ќе ја организира Париз во јуни во рамките на претседавањето со Советот на ЕУ./МИА/

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ