• Latest

Што ќе сменат предвремените брзи избори?

November 15, 2022

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025

Реакции: Банките нетранспарентни и нефлексибилни; Најголеми лихвари заштитени со закон

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Што ќе сменат предвремените брзи избори?

November 15, 2022 19:36
in АНАЛИЗИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Ерол Ризаов

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сите свои јавни настапи и говори ги почнува и завршува со неопходноста од предвремени парламентарни избори. Тоа е неговиот пресинг од првиот ден на горчливиот опозициски леб. Со години неговата спасоносна понуда, брзи избори, е единствениот излез од сите кризи, економски, политички, здравствени, енергетски, морални и криминални со кои се соочува Македонија.

Тоа е решение и за односите со Бугарија и европската иднина на државата, за вистински почеток на преговорите со ЕУ, а не лажниот скрининг, се разбира, без притоа да се прават болни отстапки кои длабоко задираат во националниот идентитет, јазикот и историското минато. Смената на неспособната, предавничка и корумпирана власт е главниот предуслов Македонија да тргне напред.

Сите партиски активности на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери од речиси првиот ден по поразите на последните парламентарни избори 2016 и 2020 година се насочени во тој правец. Особено засилени по големата победа на локалните избори, оставката на премиерот Зоран Заев и истражувањата на јавното мислење и рејтинзите на актуелните политичари. Би рекле, сосема легитимна цел на еден опозициски лидер и најголемата опозициска партија. Конечно, тоа е и суштината на политичкиот демократски натпревар.

Адутите на власта 

Од друга страна, актуелниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, со своите коалициски партнери цврсто се држи до одлучувачкото мнозинство во Собранието, кое само со најмалку 61 глас може да биде распуштено за да дојде до предвремени парламентарни избори, или тоа да се случи со изгласување на недоверба на владата. Притоа, главните адути на премиерот Ковачевски се успешното ублажување на увезените кризи, членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ, повикувајќи се на неопходноста од партиски  консензус, заеднички став на сите релевантни политички партии за најважното стратегиско прашање како предуслов за успешни претпристапни преговори со членство во ЕУ 2030 година.

Коалициските партнери на власт и премиерот Ковачевски цврсто стојат на ставот дека не е загрозен ни националниот идентитет на македонскиот народ, ниту македонскиот јазик, ниту пак историското минато со влезот на Бугарите во Уставот и со преговорите на историската комисија, или со географската додавка северна во името на Република Македонија.

И ова е дел од легитимната политичка борба за одбивање на предвремени избори со аргументација дека има многу поважни работи отколку да се губи време на предизборни кампањи кои практично се присутни постојано во целиот период на македонската транзиција веќе 32 години.

Ова би било една минијатурна „разубавена“ слика на политичкиот натпревар во една нормална и пристојна демократија кога тоа би биле вистинските разлики и мотиви за освојување, или задржување на власта и остварување на програмските определби на политичките партии и лидери за подобра Македонија.

Примитивна војна зад фасадата 

Но, зад таа фасада перманентно се одвива една жестока и примитивна војна на голема штета на граѓаните и на државата. Во еден долг период тоа беше подземна режимска пресметка со прислушување и држење под надзор на илјадници луѓе, време на озаконет грабеж и сеење страв, на гаснење медиуми и нарачани затворски казни познат како „ерата на груевизмот“, за сега да прерасне во една сосема отворена и јавна блокада на сите активности кои водат кон она што декларативно се определуваат парламентарните политички партии.

Во експлозија на лажни вести на социјалните мрежи и ниска комуникациска култура не остана ништо неизвалкано и некомпромитирано. Со погрешното поимање на демократијата сѐ е дозволено речиси без никакви последици за фабриките на лаги. На ужас на сѐ помал број луѓе тој валкан и примитивен натпревар се претвора во нормална политичка борба на унаказената македонска демократија. Таквиот амбиент, на кој се приклучија и највисоките академски и универзитетски средини, кои треба да бидат предводници на прогресот и македонската европеизација, не дозволува да се видат јасно патиштата за остварување на најзначајните државни интереси.

Ако преговорите со ЕУ ги содржат сите декларативни и програмски определби на најголемите политички партии во власта и во опозицијата, зошто тој натпревар за побрзо остварување на овие фундаментални цели не се префрли на тој терен? Како што се владеење на правото, бескомпромисната борба против организираниот криминал и високата корупција, економските реформи, подобро образование, изградба на модерна инфраструктура, заштита на човековата околина, повисок стандард на населението, побрз развој на демократските процеси, независно судство и новинарство, современо земјоделство, рамноправен напревар со европските земји членки на ЕУ.

Не е убаво да се каже, но војната во Украина е најголемата шанса на пробудена Европа за интеграцијата на Западен Балкан. Губењето време за предвремени избори со лагите за подобри договори со соседите е ризик на долгогодишно статус кво на Македонија.

Извор: Дојче веле

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ