Тимчо Муцунски ја започна постапката за задолжување на Општина Аеродром со долгорочна денарска обврзница од 5,4 милиони евра, истакна на денешната прес-конференција, Милутин Ристевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Аеродром.
„Во моментов познато е дека долгот ќе се враќа следните 10 години со камати. Не е позната висината на каматните стапки и нема никаква гаранција дека сметката на Општина Аеродром нема да биде блокирана како што беше сметката на Општина Карпош до пред само 5 години“, вели Ристески.
„Нејасно е и кој ќе ја купи обврзницата, дали на овој начин фирми кои на пример се бават со градежништво, можат да ја купат обврзницата? Дали на овој начин општината станува зависник од големи компании кои после ќе нарачуваат Детални урбанистички планови за нивни интереси?“, вели Ристевски.