• Latest

Мирно и достоинствено одбележан денот на раѓањето на Гоце Делчев

February 5, 2023

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мирно и достоинствено одбележан денот на раѓањето на Гоце Делчев

Идеалите на визионерот се аманет и патоказ за единство, разбирање и напредок

February 5, 2023 10:02
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Владино-државна делегација вчера присуствуваше на одбележувањето на 4-ти февруари – денот на раѓањето на великанот и инспиратор на македонското револуционерно дело и државноста, Гоце Делчев, во црквата Свети Спас во Скопје.

Владината делегација, предводена од премиерот, Димитар Ковачевски, составена и од првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, положи свежо цвеќе и оддаде почит на истакнатиот револуционер, Гоце Делчев, за неговиот водечки придонес во борбата за слобода и за македонската државност.
Идеалите на големиот визионер Гоце Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбрал светот како поле за културен напредок меѓу народите, се разбран аманет и патоказ за политиките на Владата на Република Северна Македонија, поставени на дијалогот и на почитувањето, како врвни културолошки и цивилизациски придобивки.
Пораките на Делчев за единство и сплотеност, кога станува збор за националните интереси и за државните стратешки цели се подеднакво актуелни и денес. И се света обврска за секого, додека ја градиме Република Северна Македонија во Едно општество за сите граѓани и ја интегрираме, по најголемиот безбедносен сојуз, НАТО, што е веќе реалност и како полноправна и рамноправна членка на Европската Унија, во семејството на европски народи и држави.
Настанот во чест на раѓањето на знаменосецот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев, започна со високи државни почести и со македонската химна во изведба на првенката на Операта на Македонскиот Народен Театар, Весна Гиновска-Илковска.
Потоа следуваше положувањето цвеќе и оддавањето почит кон големиот револуционер, Гоце Делчев, од претставници на државниот врв и од делегациите кои денеска присуствуваа на одбележувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев, меѓу кои претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски и пратеници од владејачкото мнозинство и од опозицијата во Парламентот, началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници од Генералштабот и други претставници од Министерството за одбрана. Меѓу делегациите кои положија цвеќе и оддадоа почит на великанот Гоце Делчев, беа и претставници од Сојузот на борци од НОАВМ, потпретседателите Наум Буревски, Елена Јованова Грујовска и Јоцко Димитриевски, претставници на политички партии во Република Северна Македонија.

Владината делегација присуствуваше и на богослужбата посветена на големиот револуционер, Гоце Делчев, со којашто чиночествуваше поглаварот на Македонската Православна Црвка – Охридска Архиепископија, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во сослужение на свештенството.

Чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев, на утринското официјално одбележување во црквата Свети Спас во Скопје помина во мирна и достоинствена атмосфера и во духот на пораките на великанот на македонското револуционерно дело, Гоце Делчев.

Цвеќе на гробот на Гоце Делчев положија и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со членови на раководството на партијата. Мицкоски до безбедносниот пункт во близина на „Св. Спас“ дојде заедно со поголема група членови на опозициската партија и на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.     

По заминувањето на делегациите полицијата почна да пропушта групи граѓани кон црквата „Св. Спас“ кои сакаат да оддадат почит на гробот на Гоце Делчев по повод 151-годишнината од неговото раѓање.     

Свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во Скопје положи и делегација од Бугарија предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, кој изрази очекување дека следната година цвеќе на гробот на великанот во црквата „Свети Спас“ ќе положат заеднички со неговиот македонски колега Оливер Спасовски.     

 Министерство за внатрешни работи соопшти дека тројца бугарски државјани биле приведени поради нарушување на јавниот ред и мир на граничниот премин „Деве Баир“, на кои Судот синоќа им изрече парична казна во износ од 300 евра и мерка протерување од земјава и забрана за влез во државата за период од три години. 

Tags: Гоце ДелчевСв. Спасчествување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ