• Latest

Здруженијата кои нема да ги усогласат имињата, се бришат од Регистарот

February 16, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Здруженијата кои нема да ги усогласат имињата, се бришат од Регистарот

February 16, 2023 15:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Организациите регистрирани согласно со одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат имињата и дејноста, се бришат од Регистарот, соопшти денеска Централен регистар.

„Во врска со усогласувањето на здруженијата согласно Законот за здруженија и фондации, Согласно измените од Законот за здруженија и фондации бр.239/2022, здруженијата се должни во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон да ги усогласат своето име и/или назив, скратено име, програма, цели и дејности, согласно со одредбите од Законот за здруженија и фондации. Рокот за усогласување истекува денес – 16.02.2023“, се вели во соопштението на Централен регистар.

Организациите регистрирани согласно со одредбите на Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ број 52/10, 135/11 и 55/16), кои нема да ги усогласат името и/или називот, скратеното име, програмата, целите и дејностите се бришат од Регистарот врз основа на донесена одлука за неусогласеност од страна на министерот за правда по претходно добиено негативно мислење од Комисијата. Одлуката за неусогласеност од страна на Министерството за правда се донесува во рок од четири месеци од денот на влегувањето во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации.

До Централен регистар на ден 10.02.2023 година е доставен Допис со наслов – Предмет: Барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските бугари ЦАР БОРИС III Охрид со Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации( Службен весник на Република Северна Македонија број 239/2022).

На Допис – барањето од подносителот, Централениот регистар до подносителот на Дописот, достави Известување за поднесување на пријава и прилози за соодветната промена согласно Законот за здруженија и фондации.

Во текот на утрешниот ден, Централниот регистар ќе достави список на здруженија кои понатаму треба да бидат предмет на анализа од страна на Министерството за правда. Дополнително, Централен регистар ќе достави информација до Министерството за правда дали Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари ЦАР БОРИС III Охрид постапило по Известувањето од Централен регистар, односно дали поднело пријава и прилози за соодветната промена согласно Законот за здруженија и фондации“, се додава во соопштението.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: здруженијаЦентрален регистар
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result