• Latest

Диктатот е за ученичките, а не за пратеничките клупи

August 18, 2023

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Диктатот е за ученичките, а не за пратеничките клупи

August 18, 2023 12:25
in ПИСМА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

АТАНАС КОСТОВСКИ

Отворено писмо до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани, ве има на број 44, без вас двотретинско мнозинство нема, нема зелено светло за уставните измени. Лично не ве познавам, чинам само со двајца сум разменил збор-два, со Антонио Милошоски пред деценија и пол, пред некогашниот паркинг на МНР, и со Никола Мицевски – на Зелено пазарче, и затоа редно е да ви се претставам.

Според книгата на родените, Атанасие Боривое Костич, според црковната евиденција Атанаско Костов, во личната карта, пак, Атанас Борисов Костовски. Со ова име учев, работев, ја „грицкам“ пензијата во Демократска, Федерална, Народна, Социјалистичка, Поранешна и Северна Македонија. СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА.

Мислам дека сме на добар пат да стигнеме таму каде што сме тргнале. Знам, веќе подготвивте 44 реплики. Се повикувате на гласот на народот, а дали го прашавте народот за вашето негласение на законот, каматите да не бидат поголеми од основниот долг и Законот за употреба на македонскиот јазик. Се однесувате како хонорарно да работите со извршителите или, пак, како да имате резервен јазик, односно татковина.

Се лутам малку и на колегите новинари кои за оваа ваша постапка требаше да ве стават на столбот на срамот. Јазикот е нашата татковина (Блаже Конески), благодарение на мајчиниот македонски јазик како белег на личниот идентитет ја ширевме неговата специфичност и во Софија, Тирана, Атина, Белград, Москва, Буенос Аирес, Монтреал… Јас не знам друга држава, а веројатно и вие, членка на Обединетите нации, во која официјален службен јазик е македонскиот јазик.

Жалам што колегите од нашите македонски дневни весници ја пропуштија шансата во деновите на дискусијата за францускиот предлог да имаат спектакуларна или импресивна насловна страница од јазичниот терен на Европската Унија со наслов Македонија – Бугарија 26:1.

Да, деновиве сите наши македонски очи и уши ќе бидат насочени кон нашето Собрание. Ќе ги повторувате зборовите на вашиот лидер: криминал, ќе апсиме, бугарски диктат, предвремени избори. Но, почитувани сограѓани, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, вие сте на потег. Во нашиот Устав и официјално може да биде напишано „дека македонскиот народ, заедно со албанскиот, српскиот, турскиот, бугарскиот …“ значи, црно на бело, секогаш ќе биде напишано дека постојат два народи – македонски и бугарски.

Не е тоа нечиј диктат, туку потреба на времето, ваш сопствен глас, за вашата и иднината на вашите деца и внуци. Иако знам дека добро знаете оти диктатот е за ученичките, а не за пратеничките клупи. Имате шанса со диктатот на својата совест, човечка и пратеничка, да го притиснете зеленото копче и на тој начин да станете вистинска демократска партија за македонска надеж и единство, инаку ќе останете засекогаш само диктаторска партија со мистериозно нотарско единство.


Текстот е личн став на Авторот. Преземено од Слободен печат
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ