• Latest

Хукстра: Не може да има неказнивост за кршење на правата и насилство врз новинарите од страна на Русија

October 23, 2024

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Хукстра: Не може да има неказнивост за кршење на правата и насилство врз новинарите од страна на Русија

October 23, 2024 11:58
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Русија малтретира, заплашува и врши насилство врз новинарите и медиумските работници, во обид да ги замолчи со цел да не дозволи светот да добие целосни и непристрасни информации за тоа што всушност се случува таму, порача еврокомесарот за климатска акција Вопке Хукстра во обраќање пред Европскиот парламент.

– Таа се обидува да спречи разоткривање на дезинформациите пласирани од руската држава за војната што ја води во Украина, нагласи Хукстра во говорот што го одржа во име на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел на парламентарната дебата посветена на заштита на европските новинари кои известуваат за руската агресија врз Украина

Според Хукстра, во Русија не постои никакво почитување на слободата на медиумите и не се почитуваат правилата за заштита на новинарите во конфликтните зони.

– Просторот за медиумите во земјата драматично се намали по почетокот на целосната руска инвазија врз Украина. Многу медиуми беа принудени да го прекинат своето работење, повеќето независни новинари ја напуштија земјата, а многумина се изложени на прогонувани. Оваа ужасна репресија врз независните медиуми, исто така пресликана на линијата на фронтот и на териториите на Украина привремено окупирани од Русија, рече Хукстра.

Тој посочи дека според организацијата „Репортери без граници“, од почетокот на руската инвазија врз Украина над 100 новинари биле „жртви на руските злосторства“, меѓу кои најмалку 35 ранети, и 12 приведени, а дополнително на украинските територии под руска контрола биле затворени 233 медиуми.

Според Хукстра, неодамнешната смрт на украинската новинарка Викторија Рошчина во руски затвор е уште еден пример за непочитувањето на слободата на медиумите и меѓународните обврски од страна на Русија.

– Таа е 13-тата убиена новинарка од почетокот на руската целосна инвазија врз Украина и тоа е апсолутно засрамувачки, истакна еврокомесарот.

Хукстра потсети дека руската Федерална служба за безбедност поведе кривични постапки против новинари кои известувале за украинската контраофанзива кај Курск, нагласувајќи дека досега „вакви крајно смешни обвиненија“ покренати против 14 странски новинари.

– Тоа е јасен обид да се заплашат новинарите и да се обесхрабрат да ги извршуваат своите професионални обврски. Тоа не можеме да го дозволиме, нагласи Хукстра.

Според него, ЕУ е јасна во својот став дека новинарите и медиумските работници играат незаменлива улога во обезбедувањето точно и навремено известување од воените зони, обезбедувајќи информациите за реалноста и влијанието на војната да допрат до глобалната публика.

– Новинарите се сметаат за цивили според меѓународното хуманитарно право и треба да бидат активно заштитени во сите конфликтни ситуации. Европската Унија ја осуди и ќе ја осуди секоја форма на вознемирување, заплашување и насилство од страна на Русија врз новинарите и медиумските работници, кои известуваат од воени зони и фронтови. За нив секогаш мора да се обезбеди сигурност и заштита. Не може да има неказнивост, повторувам, не може да има неказнивост за кршење на човековите права и насилство на новинарите, потенцира Хукстра.

Тој додаде дека пристапот на ЕУ кон Русија е јасно познат. – Ќе ја поддржуваме Украина онолку долго колку што е потребно, ќе ја изолираме Русија, ќе воведеме санкции за да ја попречиме руската воена машина и ќе се залагаме за човековите права и ќе се залагаме за медиумите и за нашите новинари, рече Хукстра.

Според него, ЕУ бара од Русија да престане со злоупотребата на нејзиниот криминален систем за заплашување на новинарите и другите граѓани со покренување политички мотивирани кривични постапки против нив.

– Накратко, Европската Унија ќе остане цврста во својата заложба за заштита на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, и дома и во странство, заклучи Хукстра во обраќањето пред европратениците во име на високиот претставник Борел, пренесе МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ