Веб страницата на Централната изборна комисија на Косово веќе 40 минути е во прекин. Во текот на прекинот, јавноста не можеше да дојде до ажурирани податоци за резултатите од гласањето на парламентарните избори во Косово.
По 40 минути, веб страницата на ЦИК се врати, но сѐ уште не се достапни податоците од резултатите од пребројувањето.
Претходно се појавија резултати кои беа демантирани како неточни.
Од ЦИК искочија со појаснување за настанатата ситуација.
“Ве известуваме дека ЦИК ги прибира податоците по пребројувањето на гласачките ливчиња од избирачките места. Техничките проблеми на платформата се очигледни. Податоците се собираат од терен, а потоа ЦИК ќе ги објави. Поради големиот интерес на граѓаните за пристап до платформата за резултати, предизвикано е преоптоварување во системот. Сите тимови на ЦИК работат на терен и ги испраќаат податоците кои се трудиме што побрзо да ги пренесеме. ЦИК им се заблагодарува на сите граѓани и на медиумите за разбирањето!
A.M.