• Latest

Во грчкиот парламент денеска ќе биде доставен предлог за гласање недоверба на владата

March 5, 2025
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во грчкиот парламент денеска ќе биде доставен предлог за гласање недоверба на владата

March 5, 2025 09:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На иницијатива на ПАСОК и со поддршка на уште три опозициски партии, во текот на денешниот ден се очекува до Парламентот да биде доставен предлог за гласање недоверба на грчката Влада, поради железничката несреќа кај Темпи пред две години, додека пак за вечерва закажани се нови протест во повеќе градови низ Грција, пренесе МИА.

Откако Националната управа за истрага на авионски и железнички несреќи и безбедност на транспортот во четвртокот го објави експертскиот извештај за несреќата, лидерот на ПАСОК Никос Андруалкис најави дека ќе достави барање за гласање недоверба на грчката Влада и ги повика „сите демократски опозициски партии да ја поддржат иницијативата“.

Со оглед на тоа што за доставување предлог за гласање недоверба на Владата потребни се потписи од една шестина од вкупниот број пратеници во Парламентот, односно најмалку 50 потписи, а ПАСОК има 32 пратенички места, во изминатите денови постоела комуникација со опозициските СИРИЗА, Нова левица и Курс на слободата за заедно да го потпишат барањето.

Од друга страна, на расправата за гласање недоверба на Владата не се очекува да биде изгласан предлогот на опозицијата, бидејќи потребен е минимум 151 глас од вкупно 300 пратеници, а пратеничката група на владејачката Нова демократија има мнозинство од 156 места.

Доцна синоќа со широко мнозинство и 277 гласа „за“, грчкиот Парламент даде зелено светло за формирање предистражна комисија за евентуална кривична одговорност на Христос Триандопулос, кој во периодот кога се случи железничката несреќа кај Темпи беше министер брз ресор.

Од опозициската ПАСОК минатиот месец доставија предлог до Парламентот за  предистражната комисија, бидејќи според нив постојат докази дека четири дена по железничката несреќа, било интервенирано на просторот каде што се случи несреќата и станува збор за нелегални интервенции за кои треба да се истражи евентуална кривична одговорност на тогашниот министер без ресор.

Непосредно пред вчерашното гласање, како што објави МИА, Триандопулос си поднесе оставка од актуелната функција заменик-министер за цивилна заштита и климатски промени на Грција.

Оставка вчера си поднесе и генералниот секретар во истото министерство Василис Папагеоргиу, кој се соочува со обвинение за евентуално интервенирање на местото на несреќата.

Барањето за формирање предистражна комисија за Триандопулос го поддржаа и пратениците од владејачката Нова демократија, а министерот без ресор Макис Воридис говорејќи за грчката телевизија ЕРТ утрово посочи дека „не постојат индикации дека Триандопулос е виновен“.

По масовните демонстрации во петокот на над 380 локации во земјата и странство, железничката несреќа кај Темпи од 2023 година, во која загинаа 57 лица и понатаму е главна тема во Грција, а за денеска, паралелно со доставувањето на барање за гласање недоверба на Владата се најавени нови протести во Солун, Атина и други грчки градови.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ