Обединетите синдикати на Србија „Слога“, заедно со Сојузот на независни синдикати на Србија, Обединетите гранкови синдикати – Независност, Здружението на слободни и независни синдикати и Конфедерацијата на слободни синдикати, учествуваа на заедничка средба одржана во саботата, на 22 март, на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград, на повик на студентите, пренесуваат српските медиуми.
Станува збор за петте најголеми синдикални штабови во Србија, чии челници за прв пат по долго време се појавија обединети, со цел заедничко дејствување за измените на Законот за работни односи и Законот за штрајкови.
Првиот состанок на работната група ќе се одржи на крајот на тековната недела во просториите на Правниот факултет на Универзитетот во Белград.
Во оваа прилика уште еднаш ја изразуваме нашата јасна поддршка на студентите во сите нивни барања“, порачаа од „Слога“.
Д. Т.